149/1997-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 30 декември 1997 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапката за оценување уставноста на член 9 став 2 и 5 од Законот за финансиското работење (“Службен весник на Република Македонија” бр.42/93 и 32/97).

2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 8 став 2 од законот означен во точката 1 од ова решение.

3. На Уставниот суд на Република Македонија, Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија му поднесоа иницијативи за поведување постапка за оценување уставноста на член 8 став 2 и член 9 став 2 и 5 од Законот за финансиското работење.

Во иницијативата на Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија се наведува дека правата и обврските на работниците од работен однос биле утврдени со Законот за работните односи. Општиот колективен договор за стопанството и нестопанството и гранските колективни договори и дека со оспорениот закон одредени утврдени права се укинувале поради што законот не бил во согласност со член 32 став 3, 4 и 5 од Уставот. Имено, уставно загарантираната заработувачка (плата) на работникот била условена со оспроениот закон, според кој неможело да се плаќа во готово други примања на работниците ако претходно не биле намирени придонесите до 25 во месецот за изминатиот месец. Ако се имало предвид дека според Законот за работните односи и Општиот колективен договор за стопанство, работодавецот на работникот му исплатува плата за извршената работа најмалку еднаш месечно во паричен износ, веднаш се поставувало прашањето како и на кој начин, според оспорениот закон, ќе се пресметувале придонесите од плата кога истата не била исплатена или кога требало да се исплати до крајот на месецот. Понатаму, со оспорениот закон се суспендирале правата на работниците односно се изместувал редоследот на обврските на работодавачот по однос на придонесите. Присилното намирување на придонесите од плата на вработените доколку не биле намирени до 25 во месецот претпоставувало сигурно земање на плата пред определениот датум. Меѓутоа, практично плата можело да се земе подоцна или воопшто да не се земе, а придонесите да бидат присилно намирени. И сите други примања на работниците (регрес за исхрана за годишен одмор, за превоз, дневници и патни трошоци за јубилејни награди си слично) не можеле да бидат исплатувани доколку не биле намирени придонесите од плата. Немало никаква логичка ниту економска оправданост работницте да доаѓаат на работа и да ги извршуваат поставените задачи, а да не примаат плата ниту пак надоместок за исхрана и превоз. Од друга страна, платата на аработниците не била флуидна измислена категорија, туку таа била одраз на вложениот труд на работниците во создавање на нови вредности па се поставувало прашањето дали можело да се утврдат придонесите од плата без претходно да се знае колкава ќе биде платата на работникот.

Во иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија е наведено дека со ставот 3 на членот 32 од Уставот било утврдено правото на секој вработен на соодветна заработувачка која заработувачка со Законот за работните односи и со колективните договори била утврдена како плата на работникот, надоместоци на плата и други надоместоци и примања. тргнувајќи од вака утврдените права на работниците се поставувало прашањето дали со оспорениот закон можеле истите да се ограничат односно вработените да не ги користат ако имало неиплатени придонеси од плата. Сите надоместоци уредени со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиското работење биле издатоци непосредно сврзани со извршувањето на работните задачи и услов при работата, при што работодавецот бил доен да ги надомести тогаш кога истите се правеле, односно нивното користење неможело да зависи од тоа дали работодавецот ги платил придонесите од плата. Со оспорениот член 8 став 2 од Законот се дезавуирала уставната одредба на членот 32 став 3 и 5, Конвенцијата бр.98 за правата на работниците на организирање и на колективно договарање како и Препораката бр.91 која се однесува на обврските на потписниците на колективните договори. Имено, наместо да имало повеќе и поголема примена на одредбите од колективните договори кои најцелосно ги уредувале правата, обврските и одговорностите на работниците, со измените на оспорениот закон, нивното остварување се условувало, па дури и немало можност да се остварува.

4. Судот на седницата утврди дека според член 8 став 2 од Законот субјектот од став 1 на овој член не може да плаќа во готово други примања на работниците (надомест на патни и дневни трошоци за службени патувања во земјата, надоместок за регрес за исхрана, надоместок за трошоци за превоз на вработените, надоместок за регрес за годишен одмор, јубилејни награди, солидарна помош, трошоци за користење на сопствен автомобил за службени цели) и дивиденди, доколку има неисплатени придонеси од плата.

Според член 9 став 2 и 5, субјектот е должен придоенсите од палта да ги намири до 25 во месецот за изминатиот месец. доколку субјектот (работодавачот) не ги плати придонесите од плата на вработените во рокот од став 2 на овој член, надлежната иституција за платен промет е должна наредниот ден од рокот утврден во ставот 2 да ги пресмета и наплати придонесите од плата. Придонесите од плата, иституцијата за платен промет ги пресметува и наплатува врз основа на бројот на работниците искажан во последната пресметка на плати.

5. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, владеењето на правото е една од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Согласно член 32 став 3 од Уставот, секој вработен има право на соодветна заработувачка, а според ставот 5 на истиот член, остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.

Со Законот за работните односи се уредува остварувањето на правата, обврските и одговорностите на работникот и работодавецот од работен однос кој се уредува со овој или со друг закон и колективен договор.

Според членот 69 од Законот, работникот има право на плата што му се обезбедува од средствата на работодавецот сразмерно на извршената работа како и придонесот на работникот во создавањето на добивката, во согласност со условите и критериумите утврдени со закон и колективен договор.

Членот 71 од Законот, определува дека платата се пресметува и исплатува најмалку еднаш месечно во паричен износ, а придонесите и даноците на платата на работникот ги плаќа работодавецот со исплата на платата.

Според член 182 став 1 точка 1 и 2 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, обврзници за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување се работодавците за своите работници и физичките лица што вршат дејност како и осигурениците односно лицата во доброволно пензиско и инвалидско осигурување сами за себе. Според член 183 став 1 од овој закон, уплатата на придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од платата односно од добивката, обврзниците ја вршат кај институцијата за платен промет при исплатата на средствата за платите.

Согласно член 72 од Законот за здравствена заштита, придонесот за здравствено осигурување го пресметуваат и уплатуваат организациите односно работодавците за работниците вработени кај нив при секоја исплата на плата.

Според член 96 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, придонесот за вработување работодавецот го уплатува на сметка на Заводот со исплатата на платите.

Врз основа на изнесените уставни и законски одредби произлегува дека секој вработен има право на соодветна заработувачка односно плата што му се обезбедува од средствата на работодавецот сразмерно на извршената работа, дека платата се пресметува и исплатува најмалку еднаш месечно и тоа во паричен износ и дека придонесите и даноците на платата на работникот ги плаќа работодавецот со исплата на платата. Обврската за плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување, за вработување и другите придонеси од плата, како и основицата за плаќање на овие придонеси, стапките, роковите и начинот на плаќањето се уредени со посебните закони од соодветната област. При тоа, заедничко за сите е што придонесите од плата задолжително се врзуваат со моментот на исплата на платата на вработените.

Меѓутоа, со Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиско работење се определува рок во кој треба да бидат намирени придонесите од плата и се задолжува надлежната институција за платен промет да ги пресмета и наплати придонесите од плата наредниот ден од утврдениот рок доколку субјектот не ги плати придонесите од плата сам, и тоа врз основа на бројот на аботниците искажан во последната пресметка на плати. Тоа претпоставува дека без оглед на тоа дали субјектот има земено или нема земено плата, придонесите од плата ќе бидат пресметани и наплатени од надлежната иституција за платен промет. Нема сомневање дека со оспорените одредби од Законот за финансиско работење се регулираат односи кои се веќе регулирани со други закони кои сеуште се активни во правниот поредок на државата, односно се менуваат условите за остварување на правата на работниците кои биле и сеуште се предмет на регулирање на други закони. тргнувајќи од принципот на владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на државата и во таа смисла од обврската на државата при креирањето на правните норми да води грижа за нивната усогласеност и за правната сигурност, Судот оцени дека законодавецот со оспорените одредби не може да ги занемари јпостојнит еодноси утврдени со закон. Неспорно е дека законодавецот може со закон да уредува одредени односи на еден илки на друг начин, меѓутоа, во конкретниот случај, оспорениот закон не водел сметка за фактот дека прво треба да се земе плата, а потоа да се плаќаат придонесите од плата и тоа според условите определени со законите од соодветната област за која се плаќаат придонесите.

6. Според член 110 став 1 алинеи 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд на Република Македонија одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Согласно членот 84 од Законот, со колективен договор се доуредуват во согласност со закон и со други прописи правата, обврските и одговорностите на работниците и на работодавецот од работен однос, како и обемот и начинот на остварување на плата и обврските и другите одредби за прашања од интерес за работниците и работодавецот, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови. Колективниот договор се применува непосредно и е задолжителен за организацијата на работниците и на работодавците кои ги склучиле и за сите работници и работодавци во чие име договорот е склучен.

Од изнесеното произлегува дека Законот за работни односи остава можност бројни прашања од работен однос вработените и работодавците изворнод а ги уредат или пак да ги доуредат со колективни договори тргнувајќи од принципот дека уредувањето на дел од прашањата од работен однос е нивно автономно право. Тоа значи дека предвидувањето на определени односи со колективен договор како и обемот на правата понекогаш ќе зависи од пивисокиот акт, а понекогаш ќе зависи исклучиво од волјата на учесниците во колективното договарање, односно колективниот договор не може да припише помали права, ниту пак да ги менува односите утврдени со закон, но може да разработува односи точно законски определени, како и да уредува права што воопшто не се предмет на законско регулирање.

Во конкретниот случај, според Судот, не може да се постави прашањето за согласноста на оспорениот закон со одредбите од колективните договори кои ја регулираат исплатата на другите примања на работниците бидејќи тие согласно Уставот се хиерархиски поиски акти од законот или подруго кажано колективните договори треба да бидат во согласност со закон. Имено, оспроениот член 8 став 2 од Законот не го доведува во прашање плаќањето во готово на другит епримања на работниците туку практично само го условува со претходно исплатување на придонесите од плата.

7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами , д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.149/97)