У.бр.115/1999

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија(“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 16 јуни 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 47 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 47 во делот: “и здруженија на граѓани” од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со оспорениот дел од одредбата во армијата, покрај уставната забрана за нејзино политичко организирање и дејствување, се забранувало да се организираат здруженија на граѓани, што не било во согласност со членовите 9, 20, 37, 54 и 95 став 2 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека соред член 47 од Законот за одбрана, во армијата не можат да се организираат и да функционираат политички партии и здруженија на граѓани.

4. Според член 9 од Уставот граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Со член 20 став 1 од Уставот на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Според став 2 од овој член, граѓаните слободно можат да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат, според став 3 од овој член, програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост, а според став 4 на овој член од Уставот, забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.

Со член 37 од Уставот се уредува правото на граѓаните да основаат синдикати, при што, со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.

Според член 54 став 1 од Уставот слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

Со член 95 став 2 од Уставот се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа.

Остварувањето на одбраната на Република Македонија како право и должност на секој граѓанин е уредено со Законот за одбрана. Имено, според член 1 од овој закон одбраната на Републиката се организира како систем за одбрана на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија што ја остваруваат граѓаните, органите на државната власт и вооружените сили како армија на Република Македонија.

Со одредбата за политичкото здружување, во која е содржан оспорениот дел, всушност се определува дека во армијата, како вооружена сила на сите граѓани на Републиката, не можат да се организираат и да функционираат политички партии и здруженија на граѓани.

Тргнувајќи од анализа на содржината на наведените уставни и законски одредби, според мислењето на Судот, јасно произлегува посебниот карактер на одбраната на Републиката како право и должност на секој граѓанин и организиран систем за одбрана на независноста и територијалниот интегритет на државата и во зависност од тоа, неможноста од политичко организирање и дејствување во армијата како вооружена сила. Таквата забрана е изрично утврдена во член 95 став 2 од Уставот,за органите на државната управа, меѓутоа поаѓајќи од карактерот на одбраната, тоа се однесува и на Армијата на Република Македонија.

Уставот утврдувајќи ја слободата на здружување на начин што ги означува целите на тоа здружување кои се изразуваат двонасочно: за остварување на политичките, економските, социјалните, културните и другите права и уверувања и за нивна заштита, истовремено ги определува и организационите облици на ова здружување во вид на здруженија на граѓани и политички партии. Преку ограничувањата на условите за остварување на правото на синдикално организирање и правото на штрајк во вооружените сили и забраната на политичко организирање и дејствување во органите на државната управа, како и од самиот карактер на одбраната на Републиката како право и должност на секој граѓанин и основна цел да се одбрани независноста и територијалниот интегритет на Републиката, што произлегуваат од самиот Устав, според мислењето на Судот, се наметнува заклучок дека оспорениот дел од одредбата на член 47 од Законот според која, покрај забраната во армијата да се организираат и да функционираат политички партии, се забранува да се организираат и здруженија на граѓани не се нарушува уставниот принцип за еднаквост на граѓаните и не се ограничува слободата на здружување вон уставно утврдените рамки. Всушност, со оваа забрана се обезбедува деполитизирање на Армијата, што е предуслов за нејзината монолитност и единственост во остварувањето на нејзината функција.

Со оглед на наведеното, Судот не го постави прашањето за согласност на член 47 во делот: “и здруженија на граѓани” од Законот со наведените одредби од Уставот.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 115/99 ПРЕТСЕДАТЕЛ
16 јуни 1999 година на Уставниот суд на Република
С к о п ј е Македонија
ли. Д-р Милан Недков

Судија-известител,
д-р Никола Крлески Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија(“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 16 јуни 1999 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување уставноста на член 47 во делот: “и здруженија на граѓани” од Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македонија” бр.8/92 и 30/95).

2. Стамен Филипов од Скопје, на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување уставноста на член 47 во делот: “и здруженија на граѓани” од Законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што со оспорениот дел од одредбата во армијата, покрај уставната забрана за нејзино политичко организирање и дејствување, се забранувало да се организираат здруженија на граѓани, што не било во согласност со членовите 9, 20, 37, 54 и 95 став 2 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека соред член 47 од Законот за одбрана, во армијата не можат да се организираат и да функционираат политички партии и здруженија на граѓани.

4. Според член 9 од Уставот граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Со член 20 став 1 од Уставот на граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања. Според став 2 од овој член, граѓаните слободно можат да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат, според став 3 од овој член, програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост, а според став 4 на овој член од Уставот, забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените сили на Република Македонија.

Со член 37 од Уставот се уредува правото на граѓаните да основаат синдикати, при што, со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.

Според член 54 став 1 од Уставот слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.

Со член 95 став 2 од Уставот се забранува политичко организирање и дејствување во органите на државната управа.

Остварувањето на одбраната на Република Македонија како право и должност на секој граѓанин е уредено со Законот за одбрана. Имено, според член 1 од овој закон одбраната на Републиката се организира како систем за одбрана на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија што ја остваруваат граѓаните, органите на државната власт и вооружените сили како армија на Република Македонија.

Со одредбата за политичкото здружување, во која е содржан оспорениот дел, всушност се определува дека во армијата, како вооружена сила на сите граѓани на Републиката, не можат да се организираат и да функционираат политички партии и здруженија на граѓани.

Тргнувајќи од анализа на содржината на наведените уставни и законски одредби, според мислењето на Судот, јасно произлегува посебниот карактер на одбраната на Републиката како право и должност на секој граѓанин и организиран систем за одбрана на независноста и територијалниот интегритет на државата и во зависност од тоа, неможноста од политичко организирање и дејствување во армијата како вооружена сила. Таквата забрана е изрично утврдена во член 95 став 2 од Уставот,за органите на државната управа, меѓутоа поаѓајќи од карактерот на одбраната, тоа се однесува и на Армијата на Република Македонија.

Уставот утврдувајќи ја слободата на здружување на начин што ги означува целите на тоа здружување кои се изразуваат двонасочно: за остварување на политичките, економските, социјалните, културните и другите права и уверувања и за нивна заштита, истовремено ги определува и организационите облици на ова здружување во вид на здруженија на граѓани и политички партии. Преку ограничувањата на условите за остварување на правото на синдикално организирање и правото на штрајк во вооружените сили и забраната на политичко организирање и дејствување во органите на државната управа, како и од самиот карактер на одбраната на Републиката како право и должност на секој граѓанин и основна цел да се одбрани независноста и територијалниот интегритет на Републиката, што произлегуваат од самиот Устав, според мислењето на Судот, се наметнува заклучок дека оспорениот дел од одредбата на член 47 од Законот според која, покрај забраната во армијата да се организираат и да функционираат политички партии, се забранува да се организираат и здруженија на граѓани не се нарушува уставниот принцип за еднаквост на граѓаните и не се ограничува слободата на здружување вон уставно утврдените рамки. Всушност, со оваа забрана се обезбедува деполитизирање на Армијата, што е предуслов за нејзината монолитност и единственост во остварувањето на нејзината функција.

Со оглед на наведеното, Судот не го постави прашањето за согласност на член 47 во делот: “и здруженија на граѓани” од Законот со наведените одредби од Уставот.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов.

У.бр. 115/99
16 јуни 1999 година
С к о п ј е
ли.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Милан Недков