148/1999-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 октомври 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на членовите 14 и 17 од Одлуката за утврдување на надоместок за употреба на градежното земјиште на територијата на Општина Пехчево, бр.08-01/88 донесена од Советот на Општина Пехчево на 26.05.1997 година.

2. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста и законитоста на одлуката во целина, означена во точката 1 од ова решение.

3. Јован Кујунџиски од Пехчево на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на одлуката означена во точката 1 од ова решение, од причини што единицата на локалната самоуправа (општината) немала ниту уставно, ниту законско овластување со свој акт да воведува надоместок, како јавна давачка. Имено, оспорената одлука не била во согласност со членовите 33, 68 став 1 алинеја 3 и членот 114 од Уставот на Република Македонија, како и со членот 5 од Законот за буџетите (“Службен весник на Република Македонија” бр.79/93, 3/94, 71/96). Покрај тоа, воведувањето на надоместокот за употреба на градежното земјиште, не било во согласност ниту со законските одредби кои го уредуваат прашањето на непосредно учество на граѓаните во одлучувањето во единиците на локалната самоуправа.

4. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука (член 1) се определуваат обврзниците на надоместокот (физичките и правни лица), како непосредни корисници на градежно земјиште на општина Пехчево.

Во членот 2 од одлуката се утврдува намената на средствата од надоместокот, и тоа за финансирање на изградбата на комунални објекти и инсталации, при што по исклучок, 30% од тие средства може да се користат за одржување на комуналните објекти и инсталации.

Согласно членот 4, надоместокот ќе се плаќа по единица површина и тоа посебно за изградениот корисен простор, а посебно за градежното земјиште.

Согласно членот 7, висината на надоместокот се определува врз основа на неколку критериуми, и тоа: зоната во која се наоѓа градежното земјиште, во смисла на погодностите што ги нуди тоа земјиште на корисникот, намената на објектот што е изграден на земјиштето и сопственоста на предметното уредено градежно земјиште.

Во членот 8 од одлуката, одделно, според намената на објектот и зоната во која се наоѓа, утврден е во фиксен месечен износ висината на надоместокот, при што истиот е врзан за девизниот курс на денарот во однос на германската марка.

Износот на надоместокот се утврдува со Решение на Фондот за локални патишта, улици и комунална изградба при Општина Пехчево, чиј работник е овластен непречено да изврши контрола заради утврдување на површините за кои се плаќа надоместокот (членови 9 и 10 од Одлуката).

Наплатата на надоместокот ја врши Јавното комунално претпријатие преку сметките за комунална услуга при што остварените средства се приход на Фондот.

Покрај тоа, членот 14 од оспорената одлука утврдува право на општината да предвидува казниво дело (оневозможување на овластениот работник на Фондот да изврши контрола заради утврдување на површините за кои се плаќа надоместокот) и санкција, односно парична казна (1 просечна плата за физичко лице и 10 просечни плати за правно лице). Притоа, средствата од казните се приход на Буџетот на Општината.

Членот 17 од одлуката предвидува истата да стапи во сила со денот на донесувањето, а да се објави во службеното гласило на Општината.

5. Согласно Законот за локалната самоуправа, работите на уредување и употреба на градежно земјиште, како и утврдувањето на зони и собирањето земјишна такса, претставуваат самостојна надлежност на единицата на локалната самоуправа. Притоа, вршењето на овие работи се остварува во согласност со закон (член 17 став 1 точки 4 и 5).

Согласно членовите 3 и 4 од Законот за градежно земјиште, општините, односно градот Скопје ги уредуваат работите што се однесуваат на уредувањето и употребата на градежното земјиште, како дејности од јавен интерес.

Со членот 44 од истиот закон е предвидена можност Собранието, односно советот на општината да утврди надоместок за употреба на градежното земјиште, според обемот и степенот на опременоста со комунални објекти и инсталации. Со својата одлука општината ги уредува висината, роковите на плаќање и начинот на пресметување на надоместокот. Надоместокот го плаќа непосредниот корисник на земјиштето, и тоа по единица површина посебно за градежното земјиште и посебно за изграден користен простор (член 45 од Законот).

Притоа, законот ја утврдува и намената на средствата од надоместокот за финансирање на изградбата на комунални објекти и инсталации и за уредување на градежното земјиште, при што по исклучок, дел од средствата (30%) може да се употреби како учество во трошоците за одржување на комуналните објекти и на инсталациите (член 46 од Законот за градежно земјиште).

Според член 114 став 4 од Уставот на Република Македонија, општините се финансираат од сопствени извори на приходи определени со закон и со средства од Републиката.

Со членот 33 од Уставот предвидена е обврска за граѓаните да плаќаат данок и други јавни давачки и да учествуваат во намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.

Правниот основ на обврската на граѓаните да плаќаат надоместок за употреба на градежно земјиште произлегува дирекно од Законот за градежно земјиште. Оттука, произлегува дека надоместокот за употреба на градежно земјиште претставува законски утврден приход на општината како еден од сопствените извори на приходи за финансирање на нејзините потреби.

Врз основа на изнесеното, се наметнува заклучокот дека наводите на иницијативата во однос на неуставноста и незаконитоста на правото на општината да воведува надоместок за употреба на градежно земјиште, се неосновани, односно таквото право е уставно и законски дозволено и целесообразно.

6. Меѓутоа, она што според мислењето на Судот е спорно, а не е дирекно оспорено од страна на подносителот на иницијативата (кој одлуката ја оспори единствено од аспект на правото на општината да воведува надоместок за употреба на градежно земјиште) се одредбите содржани во членовите 14 и 17 од оспорената одлука.

Согласно член 13 став 1 од Уставот на Република Македонија, лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука.

Покрај тоа, според член 14 став 1 од Уставот на Република Македонија, никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.

Согласно член 5 од Законот за прекршоците (“Службен весник на Република Македонија” бр.15/97), прекршокот е противправно дело што со закон е определено како прекршок и чии обележја се определени со закон.

Според член 7 од Кривичниот законик (“Службен весник на Република Македонија” бр.37/96) кривично дело е она противправно дело што со Закон е определено како кривично дело и чии обележја се определени со закон.

Од овие одредби произлегува дека вината за одредено казниво дело мора да биде утврдена со судска одлука, што значи дека за вината на сторителите за сите казниви дела може да одлучуваат само судовите. Општината, како единица на локалната самоуправа, нема уставни, ниту законски овластувања да утврдува казниви дела и пропишува санкции за непочитување на нејзините прописи.

Покрај тоа, согласно член 52 став 1 од Уставот на Република Македонија, законите и прописите се објавуваат пред да влезат во сила.

Со оглед на тоа што согласно член 17 од оспорената одлука се предвидува одлуката да влезе во сила со денот на донесувањето, а не со или по објавувањето, Судот оцени дека тој член не е во согласност со член 52 став 1 од Уставот на Република Македонија.

7. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од ова решение.

8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр.148/99
20 октомври 1999 година
С к о п ј е
лк

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков

Судија-известител,
д-р Стојмен Михајловски