Известување за одржување на јавна расправа

Уставниот суд на Република Македонија на 03 мај 2018 година, со почеток во 10,00 часот (четврток) ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.116/2017 што се однесува на Барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, кои се однесуваат на повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, како и повреда на забраната на дискриминација по основ на политичка припадност.

Јавната расправа ќе се одржи во Уставниот суд на Република Македонија во салата за седници на Судот.