Известување за одржување јавна расправа

Уставниот суд на Република Северна Македонија на 25 ноември 2021 година со почеток од 10,00 часот, ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.52/2020, што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните врз основа на националното потекло кое ја подразбира и етничката припадност.