32/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 6 ноември 2002 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на надоместокот за трошоците за уредување на граде`но земјиште, донесен од Советот на општина Долна Бањица на 10 јануари 2002 година.

2. Акционерското друштво “Пелагонија” од Гостивар, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение. Според наводите во иницијативата оспорената одлука не била во согласност со член 45 од Законот за граде`ното земјиште и со Правилникот за степенот на уреденоста на граде`ното земјиште и начинот на пресметување на трошоците за уредување на граде`ното земјиште според степенот на уреденост, затоа што со неа тенденциозно и противзаконито е утврден и зголемен надоместокот на трошоците за уредување на граде`ното земјиште.

3. Судот на седницата утврди дека Советот на Општина Долна Бањица на 11 април 1997 година донесол Одлука за утврдување на надоместокот за утврдување на надоместокот на трошоците за уредување на граде`ното земјиште.

Во член 2 од Одлуката предвидено е дека наплатата на надоместокот за уредување на граде`ното земјиште се плаќа во фиксен износ во противвредност на ДЕМ а по 1 м2 станбен, деловен и друг простор пресметан во денари, а по средниот званичен курс на Народната банка на Република Македонија на денот на уплатата и тоа:
– за станбен простор по 7-ДЕМ во противвредност на денари за 1 м2.
– за деловен простор по 10-ДЕМ, а во противвредност на денарот.
– за помошни простории за станбените и деловните објекти како што се летни кујни, гара`и, племњи и друго ќе се наплатува 50% од станбениот износ.

Во член 3 од одлуката е предвидено дека надоместокот за уредување на граде`но земјиште се приходи на општината и истите ќе слу`ат за надоместување на трошоците за уредување на граде`но земјиште и за други цели.

Оваа одлука стапува во сила осмиот (8-от) ден од денот на објавувањето, односно од денот на донесувањето објавувањето во “Слу`бен гласник на општина Долна Бањица”.

На 10 јануари 2002 година Советот на општина Долна Бањица врз основа на член 46 од Законот за граде`ното земјиште и член 29 од Законот за локалната самоуправа ја донесол оспорената одлука.

Во член 1 од оспорената одлука е утврдено дека во Одлуката бр.07-26 од 11 април 1997 година за утврдување на надоместокот на трошоците за уредување на граде`ното земјиште се вршат следните измени и дополненија.

“Текстот од член 2 се дополнува и гласи:

– за станбен простор во центар на општината (до зградата на општината со граници – десно (југ) со локален пат лево (север) со ресторант”Албис”) по 60 ДМ во денарска противвредност.

– за станбен простор на место викано “Копач” по 60 ДМ во денарска противвредност.

Во преостанатиот дел одлуката останува непроменета.

Оваа одлука влегува во сила 8-иот ден од денот на објавувањето во “Слу`бен гласник на општина Долна Бањица”.

4. Според член 43 став 1 од Законот за граде`но земјиште (“Слу`бен весник на РМ” бр.53/2001) градењето на објектите се врши на уредено граде`но земјиште.

Уредувањето на граде`ното земјиште според став 5 и 6 на овој член се врши врз основа на програма што ја донесува советот на општината.

Во член 45 од Законот е утврдено што содр`и програмата за уредување на граде`ното земјиште.

Во став 2 на овој член е предвидено дека начинот на пресметување на трошоците за уредување на граде`ното земјиште според степенот на уреденоста поблиску го пропишува министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски.

Во член 46 став 1 од Законот, е предвидено дека за целосно уредено граде`но земјиште инвеститорот плаќа надоместок до висината на реалните трошоци за уредување-целосен надоместок.

Според став 2 на овој член во случај кога граде`ното земјиште делумно ќе се уредува или воопшто не ќе се уредува инвеститорот на објектот плаќа надоместок до висината на трошоците за делумното уредување на земјиштето, делумен надоместок или воопшто не плаќа надоместок.

Според став 4 на член 46 од законот, висината на надоместокот од став 1 и 2 на овој член ја утврдува советот на општината, согласно со прописите од член 45 став 2 на овој закон.

Во член 4 став 1 од Правилникот за степенот на уреденоста на граде`ното земјиште и начинот на пресметување на трошоците за уредување на граде`ното земјиште според степенот на уреденоста кој е донесен согласно член 42 и 45 од Законот за граде`ното земјиште е предвидено дека степенувањето на уреденоста на граде`ното земјиште до границите на граде`ната парцела се врши според изграденоста на објекти на комунална инфраструктура (изградба но непречен пристап до граде`ната парцела од јавен пат, изградба на електрична мре`а, израдба на водоводна мре`а, изградба на фекална канализација, изградба на ПТТ мре`а и друго) и секој вид од објекти претставува еден степен на уреденоста на граде`ното земјиште.

Во член 5 од Правилникот е предвидено дека трошоците за уредување на граде`ното земјиште се утврдуваат согласно реалните трошоци направени за соодветните степени на уреденост на граде`ното земјиште со објекти од член 4 на овој Правилник.

Во член 6, пак, од Правилникот е предвидено дека во услови кога не се реализирани објектите на комуналната инфраструктура, согласно степенот на планираната уредност трошоците за уредување на граде`но земјиште се пресметуваат врз основа на новата корисна површина што ќе се гради, која е збир на нето површина на подовите на сите простории во објектот согласно заверената проектна документација помножена со коефициент и тоа за станбени објекти во зависност од видот на објектот (1, 0, 01, 02), за деловни објекти (1, 0; 0,4 и 01) и други објекти (0,2 и 0,5).

Имајќи го предвид наведеното произлегува дека советот на општината е овластен согласно Законот за граде`ното земјиште и Правилникот за степенот на уреденост на граде`ното земјиште да ја утврди висината на трошоците за уредување на граде`ното земјиште што треба да ги плаќа инвеститорот во зависност од степенот на уреденост на граде`ното земјиште.

При тоа дали во конкретниов слуачај со оспорената одлука со која според подносителот на иницијативата утврдената висина на трошоците за уредување на граде`но земјиште е превисока односно не е применет Законот и Правилникот односно не се применети предвидените коефициенти е фактичко прашање за што Уставниот суд на Република Македонија не е надле`ен да одлучува.

5. Со оглед на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.32/2002
6 ноември 2002 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов