077/1993-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република македонија, врз основа на член 91 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр. 70/92), на седница одржана на 7 јули 1993 година , донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување законитоста на член 231 став 4 од Статутот на Електротехнички факултет во Скопје, донесен на 21 март 1993 година.
2. На Уставниот суд на Република Македонија , Татјана Камчевска од Скопје му поднесе иницијатива за поведување постапка за оценување законитиста на одредбите на статутот означен во точка 1 од ова решение, затоа што Законот за основните права од работниот однос , освен за работоводниот орган не предвидувал избор по пат на распишување конкурс за определено време за други работници.
3.На седницата Судот утврди дека со член 231 од Статутот е определено дека наставниците , соработниците и секретарот на факултетот се избираат по пат на конкурс, а со оспорениот став 4 е определено дека конкурсот за избор на секретар на факултетот се објавува по истекот на секоја четврта година.
Согласно член 7 и член 8 став 3 од Законот за основните права од работниот однос (“Службен лист на СФРЈ” бр.60/89 и 47/90), со закон и со општ акт на претпријатието односно друга организација се утврдуваат посебните услови за заснивање работен однос односно посебните услови потребни за вршење на работеите на работното место. Понатаму , со членовите 9 и 13 од Законот , на посебен начин е регулиран начинот за засновање на работниот однос на работното место работоводен орган. Притоа, определено е дека претпријатието односно организацијата има обврски во конкурсот за итбор на ова работно место да го назначи и времетоза кое се врши изборот и дека по истек на времето за кое е избран , работоводниот орган што нема да биде повторно избран се распоредува на друго работно место што одговара на неговиот степен на стручна подготовка.
Според мислење на Судот , околноста што со последните измени на Законот се изставени одредбите што предвидуваат избор на определено време, покрај за работоводниот орган, и за работниците со посебни овластувања, не значи забрана со општите акти на претпријатијата, во рамките на утврдувањето на посебните услови, да се предвиди и на други работни места работниците да бидат избрани на определено време, имајќи ги предвид овластувања та содржани во членовите 7 и 8 од Законот.
Со оглед на изнесеното, Судот оцени дека не може да се постави прашањето за согласноста на оспорениот член 231 став 4 од Статутот со означените законски одредби и одлучи како во точката 1 од ова решение.
5.Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови во состав од председателот на Судот м-р Јордан Арсов и судиите Бранка Циривири-Антоновска, Ариф Арифи, Димитрие Димишковски, д-р Филип Лазарески, Братољуб Раичковиќ, д-р Фиданчо Стоев и Вера Терзиева-Тројачанец. ( У.бр.119/93).