Известување за одржување на подготвителна седница

Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 28 април 2009 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр.226/2008, за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 45став 2, во делот: „и екстерно“ и ставовите 3, 4 и 5 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 52/2002-пречистен текст, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008 и 92/2008), и член 71 став 1 во
делот: „или екстерно“ и ставовите 3, 4 и 5 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.103/2008), а кои одредби се однесуваат на екстерното тестирање на учениците во основните и средните училишта.