19/1996-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија, и член 71 став 1 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 31 јануари 1996 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на начелниот став на Врховниот суд на Република Македонија во врска со начинот на пресметување камата на девизни средства орочени во 1986 година.

2. На Уставниот суд на Република Македонија му е поднесена иницијатива, од Светозар Георгиевски од Скопје за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на начелниот став означен во точката 1 од ова решение, затоа што со него се определувало непресметаната камата на разликата помеѓу договорената и неисплатена (12,5%) и домицилната а исплатена (околу 3%) камата на девизните средства, орочени во 1986 година на 36 месеци, да се утврдува за 1992, 1993, 1994 и 1995 година врз основа на средниот курс на странската валута на 31 декември 1986, 31 декември 1987 и 31 декември 1988 година и во денарска противвредност, а не врз основа на средниот курс на странската валута на 31 декември 1992, 31 декември 1993, 31 декември 1994 и 31 декември 1995 година и во девизи, што значело индиректно прогласување и воведување на динарот како платежно средство на територијата на Република Македонија во периодот од 1992-1995 година, поради што оспорениот став не бил во согласност со Устввот на Република Македонија, Законот за парична единица на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.26/92), Законот за девизно работење (“Службен весник на Република Македонија” бр. 30/93) и Законот за облигационите односи.

3. Разгледувајќи ја иницијативата, Судот утврди дека со неа не се бара оценување уставност на закон и уставност и законитост на пропис, за што, согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, е надлежен да одлучува Уставниот суд на Република Македонија, туку на начелен став што Врховниот суд на Република Македонија го зазема по одредено правно прашање што е од значење за воведување на судската практика.

Поради тоа, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов (У.бр.19/96).