351/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 2 и 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 декември 1995 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на
2.На Уставниот суд на Република Македонија, “Макопшед” АД – Скопје му поднесе иницијиатива за оценувањеуставноста на актите означени под а) и б) во точката 1 од ова решение, затоа што нивната примена во практиката доведувала до оштетување на пшедицијата и пшедитерите на стоката што ја минувала царинската линија, поради што биле несогласни со Уставот на Република Македонија.
3. Судот на седницата утврди дека со решение У.бр. 113/95 и 114/95 од 27 септември 1995 година, ја отфрлил иницијативата за оценување уставноста на Правилникот за единствениот царински документ.Согласно член 28 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија .Судот ќе ја отфрли иницијативата ако за истата работа веќе одлучувал, а нема основи за поинакво одлучување. Со оглед на тоа што Правилникот за единствениот царински документ во царинската постапка веќе бил предмет на оценка пред Судот, кој ја отфрлил иницијативата од причина што оценил дека не претставува правен акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, а нема основи за поинакво одлучување, оцени дека и во овој случај треба да се примени наведената одредба од Деловникот, па одлучи како во точката 1 под а) од ова решение.
4. Судот на седницата, исто така, утврди дека Правилникот за поднесување на исправи во царинската постапка престанал да важи на 21 декември 1993 година, кога стапил во сила Правилникот за исправите во царинската постапка (“Службен веснжк на Република Македонија” бр.76/93).Со оглед на тоа дека оспорениот правилник престанал да важи, дека истиот претставува упатство од техничка природа со кое се уредува начинот на пополнувањето на обрасците на царинските документи во истоимената постапка, а не правен акт во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија, Судот ја отфрли иницијативата за оценување на неговата уставност.Што се однесува до прашањето за примената на оспорените правилнжци во практиката, согласно член 110 од Уставот, тоа излегува надвор од доменот на надлежноста на овој Суд.
5. Имајќи го предвид изнесеното, Судот одлучи како во
точката 1 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.
У.бр.351/95 и 352/95
13 декември 1995 година
С к о п ј е