185/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 21 март 2001 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на Правилата за штрајк, донесени од Советот на ССМ на седницата одржана на 19 февруари 1992 година.
2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 на ова решение. Според наводите во иницијативата Правилата не биле во согласност со член 38 од Уставот на Република Македонија, со член 1 став 2 од Законот за штрајк и со член 79 од Законот за работните односи, затоа што правото на штрајк се остварувало само во согласност со закон а не според Правила на Синдикатот.
3. Судот на седницата утврди дека оспорените правила се донесени врз основа на член 35 од Статутот ССМ и Законот за штрајк (“Службен лист на СФРЈ” бр.23/91), кој согласно член 5 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија бил преземен како републички пропис.
Во Правилата се регулира улогата, правата, обврските и одговорностите на организациите на Сојузот на синдикатите на Македонија во организирањето и водењето на штрајк.
4. Согласно член 110 од Уставот на Република Македонија, Уставниот суд одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и здруженијата на гра?аните.
Според член 37 од Уставот, заради остварување на своите економски и социјални права гра?аните имаат право да основаат синдикат.
Со оглед на тоа што Синдикатот е посебен облик на организирање на гра?аните во кој работниците доброволно се обединуваат заради остварување на економски и социјални цели што произлегуваат од работен однос, односно не се здруженија на гра?ани, согласно член 110 од Уставот, Уставниот суд не е надлежен да ја цени уставноста и законитоста на Правилата за штрајк.
Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри И сљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков. д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.185/2000
21 март 2001 год.
С к о п ј е
сд/.
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов