229/2000-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 6 јуни 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на член 107 во делот што гласи
2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста и законитоста на член 107 во делот што гласи: “и две години потоа” и на член 112 од Келективниот договор означен во точката 1 на ова решение.
3. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на одредбите од Колективниот договор означени во точката 1 и 2 од ова решение. Според наводите во иницијативата оспорениот дел од член 107 од означениот колективен договор “и две години потоа” не бил во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, темелната вредност на уставниот поредок на Република Македонија за владеење на правото, со членот 51 од Уставот на Република Македонија и со членот 83 став 2 од Законот за работните односи, според кој посебната заштита на претставникот на синдикатот траела за време на неговиот мандат, а не повеќе од тоа, односно “и две години потоа”.
Оспорените одредби на член 111 и 112 од истиот колективен договор не биле во согласност со член 38 од Уставот, со член 1 став 2 од Законот за штрајк и со членот 79 од Законот за работните односи затоа што, правото на штрајк можело да се остварува само под условите утврдени со Законот за штрајк или друг закон, а не според колективен договор и Правилата за штрајк на Сојузот на синдикатите на Македонија.
Од истите причини подносителот на иницијативата смета дека со колективен договор на можело да се пропишува и право на надомест за време на штрајк, туку тоа право можело да се уреди со закон.
4. Судот на седницата утврди дека во членот 107 од Колективниот договор е предвидено дека посебната заштита на претставникот на Синдикатот од членот 103 став 3 (се мисли на списокот на синдикалните претставници изготвен од Синдикатот и доставен до Министерот односно соодветната организациона единица во седиштето на Министерството) на овој договор трае за време на неговиот мандат и две години потоа.
Според член 111 од Колективниот договор, правото на штрајк вработените во Министерството го остваруваат во согласност со закон и Правилата за штрајк на Сојузнот на синдикатите на Македонија, а според член 112 за време на штрајк работниците имаат право на надомест од 70% од најниската плата утврдена со овој колективен договор.
5. Во член 8 од Уставот на Република Македонија како темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија е и владеењето на правото.
Според член 32 став 5 од Уставот, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и колективен договор.
Според член 38 од Уставот се гарантира правото на штрајк, а со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата.
Во член 51 од Уставот е предвидено дека во Република Македонија законите мораат да бидат во согланост со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон.
Од Уставот, конкретно од членот 38 произлегува дека Уставот не ги утврдува условите за остварување правотото на штрајк, ниту упатува тие да се уредат со закон, освен што предвидува дека со закон можат да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата. Ме?утоа, според мислењето на Судот, и покрај отсуството на уставното овластување, условите за штрајк треба да бидат утврдени со закон.
Според член 1 став 2 од Законот за штрајк (“Службен лист на СФРЈ” бр.23/91), кој согласно Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, се применува како републички пропис, правото на штрајк се остварува под условите утврдени со овој закон.
Во член 79 од Законот за работните односи е предвидено дека заради остварување на своите економски и социјални права од работниот однос, работниците имаат право на штрајк, во согласност со закон, а според членот 83 став 2 во поглед на кој, исто така, се оспорува законитоста на оспорените одредби од Колективниот договор, посебната заштита на претставникот на синдикатот трае за време на неговиот мандат. Оттука произлегува и спорното прашање, дали со колективен договор може да се утврди посебната заштита на претставникот на синдикатот да трае подолго отколку неговиот мандат.
Тргнувај?и од наведените уставни и законски одредби, според мислењето на Судот, законитоста на делот од одредбата на член 107 од Колективниот договор “и две години потоа” треба да се оценува и во контекст на правата што произлегуваат од ставот 5 на член 32 од Уставот. Имено, според оваа уставна одредба нормативното уредување за остварувањето на правата од работен однос се уредува со закон што е функција на законодавната власт и со колективен договор – договорна, а не државна функција.
При тоа, Уставот не ја определува содржината на обемот на правата туку тие се уредуваат со закон и колективен договор што значи дека со колективните договори се доуредуваат во согланост со закон одделни права, обврски и одговорности, како и обемот и начинот на остварувањето на правата и други прашања за работниците и работодавецот и со нив не може да се утврдуваат помали права и понеповолни услови за работа од оние што се утврдени со закон. Според тоа, независно од тоа што со членот 83 став 2 од Законот за работните односи е утврдено дека посебната заштита на претставникот на синдикатот трае само за време на неговиот мандат, според мислењето на Судот, не може да се постави прашањето за уставноста и законитоста на оспорениот дел на член 107 од Колективниот договор со кој се обезбедува посебна заштита на претставникот на Синдикатот две години по престанокот на манд атот затоа што, во случајов се работи за поголема заштита на претставниците на синдикалните организации што е во функција за обезбедување поповолни услови за нивното дејствување на планот на заштитата на правото на работниците.
Оспорената одредба од чле н 111 од Колективниот договор упатува дека правото на штрајк вработените во Министерството за внатрешни работи го остваруваат во согласност со закон и Правилата за штрајк на Сојузот на синдикатите на Македонија. Меѓутоа, тргнувајќи од наведените уставни и законски одредби дека правото на штрајк како право од работен однос се уредува само со закон и колективен договор, како и дека ограни чувањето на условите за остварување на условите за правото на штрајк единствено се уредуваат со закон, може да се постави прашањето за согласноста со наведените уставни и законски одредби на оспорениот дел на оваа одредба од Колективниот договор.
Со оглед на тоа што Уставот предвидува дека само условите за остварување на правото на штрајк можат да се ограничат со закон, а остварувањето на правата на вработените, покрај со закон се уредуваат и со колективен договор, а не е спорно дека надоместокот за време на штрајк е право од работен однос, ова прашање може да се уреди и со колективен договор, поради што Судот оцени дека не може да се постави прашањето за уставноста и законитоста на одредбата од член 112 од Колективниот договор.
Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.
6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловс ки, д-р Милан Недков. д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.229/2000
6 јуни 2001год.
С к о п ј е
сд/.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов