25/1992-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 20 од Законот за основите на постапката пред Уставниот суд на македонија и за правното дејство на неговите одлуки, на седницата одржана на 8 јули 1992 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на член 44 став 1 од Правилникот за критериумите, мерилата и постапката за решавање на станбените прашања на работниците во ООЗТ “Алатници”, во состав на Работната организација “Раде Кончар – Апаратна техника” во Скопје, донесен со референдум на 26 мај 1987 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбата од правилникот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со неа било предвидено приоритет за добивање стан да има работник кој добил пома. број бодови и на ранг листата бил на пониско место, што не било во согласност со Уставот и закон.
3. На седницата Судот утврди дека оспорениот правилник престанал да важи на 15 октомври 1991 година со донесување на правилници за решавање на станбените прашања на друштвото со ограничена одговорност “Раде Кончар-Апаратна техника” во Скопје.
4. Со оглед на тоа што Правилникот престанал да важи, а Судот не наоѓа причини за оценување на неговата уставност и законитост за време на неговото важење, одлучи како во точката 1 од ова решение.