Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија

Уставниот суд на Република Северна Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот на Република Северна Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 и 30 октомври 2019 година, го избра судијата САЛИ МУРАТИ за Претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, сметано од 1 ноември 2019 година.