214/2008-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членовите 28 алинеја 1 и 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992) на седницата одржана на 24 декември 2008 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛААТ иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста и законистоста на
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови во Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Блаже Конески“ Велес бр. 07-4431/17 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Благој Кирков“ Велес бр. 07-4431/18 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес бр. 07-4431/19 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес бр. 07-4431/20 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор на Општинското основно музичко училиште „Киро Димов“ Велес бр. 07-4431/22 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Велес бр. 07-4431/23 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор во Општинското средно училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес бр. 07-4431/24 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор на Општинското средно училиште „Јовче Тесликов“ Велес бр. 07-4431/25 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор на Општинското средно училиште „Коле Неделковски“ Велес бр. 07-4431/26 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Училишниот одбор на Општинското средно училиште „Димитрија Чуповски“ Велес бр. 07-4431/27 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Управниот одбор во Општинската јавната установа за деца – Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес бр. 07-4431/28 од 16 септември 2008 година;
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови во Управниот одбор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес бр. 07-4431/29 од 16 септември 2008 година, и
– Решението за разрешување и именување претставници на Општина Велес – членови на Управниот одбор на Локалната установа Народен музеј во Велес бр. 07-4431/30 од 16 септември 2008 година, сите донесени од Советот на општина Велес.

2. Аце Коцевски градоначалник на општина Велес, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе тринаесет иницијативи за поведување постапка за оценување на уставноста и законистоста на актите означени во точката 1 од ова решение.

Според подносителот на иницијативата, донесувањето на овие решенија не било во согласност со законските прописи и дека при нивното донесување биле повредени правата на членовите кои биле разрешени пред истекот на мандатот.

Имено, согласно овластувањата за вршење контрола на законитоста на прописите пред нивното објавување од член 51 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник весник на Република Македонија“ бр. 5/2002), Градоначалникот донел решенија за запирање од објавување на решенија за разрешување и именување на претставници на Општина Велес – членови на училишниот одбор на општинското Основно училиште „Блаже Конески“ Велес, членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Васил Главинов“ Велес, членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Благој Кирков“ Велес, членови на училишниот одбор на Општинското основно музичко училиште „Киро Димов“ Велес, членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес, членови на Управниот одбор на Локалната установа Народен Музеј Велес, членови на училишниот одбор на Општинското средно училиште „Коле Неделковски“ Велес, членови на училишниот одбор на Општинското средно училиште „Димитрија Чуповски“ Велес, членови на училишниот одбор на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Велес, членови на Училишниот одбор на Општинското средно училиште Гимназија „Кочо Рацин“ Велес, членови на училишниот одбор на Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ Долно Оризари Велес, членови на Управниот одбор на ОЈУ за деца – Детска градинка „Димче Мирчев“ Велес и членови на управниот одбор на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.

Според подносителот на иницијативата, некои од решенијата за разрешување и именување биле во директна спротивност со Законот за измени и дополнувања на Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 63/2004), според кој, орган на управување во основното училиште е училишниот одбор. Со новиот член 57 се менува членот 96 во кој бил утврден органот на управување во Основното училиште, новиот состав и мандатот. Согласно овој член, советот на општината именува и разрешува двајца преставници на основачот, за период од четири години, со можност за повторен избор. Членовите преставници во училишниот одбор на ООУ кои биле разрешени со решението кое се запира од објавување, се избрани врз основа на овој закон. Тоа значело дека правото да бидат членови-претставници од основачот во органот на управување во ООУ било започнато со денот на изборот и завршувало со истекот на мандатниот период утврден со закон, односно 4 години.

Подносителот на иницијативата, исто така во една од иницијативите вели дека донесеното решение било во спротивност со член 12 од Законот за музеите (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/2004) со кој се утврдува дека УО го сочинуваат пет преставници кои ги именува Советот на општината. Врз основа на ова доколку би биле исполнети условите за разрешување на членовите, потребно било основачот да изврши разрешување на сите членови на УО, а не само на дел од членовите како што тоа е сторено со предметното решение. Овој закон, меѓу другото не го регулирал начинот на престанок на мандатот на член-преставник во управниот одбор, туку тоа било утврдено со највисокиот подзаконски акт на установата – статутот.

Подносителот на иницијативата во една од иницијативите вели дека донесените решенија биле во директна спротивност со Законот за измени и дополнување на Законот за средното образование (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2004). Во овој случај, со член 39 се менувал членот 88 во кој бил утврден органот на управување во средното училиште, неговиот состав и мандатот. Согласно овој член, советот на општината именувал и разрешувал тројца претставници на основачот, за период од четири години, со право на уште еден избор.

Подносителот на иницијативата, наведува дека донесеното решение за разрешување и именување, е во директна спротивност со Законот за измени и дополнување на Законот за заштита на децата (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 65/2004). Со член 50 се менувал член 96, според кој управниот одбор на установата го сочинуваат седум члена, од кои тројца се претставници од основачот. Членовите на управниот одбор согласно Законот се именуваат за период од четири години. Со Законот не се утврдувал престанокот на мандатот пред истекот за времето за кое биле именувани, што значело дека правото да бидат членови-претставници од основачот во органот на управување во основното училиште било започнато со денот на изборот и завршувало со истекот на мандатниот период утврден со закон, односно 4 години.

Подносителот на иницијативата, во друга иницијатива споменува дека донесеното решение за разрешување и именување, било во директна спротивност со член 12 од Законот за библиотеките (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/2004). Со него се утврдувало дека управниот одбор го сочинуваат пет претставници кои ги именувал советот на општината. Ова значело дека Советот ги именувал сите пет претставника-членови на управниот одбор, и доколку би биле исполнети условите за разрешување на членовите, потребно било основачот да изврши разрешување на сите членови на управниот одбор, а не само на дел од членовите како што тоа е сторено со предметното решение. При сето ова и предложените и именувани претставници не биле лица кои го исполнуваат законскиот основ за именување, односно не се од редот на истакнати поединци од областа на културата.

Поради наведените причини, со иницијативите се предлага Судот да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорените решенија и истите бидат поништени и ставени надвор од сила.

3. Судот на седницата утврди дека Советот на општина Велес на седницата одржана на 16 септември 2008 година донел решенија за разрешување и именување на претставници на општината Велес за членови во училишни односно управни одбори (13 решенија).

4. Согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија Судот ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Од називот и содржината на оспорените решенија неспорно произлегува дека оспорените решенија се поединечни акти со кои се разрешуваат и именуваат претставници на Општина Велес, а не се пропис со кој на општ начин се утврдуваат одделни односи кои се однесуваат на неопределен број на субјекти во правото, што е карактеристично за секој вид на пропис.

Со оглед на тоа што оспорените решенија не се пропис во смисла на член 110 од Уставот на Република Македонија туку се поединечни, односно конкретни акти, Судот оцени дека не е надлежен да ја оценува нивната согласност со член 57 од Законот за основното образование (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 63/04, 82/04, 55/05, 81/05, 113/05, 35/06, 70/06, 51/07 и 103/08), член 12 од Законот за музеите (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/2004), член 39 од Законот за измени и дополнувања на Законот за средното образование (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/2004), член 50 од Законот за измени и дополнувања на Законот за заштита на децата (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 65/2004) и член 12 од Законот за библиотеките (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/2004).

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите д-р Наташа Габер–Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.214/2008
24 декември 2008 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски