Посета на делегација на Уставниот суд на Република Албанија

На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Албанија од 17-20 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Албанија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Владимир Кристо.