222/1999-0-0

Вовед

Судија

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на член 26 став 3 од Колективниот договор на Министерството за внатршени работи (” Службен весник на РМ” бр. 8/98).

2. Борис Гудев од Струмица, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување на законитоста на одредбата од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи означена во точката 1 од ова решение, од причиништо истата предвидувала можност, работник да се распореди на работни место со еден степен повисока стручна подготовка од стручнчата подготовка што ја поседува работникот, што не било во согласност со член 27 став 2 од Законот за работните односи (” Службен весник на Република Македонија” бр. 80/93, 14/95, 53/97 и 21/98).

Имено, според подносителот на иницијативата, иако осигурената одредба можела да се применува само по исклучок, а доколку се оцени дека работникот се стекнал со потребната работна споспобност за извршување на работните задачи, сепак истата не била во согласност со цитираната законска одредба, според која, работник може да биде распореден на секое работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка.

3. На седницата Судот утврди дека согласно оспорената одредба, работник мо-е да се распореди на работно место со еден степен повисока стручна подготовка од стручната подготовка што ја поседува работникот, доколку за истиот се оцени дека, се стекнал со потребна работна способност за извршување на утврдените работни задачи. Притоа оспорената одредба може да се применува како исклучок од ставот 2 на истиот член, а во случаите на точка 1 алинеја 1 и точка 4 од истиот став, односно поради поефикасно извршување на функцијата на Министерството, а особено ако со знаењето и стекнатата работна способност ќе се остваруваат подобри резултати во работата на друго работно место, и ако работнотоместо на кое се распоредува е слободно или упразнето и ако условите за работа сесоодветни на претходното работно место.

4.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 одова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од ….

Претседател на Уставниот
суд на Република Македонија
Д-р Милан Недков