164/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 29 ноември 2000 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 2 од Законот за вршење на нотарските работи (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/96 и 25/98) во делот што гласи

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување уставноста на актот означен во точката 1 на ова решение, затоа што предвидувал нотарот да ги врши нотарските работи не само врз основа на закон, туку и врз основа на други прописи и општи акти засновани врз закон, поради што бил несогласен со Уставот на Република Македонија.

3. Судот на седницата утврди дека согласно член 2 од Законот за нотарските работи нотарот, нотарските работи ги врши слободно, независно, самостојно, стручно и непристрасно врз основа на закон, други прописи и општи акти засновани врз закон”.

4. Согласно член 68 став 2 од Уставот, Собранието за вршење на работите од својата надлежност донесува, покрај закони, и одлуки, декларации, резолуции, препораки и заклучоци.

Согласно член 91 алинеја 1 од Уставот, Владата на Република Македонија ја утврдува политиката на извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и е одговорна за нивното извршување.

Имајќи предвид дека нотаријатот е самосотјна, независна јавна служба, во која се вршат работи од видот на јавни овластувања по барање на граѓаните, државните органи, правните лица и други заинтересирани институции Судот оцени дека не може да му се ограничува неговото дејствување во смисла што истото ќе се врши само врз основа на закон, а не и на прописи, засновани врз закон, со кои се уредуваат определени прашања за кои законодавецот упатил да се решат со пропис или друг општ акт, па одлучи како во точката 1 на ова решение.

Врз основа на изнесеното, Судот оцени дека неможе да се постави прашањето за уставноста на членот 2 од Законот за вршење на нотарските работи во делот што гласи: “други прописи и општи акти засновани врз закон”.

5. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.164/2000
29 ноември 2000 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов