У.бр.208/2001-1

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 25 септември 2002 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВААТ:

а) член 40 став 5 од Законот за градежното земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.53/2001) и

б) членовите 1, 2 и 3 од Правилникот за начинот и условите под кои изграденото и неизграденото градежно земјиште се дава под краткотраен закуп, донесен од Министерот за транспорт и врски (“Службен весник на Република Македонија” бр.80/2001).

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”

3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Ирина Петровска од Скопје за оценување уставноста и законитоста на член 3 став 2 алинеја од правилникот означен во точката 1 б) и по сопствена иницијатива со решение У.бр.208/2001 од 22 мај 2002 година поведе постапка за оценување уставноста на член 45 став 5 од Законот за градежното земјиште и членовите 1, 2 и 3 од Правилникот за начинот и условите под кои изграденото и неизграденото градежно земјиште се дава под краткотраен закуп.

Постапката беше поведена затоа што пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на членот 40 став 5 кој е основ за донесување на оспорениот Правилник со Уставот и за согласноста на членовите 1,2 и 3 од Правилникот со Уставот и Законот за градежното земиште.

4. Судот на седницата утврди дека во член 40 став 1 од Законот за градежното земјиште е предвидено дека правото на краткотраен закуп се стекнува со договор во писмена форма.

На договорот од став 1 на овој член соодветно се применуваат одредбите од облигационите односи (став 2).

Во став 3 на наведениот член е предвидено дека на градежното земјиште сопственост на Република Македонија, право на краткотраен закуп се стекнува со јавно наддавање и со непосредна спогодба.

Општините, односно градот Скопје стекнува право на краткотраен закуп на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија, по пат на непосредна спогодба.

Во став 5 на член 40 од Законот е предвидено дека начинот и условите под кои изграденото и неизграденото
градежно земјиште се дава под краткотраен закуп ги пропишува министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски.

5. Уставот на Република Македонија во член 30, меѓу другото, утврдил дека се гарантира правото на сопственост и никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.

Согласно член 4 став 1 од Законот за градежното земјиште (“Слу`бен весник на РМ” бр.53/2001) на градежното земјиште може да се стекнува право на сопственост и други права определени со овој и друг закон.

На правото на сопственост на градежното земјиште и на другите права врз тоа земјиште се применуваат прописите за сопстеност и другите права врз стварите како и прописите за евиденција на правата врз недви`ностите (став 2).

Согласно член 6 од Законот, градежното земјиште може да биде во сопственост на Република Македонија и на домашни и физички и правни лица, под услови утврдени со овој и друг закон.

Исто така, Законот во член 2 утврдил дека градежното земјиште е добро од општ интерес на Републиката и у`ива посебна заштита на начин и услови утврдени со овој закон.

Уредувањето на градежното земјиште е дејност од јавен интерес.

Во членот 42 став 1 од Законот е утврдено дека под уредување на градежно земјиште се подразбира изградба на објекти од инфраструктурата, заради обезбедување на непречен пристап до градежната парцела од јавен пат, поставување на водоводна канализациона (фекална и атмосферска) електрична, ПТТ и друга инсталација со прилучоци до граде`ната парцела.

Планирањето, проектирањето и изведувањето на инфраструктурата се врши според просторните и урбанистички планови и акти што ги заменуваат тие планови, како и според коефициентот на искористување на земјиштето утврден со плановите.

Од наведените законски одредби произлегува дека градежното земјиште со закон е утврдено како добро од општ интерес за Републиката; дека уредувањето на градежното земјиште со закон е утврдено како дејност од јавен интерес; дека со Законот е дефинирана содржината на уредувањето на градежното земјиште и таа содржина за да го поседува степенот на јавен интерес треба да биде предвидена односно планирана со просторните и урбанистичките планови и актите што ги заменуваат тие планови; дека во членот 2 од Законот за експропријација е утврден јавниот интерес за изградба на објекти и изведување на работи предвидени со актите за планирање на просторот кои се набројани во овој член и е утврдено дека јавен интерес за изградба на други објекти и изведување на работи може да се утврди и со друг закон, како и тоа дека според Законот за градежно земјиште градежното земјиште може да биде во сопственост на Републиката и во сопственост на домашни физички и правни лица.

Оттука со просторните и урбанистичките планови може да бидат предвидени инфраструктурните содржини на други објекти и изведување на работи кои се децидно набројани како јавен интерес со законите, како на градежното земјиште кое е во сопственост на Републиката, така и на градежното земјиште кое е во сопственост на физичките и правни лица.

Според тоа, имајќи ја предвид содржината на одредбата од член 40 став 5 од Законот за градежно земјиште според која министерот за транспорт и врски ги пропишува начинот и условите под кои може да се дава под краткотраен закуп изграденото и неизграденото градежно земјиште, имајќи предвид дека пропишаниот режим според оваа законска одредба ќе се однесува за градежното земјиште независно дали е во сопственост на Републиката или во сопственост на физички и правни лица, Судот оцени дека членот 40 став 5 од Законот не е во согласност со член 30 став 1 и 3 од Уставот и одлучи како во точката1а од оваа одлука.

6. Судот исто така утврди дека врз основа на член 40 став 5 од Законот за градежно земјиште Министерот за транспорт и врски донел Правилник за начинот и условите под кои изградениото и неизграденото градежно земјиште се дава под краткотраен закуп.

Во член 1 од Правилникот е предвидено дека со овој Правилник се пропишува начинот и условите под кои сопствениците на градежно земјиште можат изграденото и неизграденото градежно земјиште да го даваат под краткотраен закуп.

Во член 2 од Правилникот е предвидено дека изградееното градежно земјиште може да се даде под краткотраен закуп заради поставување на урбана опрема и тоа киосци за продажба на билети за јавен превоз, натрешници на автобуски постојки, телефонски говорници, киосци за обезбедување на објекти на државните органи на Република Македонија и за обезбедување на дипломатско-конзуларни претставништва, спортско рекреативни активности. Урбаната опрема од став 1 на овој член се поставува на отворени јавни површини при што не смее да се наруши основното начело на просторот и пешачките сообраќајни движења.

Во член 3 од Правилникот е предвидено дека неизградено градежно земјиште, сопственикот мо`е да го даде под краткотраен закуп до реализација на урбанистичкиот план, за намени од времен карактер.

Намени од времен карактер се: киосци за продажба на весници, сувенири, цвеќиња и цигари со максимална површина од 8 м2; спортско рекреативни и забавни активности; потреби на градилишта при изградба на објекти; привремени паркинзи, приодни патеки и хортикултурно уредување; урбана опрема од член 2 на овој Правилник; времени објекти во случај на елементарни и други непогоди.

Објектите во функција на намените од времен карактер се од монтажно-демонтажна конструкција и нивното поставување не смее да го попречува нормалното одвивање на сообраќајот, користењето на околните објекти, да не предизвикува бучава и да не се загрозува животната средина и природата.

Имајќи ги предвид веќе наведените уставни и законски одредби како и фактот што со членот 40 став 5 од Законот не е определено дека само за градежното земјиште во сопственост на Републиката, министерот за транспорт и врски ќе го пропишува начинот и условите за давање под краткотраен закуп на градежното земјиште туку тој режим се однесува и за физичките и правните лица, кои се сопственици на градежно земјиште, Судот оцени дека со членовите 1, 2 и 3 од Правилникот со кој се пропишува дека физичките и правните лица, сопственици на градежно земјиште можат под краткотраен закуп да ги издаваат своите земјишта на други лица заради поставување на урбана опрема и за намени од времен карактер кој се таксативно утврдени, им се ограничува правото од сопственоста без постоење на јавен интерес, само во рамките и на начин утврден со акт на министерот.

Со оглед на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.208/2001
25 септември 2002 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Тодор Џунов