Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 27 ноември 2002 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 170 и член 171 од Законот за води (“Службен весник на РМ” бр.4/98 и 19/2000).
2. Панче Докузов од Штип, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на одредбите од законот означен во точката 1 од ова решение. Во иницијативата се наведува дека оспорените членови од Законот за води се спротивни на темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија: владеењето на правото, правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото, акцептирани во член 8 став 1 алинеи 3, 6 и 7 од Уставот. Факт е дека овие одредби од законот, главно, се од когентна и извршна природа, а многу помалку од договорна природа. Имено водостопанските претпријатија кои досега егзистираа како акционерски друштва и друштва со ограничена одговорност, најчесто во склоп на големите ЗИК-вци, се ставени пред свршен чин, во подредена и незавидна положба. Вработените кои се доминантни сопственици (акционери) во овие претпријатија со нормите на споменатите член 170 и член 171 принудени се сиот капитал и инфраструктурни објекти “преку ноќ” да ги предадат на државата. Впрочем, до сите водостопански претпријатија е испратена наредба да постапат во согласност со законските одредби, кое нешто наидува на голем револт и незадоволство кај водостопанските организации. Парадоксот да биде поголем со Одлуката за основање на јавно водостопанско претпријатие не е предвидено уредување на прашањата поврзани со делбениот биланс, правата и обврските кои произлегуваат од заедничкото работење и прашањата кои се однесуваат на бројот и статусот на вработените. Со цитираните членови од Законот, де факто и де јуре се врши присилно одземање и ограничување на сопственоста на водостопанските организации, што заличува на национализација. Со оспорените одредби од законот се создава обврска пост фактум, водостопанските организации со денот на влегувањето во сила на овој Закон, да го предадат својот имот и капитал на државата. Ретроактивното дејство на законите, според Уставот, е возможно само кога е тоа поповолно за гра?аните. Со повратното дејство на законот, сепак, најмногу губат акционерите, кои со години одвојувале од својата плата за изградба на инфраструктурните објекти, а, сега, законодавецот ги принудува со присилен пропис да ги предадат сиот имот и објекти на државата. Иницијаторот бара Судот да донесе времена мерка за стопирање на сите активности на Владата (поединеени акти) со кои се пренесува сопственоста на водостопанските организации на државата, до конееното изјаснување на Уставниот суд.
3. Судот на седницата утврди дека според член 170 од Законот за води, со денот на влегувањето во сила на овој закон, постојните водостопански претпријатија, други правни лица и деловите од претпријатијата што вршат водостопанска дејност не можат да вршат вработување на нови работници, отуѓување на основни средства, на средства од Републиката и од општинските самоуправни интересни заедници за водостопанство и друг имот и да се задолжуваат со кредитни и обврски по други основи.
Според членот 171 на овој закон, недвижниот и подвижниот имот со кој располагаат правните лица од елен 170 на овој закон, со денот на влегувањето во сила на овој закон станува државна сопственост. Владата на Република Македонија при основање на јавно водостопанско претпријатие за стопанисување со водите од елен 136 на овој закон, со актот за основање може да определи одделни делови од постојните водостопански претпријатија, други правни лица и деловите од претпријатијата што ја вршат водостопанската дејност, кои не се во функција со дејноста на стопанисувањет со водите, а кои не се во склоп и не ја нарушуваат целината на објектот (системот) да можат да се издвојат и конституираат во посебни правни субјекти и да се трансформираат согласно со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал. Со актот за издвојување односно основање на јавно водостопанско претпријатие од став 2 на овој член, се уредуваат и прашањата поврзани со делбениот биланс, правата и обврските кои произлегуваат од заедничкото работење и прашањата кои се однесуваат на бројот и статусот на вработените.
4. Согласно член 8 став 1 алинеи 3, 6 и 7 од Уставот, темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се владеењето на правото, правната заштита на сопственоста и слободата на пазарот и претприемништвото.
Со членот 30 став 1, 2 и 3 од Уставот, се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата. Никому не можат да му бидат одземени или ограниеени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.
Според членот 55 од Уставот, се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото.
Согласно член 56 став 1 од Уставот, сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита. Според ставот 3 од овој елен, со закон се уредуваат начинот и условите под кои определени добра од општ интерес за Републиката можат да се отстапат на користење.
Со Законот за водите се уредуваат условите и начинот на употреба и користење на водите, заштитата од штетни дејства на водите, заштита на водите од исцрпување и загадување, управување со водите, изворите и начинот на финансирање на водостопанските дејности, услови и начини на вршење на водостопанската дејност, давање на водата на користење со одобрение (концесија), меѓудржавните води и други прашања од значење за обезбедување на единствен режим на водите во Република Македонија.
Според членот 2 од овој закон, водите, водотеците и езерата како добра од општ интерес на Република Македонија уживаат посебна заштита утврдена со овој закон и се во државна сопственост.
Членот 17 од овој закон определува дека водостопанска дејност од јавен интерес во смисла на овој закон е: изградба, одржување и користење на водостопнаски објекти и постројки што се однесуваат на обезбедување на вода за водоснабдување, наводнување и одводнување на земјиште; определување на заштитни зони; заштита од штетното дејство на водите; заштита на коритата и бреговите на водотеците и езерата; одбрана од поплави; заштита од ерозија и уредување на порои; вадење на песок, чакал и камен заради заштита и подобрување на режимот на водите; обезбедување на резерви на вода со кои се обезбедува единствен режим на водите во слив или дел од слив и изработка на проектна документација и студии во врска со подобрувањето на режимот на водите.
Согласно член 136 на овој закон, за вршење на работите од член 17 на овој закон Владата на Република Македонија основа јавно водостопанско претпријатие.
Членот 172 на овој закон уредува дека постојните водостопански претпријатија, другите правни лица и деловите од претпријатијата што вршат водостопанска дејност продолжуваат со работа до основањето на јавното водостопанско претпријатие.
Од изнесеното произлегува дека водите, водотеците и езерата како добра од општ интерес на Републиката уживаат посебна заштита утврдена со закон и се во државна сопственост.
За вршење на водостопанската дејност од јавен интерес, Владата на Република Македонија со Одлука бр.23-978/3 од 4 мај 1998 година, основала Јавно водостопанско претпријатие “Водостопанство на Македонија”. Со основањето на ова јавно водостопанско претпријатие, согласно законот, постојните водостопански претпријатија, другите правни лица и деловите од претпријатијата што вршат водостопанска дејност престануваат со работа. Средствата од водостопанските претпријатија како и средствата од деловите од претпријатијата што вршат водостопанска дејност стануваат средства за основање на Јавното водостопанско претпријатие.
Во врска со режимот на водите, Судот укажува и на некои одредби од поранешниот Закон за води. Така, според еленот 11 на овој закон, водите се добро од општ интерес и се под посебна општествена заштита. Користењето на водите од водотеците, природните езера, акумулациите, природните извори, подземните води, водите од јавните бунари и јавните чешми, заштитата и одбраната од штетните дејства на водите и заштитата на водите од загадување се врши под услови и на начин пропишан со овој закон. Согласно член 12 на овој закон, со природните водотеци, природните езера, природните извори и подземните води како добра од општ интерес, управува Републиката доколку не се дадени на управување на водостопанска или на друга организација на здружен труд.
Според Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште, трансформација не се врши на претпријатија и други правни лица кои стопанисуваат со водите односно не се врши трансформација на водостопански објекти и постројки.
Врз основа на изнесените уставни и законски одредби произлегува дека водите, водотеците и езерата како добра од опѓт интерес на Републиката уюиваат посебна заѓтита утврдена со закон и се во дрюавна сопственост. Со основањето на Јавното водостопанско претпријатие постојните водостопански претпријатија, другите правни лица и деловите од претпријатијата ѓто врѓат водостопанска дејност престануваат со работа, а нивните средства стануваат средства за основање на Јавното водостопанско претпријатие. Бидејќи јавните претпријатија основани од Република Македонија се во сопственост на Република Македонија, произлегува дека и средствата на Јавното водостопанско претпријатие се во сопственост на Републиката.
Оттука, Судот оцени дека логично е недвижниот и подвижниот имот на постојните претпријатија, други правни лица и деловите од претпријатијата што вршат водостопанска дејност, треба да стане државна сопственост. Истовремено, ако се има предвид дека овие субјекти со основањето на Јавното водостопанско претпријатие престануваат со работа, нормална е преодната одредба од Законот со која е уредено дека тие додека егзистираат не можат да вршат вработување на нови работници, да оту?уваат основни средства и друг имот и да се задолжуваат со кредити и обврски по други основи. Поради тоа Судот смета дека не може да се постави прашањето за согласноста на елен 170 и член 171 од Законот за води со Уставот и одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Во врска со барањето на иницијаторот Судот до конечното одлучување да донесе решение за запирање на поединечните акти и дејствија што се донесуваат односно преземаат врз основа на оспорените членови од Законот, Судот со оглед на тоа што не поведе постапка за оценување уставноста на член 170 и член 171 од Законот за води со Уставот, оцени дека не се исполнети условите од член 27 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.25/2002
27 ноември 2002 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов