Присуство на Свечената седница на Европскиот суд за човекови права, Стразбур

На покана на Претседателот на Европскиот суд за човекови права г-дин Жан Пол Коста, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски, на 29 јануари 2010 година ќе присуствува на свечената седница на Европскиот суд за човекови права во Стразбур по повод отворањето на судиската година. На свечената седница ќе му претходи семинар на тема „Конвенцијата е ваша“.