30/1994-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 13 јули 1994 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за оценување уставноста на членовите 4, 9, 12, 15, 16 и 26 од Законот за градежно земјиште (“Службен весник на СРМ” бр.10/79, 18/89 и 21/91).

2. На Уставниот суд на Република Македонија, Славко Колевски од Охрид, му поднесе иницијатива за оценување уставноста на Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што неговата примена во практиката ги попречувала сопствениците на земјиштето на користењето на правото на сопственоста на истото, што не било во согласност со Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека со иницијативата се бара оценка на примената на оспорените одредби од Законот за што, согласно член 110 од Уставот не е надлежен да одлучува.

4. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 на ова решение.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.