34/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 24 април 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на членот 171 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (“Слу`бен весник на РМ” бр.8/98, 11/98 и 12/00), по однос на неговата согласност со членот 32 став 3 од Уставот на Република Македонија и членот 72 од Законот за внатрешни работи.

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата во делот за согласноста на оспорената одредба означена во точката 1 од ова решение, со членот 9 став 2 од Уставот на Република Македонија, со членот 74 од Законот за работните односи, како и по однос на меѓусебната неусогласеност со членовите 70 и 72 од означениот Колективен договор во точката 1 и членовите 40 и 72 од Општиот колективен договор за јавните слу`би, јавните претпријатија, др`авните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност.

3. Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија-Независен синдикат на нестопанството на Македонија од Скопје на Уставниот суд му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставност и законитост на членот 171 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Во иницијативата се наведува дека оспорената одредба го ограничувала спроведувањето на членот 72 од означениот Колективен договор а по однос на вработените во Министерството за внатрешни работи кои обавуваат работи и работни задачи врз основа на членот 70 од истиот Колективен договор.

Во иницијативата се појаснува дека оспорената одредба се применувала само за овластените слу`бени лица при Министерството за внатрешни работи, но не и за останатите вработени. Со оглед да на сите вработени не им се исплаќаат утврдените додатоци на плата за работа подолга од полното работно време, за работа ноќе, за работа во денови на празник и за работа во смени, иницијаторот наведува дека се повредувале начелото на еднаквост и правото на соодветна заработувачка од членовите 9 и 32 став 3 од Уставот на Република Македонија.

Воедно се наведува дека оспорената одредба го ограничувала законски загарантираното право од членовите 74 од Законот за работните односи и 72 од Законот за внатрешни работи и не била во согласност со овие одредби. Исто така оспорената одредба не била во согласност и со членовите: 40 и 72 од Општиот колективен договор за јавните слу`би, јавните претпријатија, др`авните органи, органите на локалната самоуправа и другите правни лица кои вршат нестопанска дејност и членовите: 70 и 72 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.

Од наведените причини иницијаторот предлага поништување на оспорената одредба.

4. Судот на седницата утврди дека според член 70 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.8/98, 11/98 и 12/00), “поради видот, природата и сло`еноста на работите што се извршуваат од работниците со посебни дол`ности и овластувања како и поради те`ината на работите и посебните услови под кои тие се извршуваат износот на средствата наменети за плата за извршување на тие работи и задачи се зголемува до 30%.

Според член 72 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи “на работникот утврдената плата му се зголемува: за работа подолга од полното работно време 40%, за работа ноќе и викенд денови 40%, за работа во денови на празник 50%, за работа во смени 5%. За извршените работи и поминато време на работа според ставот 1 на овој член, работоводителот на соодветната организациона единица води соодветна евиденција. Наместо зголемувањето на платата од став 1 на овој член, со согласност на работникот мо`е да се определи истиот да користи слободни денови”.

Според оспорениот член 171 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи (“Слу`бен весник на РМ” бр.8/98, 11/98 и 12/00),”Одредбите од членот 72 од овој договор за работниците од членот 70 ќе се спроведуваат по обезбедувањето на дополнителни средства во Буџетот на Република Македонија”.

5. Согласно член 9 став 2 од Уставот на Република Македонија, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Согласно член 32 став 3 од Уставот секој вработен има право на соодветна заработувачка.

Според член 74 од Законот за работни односи (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.80/93) “на работникот му припаѓа зголемена плата за работа во деновите на празници во кои не се работи, за ноќна работа и за работа подолга од 40 часа во работната недела, во висина утврдена со колективен договор.

Според член 72 од Законот за внатрешни работи (“Слу`бен весник на РМ” бр.19/95 и 55/97), поради видот, природата и сло`еноста на работите и задачите што се извршуваат од работниците со посебни дол`ности и овлатувања, како и поради те`ината на работите и посебните услови под кои тие се извршуваат, износот на средствата наменети за плата за извршување на тие работи и задачи се зголемува до 30%.

Во член 40 од Општиот колективен договор за јавните слу`би, јавните претпријатија, др`авните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност (“Слу`бен весник на РМ” бр.39/94) определено е дека најниската плата за одделни степени на сло`еност по час се зголемува за: работа подолга од полното работно време 35%, работа ноќе 35% и работа во турнус 5%. За работа во денови на празници утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не се работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%. Посебните облици работа, подолга од полното работно време се утврдуваат со колективен договор на ниво на гранка. Додатоците меѓусебно не се исклучуваат.

Во член 72 од Општиот колективен договор за нестопанската дејност, определено е дека Одлуката за престанок на работниот однос на работникот работодавецот е дол`ен да ја донесе за еден месец од денот на дознавањето на повредата на работната дисциплина, работниот ред, неисполнување на обврските и поради неспособност на извршувањето на работните задачи и за сторителот, односно во рок од 3 месеца од денот кога е сторена повредата.

Оваа одредба иако се оспорува во иницијативата по својата содр`ина не уредува прашање од областа на зголеманата плата на вработените, туку го уредува прашањето за роковите во кои работодавецот е дол`ен да ја донесе одлуката за престанок на работниот однос на работникот, од кои причини Судот не се впушти во оценка на нејзината уставност и законитост.

Во конкретниот случај со членовите 70 и 72 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи определено е дека заради посебни дол`ности и овластувања, те`ината на работите и посебните услови, работа подолга од полното работно време, работа ноќе и викенд денови, работа во денови на празник и работа во смени, работниците остваруваат соодветен процент на зголемена плата.

Со оспорениот член 171 од Колективниот договор на работодавецот, кој спаѓа во преодните и завршни одредби, се упатува дека вака утврдените права на работниците ќе се остваруваат по обезбедување на дополнителни средства во Буџетот на Република Македонија.

Оваа определба на работодавецот, не претставвуа ограничување или одземање на уставно загаранираното право на секој вработен да има соодветна заработувачка од член 32 став 3 од Уставот. Ова од причини што по обезбедувањето на средствата во Буџетот на Република Македонија, ќе мо`е да се пристапи кон исплата на зголемена плата на секој од вработените а според соодветната заработувачка.

Од истите причини Судот оцени дека нема ни ограничување или одземање на законски загарантираното право од членот 72 од Законот за внатрешни работи.

Оспорената одредба беше предмет на оценка по однос согласноста со членот 9 став 2 од Уставот на Република Македонија и член 74 од Законот за работни односи и Судот со решение У.бр.4/98 од 8.04.1998 година одлучи да не поведе постапка за оценување уставност и законитост.

При повторната оценка на оспорената одредба од аспект на нејзина несогласност со членот 32 став 3 од Уставот и членот 72 од Законот за внатрешни работи, Судот оцени дека нема основи за поинакво одлучување, од изло`ените причини.

Врз основа на изложеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Согласно член 110 алинеја 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Во точката 2 од решението У.бр.4/98 од 8.04.1998 година, Уставниот суд, ја отфрли иницијативата во делот за меѓусебната несогласност на оспорениот член со членот 40 од Општиот колективен договор за нестопанската дејност.

Што се однесува до делот на иницијативата за меѓусебна несогласност на оспорениот член 171 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи со членовите 70 и 72 од истиот Колективен договор, како и со членот 72 од Општиот колективен договор за јавните слу`би, јавните претпријатија, др`авните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност, исто така цениме дека Уставниот суд, согласно член 110 од Уставот, не е надле`ен да одлучува за меѓусебна несогласност на колективните договори. Врз основа на истата одредба од Уставот, Уставниот суд оцени дека не е надле`ен и по однос на примената на оспорената одредба само за дел од вработените во Министерството за внатрешни работи.

7. Врз основа на изложеното, Судот одлучи како во точката 2 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.34/2002
24 април 2002 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов