98/1997-1-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 47 став 1 алинеја 5 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 9 септември 1998 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување уставноста на член 6 став 1 од Договорот за наплата на “ЦПД” друмска такса, административни такси и визи, склучен меѓу Министерството за финансии на Република Македонија и Авто Мото Сојузот на Македонија на 12 февруари 1996 година.

2. Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр.98/97 од 1 јули 1998 година, по повод поднесена иницијатива на Драги Бојаџиски од Струмица поведе постапка за оценување уставноста на оспорениот член од договорот, затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека на 23 јули 1998 година е склучен Анекс кон Договорот за наплата на ЦПД, друмска такса, административни такси и визи и дека оспорениот член 6 е избришан.

4. Согласно член 47 алинеја 5 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја запре постапката за оценување уставноста и законитоста на оспорените акти ако во текот на постапката престанат процесните претпоставки за нејзино натамошно водење.

Со оглед на тоа што оспорената одредба од член 6 став 1 од Договорот, во текот на постапката, престанал да важи, Судот оцени дека престанале процесните претпоставки за натамошно водење на постапката, одлучи како во точката 1 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.98/97)