Известување за одржување јавна расправа

Уставниот суд на Република Северна Македонија на 20 мај 2021 година (четврток), со почеток во 10,00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.171/2020 што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на забрана на дискриминација врз основа на политичка припадност.