Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 5 јуни 2002 година, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
Текст
1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување
а) уставноста на член 1 и член 2 став 2 и 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.93/2001) и
б) уставноста и законитоста на Правилникот за евиденција и контрола за набавени и регистрирани патнички автомобили во странство (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.95/2001) во целина и на членот 4 во делот “или доказ за регулиран престој во странство” посебно.
2. Михаил Димитриев од Штип на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на членовите од Законот означени во точката 1 под а) од ова решение, како и за оценување уставноста и законитоста на членот 4 во делот “или доказ за регулиран престој во странство” од Правилникот означен во точката 1 под б) од ова решение.
Подоцна, односно по добивањето на горенаведената иницијатива, до Уставниот суд иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на називот и на членовите 2, 3, 4, 5 и 6 од Правилникот означен во точката 1 под б) од ова решение поднесе и Стамен Филипов од Скопје.
Според наводите во првата иницијатива поднесена од Михаил Димитриев, оспорените членови од Законот не биле во согласност со член 52 став 4 од Уставот на Република Македонија затоа што тие, според негово мислење, имале повратно дејство бидејќи регулирале односи и ситуации кои настанале пред донесувањето на овој закон и што тие односи сега се регулирале на понеповолен начин за граѓаните во однос на претходниот систем.
Со ваквиот начин на регулирање истовремено се повредувала и правната сигурност на граѓаните затоа што тие трпеле последици за постапки и дејствија преземени во минатото (за набавени и регистрирани патнички автомобили во странство) кои тогаш не биле уредени на ваков начин и не биле санкционирани како сега.
Оспорените делови од членовите 1 и 2 од овој закон не биле во согласност и со членот 27 од Уставот бидејќи со нив се ограничувала слободата на дви`ење на граѓаните и правото на напуштање на територијата на Република Македонија и враќање во Републиката вон случаите утврдени во овој член од Уставот. Од истите овие причини, со оваа иницијатива се оспорува и уставноста на членот 6 од Правилникот, а во врска со членот 3 став 1 од истиот правилник.
^ленот 4, во делот “или доказ за регулиран престој во странство” од Правилникот, пак, според наводите во оваа иницијатива не бил во согласност со членот 1 од Законот бидејќи овој член од Законот се однесувал само на сопствениците на патничките автомобили кои ги набавиле автомобилите и ги регистрирале во странство за вршење на дејност, а не и на оние со регулиран престој во странство. Според тоа, доказот за престојот во странство што овие сопственици требало да го презентираат пред царинскиот орган според овој член од Правилникот бил излишен, односно претставувал дополнителен услов за издавање на евидентен картон, за чие утврдување немало основ во наведениот член од Законот.
Поради наведените причини, со оваа иницијатива се предлага Судот да ги поништи оспорените одредби од Законот и Правилникот, а до донесување на конечна одлука за тоа се предлага Судот да донесе решение за запирање на дејствијата што се преземени врз основа на истите.
Во втората иницијатива поднесена од Стамен Филипов се оспорува називот и членовите 2, 3, 4, 5 и 6 од Правилникот затоа што според овој подносител со овие членови од Правилникот се утврдувале права и обврски на граѓаните и се пропишувала надле`ност на други органи, а тоа мо`ело да се прави само со закон, а не и со подзаконски акт каков што е овој Правилник.
Имено, според наводите во оваа иницијатива називот на Правилникот не соодветствувал на членот 1, според кој со овој Правилник се припишувал само начинот на водење на евиденција и контрола на набавени и регистрирани патнички автомобили во странство, а не евиденција и контрола како што стоело во самиот назив. Понатаму, во членовите 3 и 4 од Правилникот не се пропишувала само надле`ност на царинскиот орган, кој е во состав на Министерството за финансии, но надле`ност се пропишувала и за друг орган – Министерството за внатрешни работи.
Во однос на членовите 5 и 6 од Правилникот се наведува дека роковите што се пропишуваат со нив, мо`еле да се пропишат само со закон, а не со правилник. За членот 6, пак, од Правилникот посебно се наведува дека тој имал повратно дејство затоа што уредувал состојба на патничките возила кои на денот на влегувањето во сила на Правилникот веќе се наоѓале на територијата на Република Македонија, иако тоа било понеповолно за граѓаните.
Поради наведените причини подносителот на оваа иницијатива смета дека називот и оспорените членови од Правилникот не биле во согласност со членовите 8 став 1 алинеите 3 и 4, 51, 52 став 4, 91 алинеја 5 и 96 од Уставот, со Законот за акцизите и со членот 61 став 1 од Законот за организација и работа на органите на др`авната управа, поради што и предлага Судот да поведе постапка за оценување на нивната уставност и законитост.
3. Судот на седницата утврди дека со оспорениот член 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите всушност по членот 7-б се врши додавање на нов член 7-в кој фактички и се оспорува и гласи:
“Сопствениците на патнички автомобили кои ги набавиле автомобилите и ги регистрирале во странство за вршење на дејност, должни се на секои три месеца од денот на внесувањето на патничкиот автомобил на територијата на Република Македонија, да го изнесат возилото надвор од територијата на државата, најмалку за период од дваесет дена.
Министерот за финансии ќе донесе поблиски прописи за регулирање на евиденцијата и контролата за случаите од став 1 на овој член”.
Со оспорениот член 2 од Законот всушност се врши изменување и дополнување на членот 17 од основниот Закон за акцизите, кој што инаку спаѓа во казнените одредби и тој во целина гласи:
“Во членот 17 став 1 бројот “100.000” се заменува со бројот “200.000”.
По точката 10 се додава нова точка 11, која гласи: “11) патничкото возило не го изнесе надвор од територијата на Република Македонија во пропишаниот рок (член 7-в)” – оспорен став
Во ставот 3 бројот “10.000” се заменува со бројот “40.000”.
По ставот 6 се додава нов став 7, кој гласи:
“За прекршокот од став 1 точка 11 на овој член на сопственикот му се одзема патничкото возило”. – оспорен став
4. Судот на седницата, исто така, утврди дека со втората иницијатива се оспоруваат сите членови од Правилникот освен член 1, кој е упатна одредба и член 7, во кој се уредува неговото влегување во сила, што од друга страна, пак, значи дека со оваа иницијатива Правилникот фактички се оспорува во целина. Од увидот во неговата содржина Судот го констатира следното:
Согласно овластувањето утврдено во членот 7-в став 2, кој што со оспорениот Закон за изменување и дополнување на ЗТаконот за акцизите е додаден по членот 7-б во дотогаш важечкиот Закон за акцизите, Министерот за финансии во оспорениот правилник го пропишал начинот на водењето на евиденција и контрола на патничките автомобили кои државјаните на Република Македонија ги набавиле и регистрирале во странство на свое име или на име на правното лице регистрирано во странство, заради вршење на дејност (член 1).
Во таа функција, во членот 2 од Правилникот е утврдено дека за автомобилите од членот 1 од овој правилник треба да се поседува евидентен картон, чиј образец е даден во прилог на Правилникот и дека за време на управувањето со патничките автомобили овој картон треба да се наоѓа во возилото и на барање на надлежните органи да биде презентиран.
Понатаму, во членот 3 од Правилникот е утврдено местото каде се врши издавање, евиденција и контрола на евидентните картони (а тоа е граничната царинска испостава во која патничките автомобили за прв пат се внесени во царинското подрачје на Република Македонија), а се утврдени и органите кои ја спроведуваат контролата на поседување на овие картони во царинското подрачје.
Во членот 4 од Правилникот, пак, се утврдени документите кои што лицето кое бара издавање на евидентен картон треба да му ги презентира на царинскиот орган (тоа се: патна исправа на Република Македонија, сообраќајна дозвола и доказ за регистрирана фирма или за регулиран престој во странство), а додека во челнот 5 е утврден рокот на важноста на евидентниот картон.
И на крај, во оспорениот член 6 се утврдува дека за патничките автомобили кои на денот на влегување во сила на овој правилник се наоѓаат на територијата на Република Македонија, евидентни картони се издаваат во рок од 15 дена од денот на влегување во сила на овој правилник.
5. Според член 52 од Уставот, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила (став 1), а законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од објавувањето во Слу`бен весник на Република Македонија, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето (став 3). Според истиот овој член од Уставот, законите и другите прописи немо`ат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните (став 4).
Од наведената уставна одредба произлегува дека основно уставно правило е законите да влегуваат во сила, односно да се применуваат најрано осмиот ден од денот на нивното објавување во “Слу`бен весник на Република Македонија”, а по исклучок што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето. Исто така, основно уставно правило е законите и другите прописи да немо`ат да имаат повратно дејство, освен по исклучок и тоа во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.
Имајќи го предвид наведеното, како и фактот дека според членот 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во “Слу`бен весник на Република Македонија”, Судот утврди дека во конкретниот случај е испочитувано уставното правило за влегувањето во сила на законите пред нивното објавување во “Слу`бен весник на Република Македонија” со оглед дека за оспорените, а и за другите одредби од овој закон, не е изрично утврдено нивно повратно дејство.
Тоа, со други зборови, според мислењето на Судот, значи дека овој закон формално правно ва`и и се применува од денот на неговото влегување во сила, а не и пред тоа, што од друга страна, пак, значи дека одредбите од овој закон, односно правилата што се пропишуваат со него за однесувања на субјектите на кои се однесуваат (а тоа се сопствениците на патничките автомобили кои ги набавиле автомобилите и ги регистрирале во странство за вршење на дејност) ќе ва`ат за во иднина, односно за идното однесување на односните субјекти, а не и за нивното однесување пред донесувањето на овој закон.
Имено, Судот смета дека во овој случај и не може да стане збор за повратно дејство на овој закон, со оглед дека со оспорените законски одредби всушност не се врши забрана на купување и регистрирање на автомобили во странство, како и нивно внесување на територијата на Република Македонија, но напротив со нив за прв пат се регулира нов ре`им на однесување на сопствениците – др`авјани на Република Македонија кои патничките автомобили ги набавиле и регистрирале во сранство, а ги внесуваат на територијата на Република Македонија. Односно, со оспорените одредби за прв пат се утврдува обврската (дол`носта) за овие субјекти на секои три месеци од денот на внесувањето на патничкиот автомобил на територијата на Република Македонија да го изнесуваат возилото надвор од др`авата најмалку за период дваесет дена, а за чие непочитување се предвидени и соодветни санкции.
Поради наведените причини според мислењето на Судот, оспорените одредби од Законот не би мо`еле да се проблематизираат од аспект на нивното повратно дејство, поради што и не го постави прашањето за нивната согласност со членот 52 став 4 од Уставот.
Судот не ја проблематизира уставноста од аспект на повратното дејство ни за членот 6 од Правилникот, кој што, исто така поради овие причини се оспорува во второподнесената иницијатива.
Имено, имајќи предвид дека членот 6 од Правилникот се однесува за патничките автомобили кои на денот на неговото влегување во сила се наоѓале на територијата на Република Македонија, Судот оцени дека, според природата на прашањето што се уредува со него, овој член има карактер на преодна одредба (а таква одредба не содржи Законот) бидејќи со него фактички се утврдува времето од кога и во однос на овие патнички автомобили ќе се применува режимот утврден во Законот (а тоа е 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој Правилник). Поради тоа, Судот не го постави прашањето за согласноста и на член 6 од Правилникот со членот 52 став 4 од Уставот.
Според мислењето на Судот оспорените одредби од Законот и членот 6, а во врска со членот 3 од Правилникот не се во несогласност и со членот 27 од Уставот, од чиј аспект, исто така, со првата иницијатива се оспорува нивната уставност.
Ова од причини што прво, донесувањето на оспорениот закон беше наметнато од една претходна настаната состојба во Република Македонија со внесување на голем број возила кои беа набавени и регистрирани во странство која дотогаш не беше регулирана, и второ, што, освен регулирањето на оваа состојба, целта на овој закон е и обезбедување и заштита на материјалните интереси (поради купување и регистрирање на патнички автомобили во странство не само што е намален прометот на возила во земјата, и е извршен голем одлив на девизи на наши граѓани во странство, но на овој начин се избегнуваат и обврските кон државата) и другите интереси на државата, како што се обезбедување на поголема контрола и сигурност во областа на безбедноста на сообраќајот, како дел од општата безбедност на Републиката (од стари возила кои не се регистрирани и чија исправност не е контролирана според нашите прописи), а во тие рамки и на заштитата на `ивотот и здравјето на луѓето и другите права и слободи на другите граѓани.
Со оглед дека наведените цели и интереси од кои е мотивирано донесувањето на овој закон се објективно поголеми и се над уставното право на граѓаните тие слободно да ја напуштат територијата на др`авата, според мислењето на Судот тие претставуваат доволна основа и оправдување во смисла на членот 27 став 3 од Уставот за ограничување на ова нивно право, што на посреден начин произлегува од членот 1 од Законот, според кој овие граѓани треба да ја напуштат територијата на др`авата и во случаи кога тие тоа не го сакаат, но и се наметнува со овој закон.
Ако кон ова се додаде дека со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за надворешно-трговско работење (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.2/2002) се зголеми старосната граница за увоз на половни автомобили од 6 на 10 години тогаш јасно произлегува дека ограничувањето на правото на слободно напуштање на територијата на Републиката е од времен карактер, затоа што ќе ва`и додека сопствениците на овие автомобили, истите не ги регистрираат во земјата. Тоа од друга страна, значи дека ограничувањето на ова право што произлегува од членот 1 на овој закон не е трајно и не значи негово укинување.
6. Имајќи ја предвид содржината на оспорениот Правилник, Судот утврди дека со него не се утврдуваат нови права и обврски на граѓаните, ниту нови надле`ности за други органи, како што смета подносителот на втората иницијатива (Стамен Филипов), но се работи за уредување на технички прашања што се во функција на евидентирање и контрола на случаите утврдени во оспорениот член 1 од Законот. Поради тоа Судот не го постави прашањето за неговата уставност и законитост во целина од причините наведени во оваа иницијатива.
Во врска, пак, со наводите од првата иницијатива, поднесена од Михаил Димитров, дека со оспорениот член 4 од Правилникот во делот “или доказ за регулиран престој во странство” се утврдувала дополнителна обврска и оптоварување на граѓаните, покрај доказот за регистрирана фирма, Судот утврди дека истите се неосновани, бидејќи барањето на ваквиот доказ за издавање на евидентен картон, иако можеби формално правно не кореспондира со членот 1 од Законот, но сепак ова решение е поповолно за граѓаните, со оглед дека овој доказ е утврден како алтернативен, а не комулативен, покрај доказот за регистрирана фирма. Поради тоа, Судот не го постави прашањето за согласноста и на посебно оспорениот дел на член 4 од Правилникот со Уставот и Законот за акцизи.
7. Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.
8. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.1/2002
5 јуни 2002 година
С к о п ј е
лк
ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Д-р Тодор Џунов