ЈАВЕН ОГЛАС број – 2/21 за вработување во Стручната служба на Уставниот суд

Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ –2/21
за вработување на неопределено време во Стручната служба на Уставниот суд на
Република Северна Македонија за следните работни места:

1. Советник на Судот за стручно-аналитичка работа – 2 (двајца) извршители.
Посебни услови: правен факултет; ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку пет години во струката; и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 52.000,00 денари.

2. Советник на Судот за информатички технологии – 1 (еден) извршител.
Посебни услови: Факултет за информатика или компјутерска техника и информатика; ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку пет години во струката; активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски). Паричен нето износ на плата: 52.000,00 денари.

3. Советник – портпарол на Судот, Советник на Судот за односи со јавност – 1 (еден) извршител.
Посебни услови: правен факултет/политички студии/студии по новинарство или односи со јавност; ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку пет години во струката; активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 52.000,00 денари.

4. Советник за стручно – аналитичка работа во Одделението за стручно- аналитички работи, меѓународно и компаративно право – 1 (еден) извршител.
Посебни услови: правен факултет; ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен; работно искуство од најмалку три години во струката; активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 34.000,00 денари.

5. Административен работник за сметководство во Одделението за финасиски прашања – 1 (еден) извршител.
Посебни услови: вишо, средно образование-економска насока или високо образование;
завршено вишо, средно образование-економска насока или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен); со или без работно искуство; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 24.500,00 денари.

6. Административен работник – технички секретар во Одделението-Кабинет на претседателот на Судот– 1 (еден) извршител.
Посебни услови: завршено вишо, средно или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен); со или без работно искуство; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 24.500,00 денари.

7. Административен работник – технички секретар во Одделението за општи и административно технички работи– 4 (четири) извршители.
Посебни услови: завршено вишо, средно или високо образование (ниво на стручни квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен); со или без работно искуство; активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење. Паричен нето износ на плата: 24.500,00 денари.

8. Технички работник – доставувач и економ во Одделението за општи и административно-технички работи – 1 (еден) извршител.
Посебни услови: завршено средно образование; со или без работно искуство.Паричен нето износ на плата: 20.000,00 денари.

9. Технички работник – хигиеничар во Одделението за општи и административно-технички работи – 2 (два) извршители.
Посебни услови: завршено основно или средно образование; со или без работно искуство. Паричен нето износ на плата: 20.000,00 денари.

● Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; активно да го користи македонскиот јазик; да е полнолетен;
да има општа здравствена способност за работното место; и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

● Распоред на работно време: Работни денови: понеделник-петок; Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 08:00 до 16:00 ч.

Општи информации за кандидатите: Кандидатите поднесуваат Пријава за вработување во Стручната служба на Уставниот суд која може да се преземе од интернет страницата на Судот, објавена во категоријата „работа“, односно поткатегоријата „објави“. Пополнетата пријава во целост и со точни податоци, заедно со доказите за исполнување на општите и посебните услови, кандидатите може да ги доставaт преку Писарницата на Судот или преку пошта со назнака „за Оглас бр.2/21“, на следната адреса: Уставен суд на Република Северна Македонија, ул. Кеј „Димитар Влахов“ бр.19, 1000, Скопје. Рок за пријавување на огласот е заклучно со 31 јули 2021 година. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави со несоодветни и нецелосни докази нема да се разгледуваат. Во зависност од работното место за коешто аплицира кандидатот ќе биде спроведено интервју и/или стручен испит. Стручниот испит претставува писмена проверка на стручноста, знаењата и вештините на кандидатот за извршување на работните обврски за работното место за коешто аплицирал. *Паричниот износ на нето платите е ориентационо даден и зависи од дожината на работниот стаж. Одлуката за избор на кандидатите ќе биде објавена на интернет страницата на Уставниот суд: www.ustavensud.mk.