Дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати присуствуваше на дебата на тема „Тековни состојби и предизвици во реформите во сферата на правната држава“ која се одржа на 13 ноември 2019 година во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“.

Дебатата беше одржана на заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на која се дискутираше за тековните реформи во сферата на функционирањето на правната држава, вклучувајќи ги судските реформи, борбата против корупцијата, а во согласност со дефинираните стратешки приоритети во рамките на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

На дебатата на која, покрај претседателот Пендаровски, министерот Мас и претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати, учествуваа и министерката за правда, Рената Дескоска, јавниот обвинител Љубомир Јовески, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска.