Официјална посета на делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија на Уставниот суд на Република Бугарија

На покана од Уставниот суд на Република Бугарија во периодот од 8 до 11 јуни 2021 година, делегација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, предводена од претседателот на Судот, г-ѓа Добрила Кацарска, ќе оствари официјална посета на Република Бугарија. Во составот на делегација се и тројца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија и секретарот на Судот.

Во рамките на посетата ќе се одржи Тркалезна маса на тема: „Предизвиците на модерниот конституционализам во услови на КОВИД-19“.

Делегацијата ќе биде примена на протоколарна средба со Претседателот на Република Бугарија, Г. Румен Радев.

Со оваа посета започнува третиот циклус на билатерални средби помеѓу двата уставни суда со цел размена на искуства и мислења од областа на уставната правда и продолжување на долгогодишната извонредна соработка на сите нивоа.