У.бр.134/2002-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92) на седницата одржана на 22 јануари 2003 година, донесе

О Д Л У К А

1. СЕ УКИНУВААТ: член 2 став (1) во делот „единствено“; член 4 став (1) и (2); член 6 став (1) во делот „исклучиво“; член 16 став (1) во делот „и вршење јавни овластувања“ и во делот „кое адвокатот сам го заверува со свој печат“; член 34 став (3); член 35 точката 5); член 38; член 42 и член 43 од Законот за адвокатурата (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2002).

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти и дејствија што се донесени, односно преземени врз основа на членовите од Законот означени во точката 1 од оваа одлука.

3. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

4. Уставниот суд на Република Македонија по повод иницијативите поднесени од Ердован Асан од Скопје, Нотарската комора на Република Македонија, Каранфиловски Томислав од Скопје, Здружението на правници од стопанството на Република Македонија и Бирото за заштита на индустриска сопственост при Министерството за економија, а во некои делови и по сопствена иницијатива, со Решение У.бр.134/2002 од 20 ноември 2002 година поведе постапка за оценување уставноста на одредбите од законот означени во точката 1 од оваа одлука.

Со наведеното решение Судот изрече и времена мерка со која се запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се донесени, односно преземени врз основа на членовите од Законот за кои беше поведена постапката.

5. Судот на седницата утврди дека според членот 2 став (1) од Законот, адвокатурата е самостојна и независна јавна служба која единствено обезбедува и дава правна помош.

Според член 4 став (1) точката 1) од Законот, јавните овластувања што ги вршат адвокатите се состојат во вршење на правни работи како што се: право на составување исправи со изјава за потврда на факти, освен за залог за подвижни предмети и права и хипотека, потврдување на заклучоци на собранија на трговски друштва, здруженија на граѓани, фондации и други правни лица и заверување на адвокатско полномошно.

Во ставот (1), точката 2) од истиот овој член на Законот се утврдени јавни овластувања кои се состојат во правото на прибирање известувања врз основа на посебно полномошно од странката, од судовите и другите државни органи, јавни служби и правни лица, кои се должни без одлагање да му ги достават на адвокатот за странката и спротивната странка, а се однесуваат на податоци за плата, односно висина на пензија, социјална помош, инвалиднина или друга рента, потоа на податоци од казнена, матична, даночна и земјишно книжна, односно катастарска евиденција, како и други податоци, ме?у кои и податоци за состојбата на сметките на правни и физи?ки лица во штедно-кредитни односи, односно организации на платен промет и деловни банки.

Во ставот (2) на членот 4 од Законот е утврдено дека во вршењето јавни овластувања адвокатот остварува службени контакти и соработка со судовите, органите за внатрешни работи, други државни органи и организации или други институции кои вршат јавни овластув ања и правни лица во текот на целото работно време.

Во членот 6 став (1) од Законот утврдено е дека адвокатската дејност ја вршат исклучиво адвокати.

Според членот 16 став 1 од Законот, овластувањето за давање правна помош и вршење јавни овластувања адвокатот поединец и адвокатите здружени во адвокатско друштво ги добиваат со полномошно издадено од странката кое адвокатот само го заверува со свој печат.

Според член 34 став (3) од Законот, Адвокатската комора на Република Македонија може да формира трговско друштво под услови и начин утврдени во закон, а според оспорениот член 35 точката 5) добивката од работењето на трговското друштво формирано од Адвокатската комора е еден од изворите на приходи од кои се финансира Адвокатската комора.

Според точките 1) и 2) на ставот (1) на член 38 од Законот ќе се казни за прекршок: 1) лице кое спротивно на членот 6 став (1) од овој закон се јавува како полномошник или дава правна помош на правно лице со кое не е во работен однос или на физичко лице со парична казна од 25.000,00 до 50.000,00 денари и 2) лице кое спротивно на член 6 став (1) од овој закон за награда се занимава или се јавува како полномошник или дава правна помош на правно лице со кое не е во работен однос или на физичко лице, со парична казна од 25.000,00 до 50.000,00 денари.

Според оспорениот член 42 од Законот, со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат:
– одредбите од членовите 6, 41, 41-а, 42, 43, 50, 56 и 138 од Законот за вршење на нотарски работи, како и сите одредби што се однесуваат на право на нотарот да составува исправи, нотарски акт, освен за залог на подвижни предмети и права и хипотека и да застапува (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/96 и 25/98);
– членот 120 од Законот за индустриска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр.42/93) и
– членот 5 од Законот за заштита на топографијата на интегралните кола (“Службен весник на Република Македонија” бр.5/98).
Според член 43 од Законот, со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат:
– членот 83 ставови 1 и 4 од Законот за пранична постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.33/98) и
– членот 58 став 1 од Законот за општата управна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.47/86).

7. При оценување на устав носта на наведените членови од Законот, Уставниот суд, меѓу другото, особено ги имаше предвид следните уставни одредби:

Во член 8 од Уставот, како темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се утврдени и основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот; владеењето на правото и слободата на пазарот и претприемништвото.

Според член 9 од Уставот, кој е и прв во поглавјето –  II. “Основните слободи и права на човекот и граѓанинот “, граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба и тие, исто така се еднакви пред Уставот и законите.

Слободниот избор на вработување и достапноста на секое работно место, на секому под еднакви услови, се едни од основните и најбитни прашања од комплексот на правото на работа, кое спаѓа во категоријата на социјално-економските права утврдени со Уставот.

Според член 50 став 1 од Уставот, секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност, а според ставот 2 на овој член, се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.

Во членот 53 од Уставот, адвокатурата е утврдена како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.

И на крај во членот 54 од Уставот, кој е и последен од поглавјето за гаранциите на основните слободи и права е утврдено дека слободите и правата на човекот и грачанинот можат да се ограничуваат само во случаи утврдени со Уставот, дека ова ограничување може да се пропише за време на воена или вонредна состојба и дека ограничувањето не може да биде дискриминаторско и не може да се однесува за изрично наброените слободи и права во овој член од Уставот.

Од содржината и значењето на наведените уставни одредби како општ заклучок произлегува дека основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, не само што се утврдени како една од темелните вредности на уставниот поредок, но за нивното остварување и заштита се утврдени и соодветни уставни услови и основи. Во таа смисла посебно се знаќајни гаранциите на основните слободи и права, меѓу кое е утврдена и адвокатурата, како еден од основните предуслови за остварување и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот.

Според мислењето на Судот, целта на член 53 од Уставот е да се утврди статусот и положбата на адвокатурата како самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна помош и врши јавни овластувања во согласност со закон, што е израз на фактот дека правната помош дадена од стручно-квалификувана, самостојна и независна служба е основна гаранција за остварување и заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот.

Меѓутоа, вклучувањето и утврдувањето на адвокатурата со означениот статус и својство, како една од уставните гаранции за основните слободи и права, не значи дека таа е и единствено надлежна за пружање и обезбедување на правна помош.

Секое толкување на членот 53 од Уставот, во смисла дека тој ја исклучува можноста правна помош да обезбедуваат и други субјекти, освен адвокатурата, според Судот би било многу рестриктивно и не би соодветствувало на значењето и уставниот третман на слободите и правата на човекот и граѓанинот.

При тоа, особено треба да се има предвид дека слободите и правата на ќовекот и граѓанинот, односно нивното гарантирање, според Преамбулата на Уставот претставува една од целите за неговото донесување и дека тие се една од темелните вредности на кои се заснова уставниот поредок на Република Македонија.

Исто така, карактеристично за уставното нормирање на слободите и правата на човекот и граѓанинот е и тоа што основните слободи и права оригинерно се утврдени во самиот Устав и што тие се уредени во вториот дел (глава) што доаѓа по Основните одредби, а пред нормите за организацијата на власта и другите одредби од уставен карактер.

Од ваквиот приод и однос на Уставот кон човековите слободи и права произлегува и нивната првенствена улога и вредност во утврдувањето и градењето на Република Македонија, како суверена, самостојна и пред се демократска држава, чиј суверенитет произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните.

Наведените карактеристики даваат основа за заклучок дека интенцијата на Уставот е со закон да се утврдуваат норми кои ќе овозможуваат уставно утврдените слободи и права да се остваруваат посодржајно и поцелосно, а со цел да се обезбеди што е можно пореален сооднос помеѓу нормите на Уставот за слободите и правата и нивното реализирање, а не норми кои нема да се во оваа функција, односно кои ќе претставуваат кочница за тоа.

Разгледувајќи ги оспорените делови на членовите 2 и 6 од Законот во контекст на гореизнесеното Судот смета дека тие не кореспондираат со улогата, значењето и воопшто со определбите изразени во Уставот во поглед на слободите и правата на човекот и граѓанинот. Ова од причини што решението во овие оспорени одредби од Законот, според кое правната помош, од било кој вид, единствено и исклучиво ја обезбедуваат адвокатите, односно адвокатурата, според Судот не е во интерес на граѓаните и не е во функција на поцелосно и поефикасно остварување на нивните права и интереси, со оглед дека тоа, прво е премногу рестриктивно во однос на кругот на лицата, односно субјектите од кои што граѓаните досега, а тргнувајќи пред се од сопствениот и нтерес, можеа да избираат кој ќе ги застапува во постапките пред судовите, органите на државната управа или други организации и институции што вршат јавни овластувања. Второ, ова решение создава нееднаквост, односно дискриминација меѓу граѓаните по основ на нивната имотна состојба бидејќи правната помош во овој случај ќе им биде достапна само на онаа категорија граѓани кои ќе имаат средства да ги платат услугите на адвокатите, што не беше случај пред донесувањето на овој Закон за адвокатурата.

И не само тоа. Консеквенциите од утврдување на монополската положба на адвокатурата во давање и обезбедување правна помош би биле уште подрастични и понеповолни ако се има предвид дека Законот не содржи правила и критериуми според кои ќе се утврдува наградата и трошоците на адвокатите, но Адвокатската комора во тоа е сосема слободна и независна. Во вакви услови логично се поставува прашањето која е гаранцијата дека адвокатите нема да го фаворизираат нивниот материјален интерес, со определување на неоправдано високи цени на нивните услуги, место да утврдат поприфатливи услови за да нивните услуги бидат достапни за поширок круг на граѓани, па и на оние со понизок стандард, што би било во согласност и со социјалниот карактер на Републиката.

Поради наведените причини, Судот смета дека овие оспорени одредби место да имаат позитивен одраз, тие негативно ќе се одразат врз реалното остварување на слободите и правата на граѓаните што секако не е во согласност со интенциите на Уставот во тој поглед.

Бидејќи правната помош е предуслов за остварување скоро на сите слободи и права, со овие законски одредби истовремено на индиректен начин се врши ограничување и на другите права и слободи на граѓаните, а во прв ред на правото да бараат судска заштита.

Имено, според ова реше ние, правото на судска заштита на сите индивидуални права и правни интереси на граѓаните, во случај кога тие не се способни сами да се застапуваат, односно репрезентираат, повторно ќе им биде достапно само на оние кои можат да платат адвокат, а не и на оние кои немаат таква можност.

Односно, овие последните не ќе можат рамноправно да учествуваат во процесната и другите судски постапки против оние граѓани кои можат своите права да ги штитат со ангажирање на адвокат, поради што се нарушува и процесната рамнотежа поради нееднаквата имотна состојба на странките во постапката.

Понатаму, имајќи ги предвид условите за упис во именикот на адвокатите, со кој се стекнува својството на адвокат, Судот смета дека решенијата според кои адвокатите се единствено надлежни за давање и обезбедување правна помош не може да се оправда ниту од аспект дека тие се единствено квалификувани за тоа. Ова од едноставна причина што адвокатите се само дел од единствената правна професија и тие имаат исто знаење и способности како и другите лица со завршен правен факултет и положен правосуден испит. Со тоа што овие лица не се определиле професионално да се бават со адвокатура, не ги прави помалку квалификувани од адвокатите да и тие давааат правна помош, било на граѓаните или на правните лица во кои се вработени, се разбира во случаи и под услови определени со закон.

Од друга страна, условите за квалитетно давање на правна помош, а во рамките на тоа и за квалитетно застапување, не можат да бидат идентиќни во разли?ни случаи и во различни предмети. Некои предмети, со оглед на нивната специфичност, освен правно образование, бараат познавање и од други области, па затоа сите адвокати не можат да бидат подеднакво стручно способни и квалификувани за давање правна помош и застапување во сите случаи .

И на крај, како заклучок, оспорените делови на членовите 2 и 6 од Законот, со кои се воспоставува монополска положба на адвокатурата во давањето и обезбедување на правна помош на грачаните и правните лица и тоа во сите области, и во сите постапки и случаи, без исклучк, се крајно рестриктивни и неповолни, бидејќи со нив на индиректен начин се врши ограничување и на сите други права и слободи на граѓаните утврдени во Уставот, кое ограничување, пак, не само што нема директен основ во Уставот, но е прекумерно неоправдано и од аспект на членот 53 од Уставот, бидејќи ја надминува неговата цел и суштина.

Освен тоа, употребените термини “единствено” и “исклучиво” во членовите 2 и 6 од Законот создаваат конфузија и дисхармонија во правниот режим на обезбедување правна помош воопшто, бидејќи во постојната регулатива, односно во други закони, кои не престанале да важат, се уште се содржани решенија кои, исто така, се однесуваат за пружање и обезбедување правна помош, но од други субјекти, односно лица што не се адвокати. Ваквата состојба создава правна несигурност како кај граѓаните и правните лица, така и кај органите што треба да ги применуваат овие закони. Ова дотолку повеќе што давањето правна помош спротивно на овие членови од Законот, во членот 38 став (1) точките 1) и 2), кои исто така се оспорени, е санкционирано како прекршок, со што практично иако формално-правно не престанале да важат одредбите од другите закони тие не можат или поточно не смеат да се применуваат.

Во овој контекст значајно е да се истакне дека според мислењето на Судот определувањето дали во сите или во некои и во кои случаи, односно предмети и во кои постапки и пред кои органи е потребна стручна помош на странките од страна на адвокат, се прашања што треба да се уредуваат со други закони, а не со Законот за адвокатурата бидејќи според Судот овој закон треба да се занимава само со организациони прашања и прашања што се од значење за функционирање на адвокатурата, како самостојна и независна јавна служба.

Поради сето напред наведено, Судот оцени оспорените делови на членовите 2 и 6 од Законот не се во согласност со Уставот во целина, а посебно со член 8 алинеите 1 и 3, член 9, член 50, член 53, член 55 и член 54 став 1 од Уставот.

Во оспорениот член 4 од Законот за прв пат се утврдени работи кои адвокатурата ќе ги врши како јавни овластувања што според член 53 од Уставот не е спорно како можност да се утврдат со закон.

Меѓутоа, освен можноста за вршење на јавни овластувања од страна на адвокатурата и организации или институции (утврдени во членовите 15, 50 и 77) Уставот од 1991 година, за разлика од Уставот од 1974 година, не содржи ниедна одредба во смисла на карактерот, видовите, начинот и постапката на доверување на вршење јавни овластувања од страна на овие субјекти.

Според правната наука, пак, јавните овластувања се функции на државата чие вршење се доверува на установи, организации и заедници и најчесто се однесуваат за: уредување на одделни односи од пошироко значење, решавање во поединечни управни работи, водење евиденции, издавање јавни исправи и сл.

На овие субјекти правото да вршат јавно овластување им се пренесува со закон. Јавното овластување на субјектите им дава способност во однос на поединците, правни лица и други субјекти да настапуваат со авторитет на власт, па затоа и за нив важат правилата што се однесуваат на органите на власта.

Поради тоа, вршењето на јавното овластување потполно се регулира со закон со цел да се избегне можноста од злоупотреба и да се обезбеди нивно одговорно вршење потребно во интерес на органот во чие име се врши тоа. Исто така, битен елемент е вршењето на јавното овластување да биде контролирано од државата, која го задржува правото да врши надзор над законитоста на работата на субјектот на кого му е доверено.

Спротивно на изложеното, Законот, освен што во член 4 став (1) точката 1) како јавни овластувања го утврдува составувањето на исправи со изјава за потврда на факти и потврдувањето на заклучоци тој не содржи конкретни одредби за тоа во која форма, за кои факти, со каква содржина и на кој начин адвокатите ќе ги составуваат и потврдуваат актите (исправите и заклучоците), а ниту содржи одредби за тоа на кој начин и од кој државен орган ќе се врши контрола и надзор над законитото вршење на овие јавни овластувања.

Ако се има предвид дека и за субјектите на кои им е доверено вршење на јавното овластување важи принципот на законитост, како и за другите државни органи, а кој принцип се изразува во обврската на сите субјекти на кои со закон и е доверено јавното овластување своите акти, меѓу кои и јавните исправи, да ги донесуваат, односно дејствијата да ги преземаат во однапред со закон определена процедура, форма и содржина, тогаш Законот за адвокатурата поради тоа што не ги уредил сите наведени прашања не обезбедува законско работење на адвокатите, односно работење во согласност со закон, а ниту одговорно ст и контрола од државата над извршувањето на овој вид доверени јавни овластувања. Напротив, адвокатите при ваква состојба на работите се доведени во состојба во секој конкретен случај на вршење на јавните овластувања самостојно да одлучуваат како ќе постапуваат, што не е гаранција за еднаквост и правна сигурност на граѓаните.

Оттука, иако не е спорно дека составувањето на исправи и потврдувањето на заклучоци утврдени во член 4 став (1) точка 1) од Законот, место Нотаријатот, одсега натаму можат да ги вршат адвокатите како јавно овластување, меѓутоа со оглед дека нивното извршување е утврдено на начин кој што не обезбедува еднаквост и правна сигурност, ниту владеење на правото, а поради горенаведените причини, Судот оцени дека овие одредби на точката 1) став (1) на членот 4 од Законот не се во согласност со членот 8 алинеја 3 и член 9 од Уставот.

Во однос на заверувањето на адвокатско полномошно, кое како јавно овластување исто така е утврдено во членот 4 став (1) точка 1), Законот нуди решение во поглед на формата и начинот на кој адвокатите ќе го вршат овој вид на јавно овластување, што не е случај за другите видови јавни овластувања утврдени во истата точка на ставот (1) на членот 4 (за составување на исправи и потврдување на заклучоци).

Меѓутоа, ако се има предвид дека заверката на полномошно, и според Законот за општата управна постапка и според Законот за парнична постапка, органот може да ја побара во случај кога ќе се посомнева во неговата вистинитост, а која вистинитост, според овие членови од Законот фактички со свој печат треба да ја гарантира и потврди адвокатот кој што истовремено е и полномошник, односно едно од лицата меѓу кое е направено полномошното, тогаш според Судот ваквата заверка не е доволна гаранција за вистинитоста на полномошното во која органот се посомневал бидејќи не се обезбедени инструменити за надзор и за заштита од евентуална злоупотреба при вршење на овој вид јавно овластување.
Одредбата на точката 2) на ставот (1) од членот 4 на Законот, чиј дел исто така е предмет на оспорување во иницијативите, не е третирана заедно со точката 1) на ставот (1) на истиот овој член, бидејќи јавното овластување утврдено во оваа точка е од поинаква природа и карактер (не се однесува на составување јавни исправи и потврдување записници). Имено, според оваа точка јавното овластување што адвокатите имаат право да го вршат во правните работи се состои во нивното право, врз основа на посебно полномошно од странката, од судовите и другите државни органи, јавни служби и правни лица да бараат да им доставуваат определени податоци, како за странката што го дала овластувањето за тоа, така и за спротивната странка.

Овој вид на јавно овластување, иако во правната теорија не се среќава, според мислењето на Судот не е спорно од аспект на ефикасност и растеретеност на органите самите да ги бараат наведените податоци кога се потребни тие да одлучуваат по барања на граѓаните, но е дискутабилно што е утврдено дека се остварува врз основа на посебно полномошно од странката, а уште повеќе што врз основа на тоа полномошно адвокатот може да бара податоци и за спротивната странка во спорот, односно во постапката.

Имајќи предвид дека во конкретниот случај посебното полномошно од странката претставува основ за вршење на јавното овластување утврдено во точката 2) на ставот (1) од членот 4 од Законот, Судот смета дека ваквата законска одредба не кореспондира со прифатениот концепт за јавното овластување според кој јавното овластување се пренесува и остварува врз основа и по сила на законот.

Освен тоа, ако странката и без оваа одредба од Законот има право полномошникот, во конкретниот случај адвокатот, да го овласти во нејзино име и на нејзина сметка во постапката пред државните органи, институции и други правни лица да ги презема сите дејствија, меѓу кои да бара и податоци кои се однесуваат за нејзе, и дека овие дејствија го имаат истото правно дејство како да ги преземала самата странка, тогаш сосема оправдано се поставува прашањето која е смислата адвокатот барањето на наведените под атоци за странката чиј полномошник е да го врши како јавно овластување, при тоа имајќи го предвид карактерот и значењето на овој институт, како и тоа дека јавното овластување се врши во име на органот што го пренел неговото вршење.

Од друга страна, оваа законска одредба во делот според кој врз основа на издадено полномошно од странката адвокатот може да бара доставување на податоци и за спротивната странка, иако од неа нема полномошно, се коси со институтот полномошно (полномошник) и го изместува значење то, како и улогата и функцијата поради која е востановен овој институт. Ова затоа што, со оваа законска одредба фактички се допушта странката на својот полномошник-адвокат да му пренесе поголеми права од оние што самата ги има, што е недозволиво, а на овој начин истовремено се повредува и уставната гаранција на сигурност и тајност на личните податоци на спротивната странка, со акт и постапка за кои не постои уставен основ.

Поради наведените причини Судот оцени дека точката 2) на ставот (1) на член 4 од Законот во целина, а не само во нејзиниот оспорен дел, не е во согласност со Уставот.

Ставот (2) на член 4 од Законот иако не е оспорен, но со оглед дека е во функција на извршување на јавните овластувања утврдени во ставот (1), а поврзано со овој став се и оспорените делови на член 16 став 1 од Законот, Судот оцени дека и овие одредби не се во согласност со Уставот.

Имајќи предвид дека според Законот, Адвокатската комора се основа, односно организира заради вршење на точно определени работи (да одлучува за стекнување и престанок на правото на вршење адвокатска дејност, да одлучува за одговорноста на адвокатите во извршувањето на нивните должности и при тоа да изрекува соодветни дисциплински мерки, да ја донесува тарифата и ја утврдува висината на уписнината, да се грижи за стручното оспособување и усовршување на адвокатите и др.) а некои од нив по својот карактер и значење претставуваат и јавни овластувања, иако во Законот не се така определени, Судот смета дека Адвокатската комора нема правен субјективитет да основа трговско друштво.

Или поконкретно, основањето на трговско друштво од страна на Адвокатската комора и нејзиното финансирање од добивката од неговото работење, според мислењето на Судот, е неспојливо со јавно-правниот стат ус на Адвокатската комора, и на адвокатурата воопшто, како и со целите и функциите заради кои, а согласно уставно-утврдената положба на адвокатурата, со Законот се основа, односно е утврдена обврската на адвокатите да се организираат во Адвокатска комора.

Поради тоа, Судот оцени дека член 34 став (3) и член 35 точка 5) од Законот не се во согласност со членот 53 од Уставот.

Бидејќи одредбите на членот 38 став (1) точките 1) и 2) по својот карактер се казнени одредби и со нив се санкционира давањето на правна помош спротивно на член 6 став (1) од Законот, а за членот 6 став (1), како и за член 2 став (1) од Законот, кои што претставуваат основа за овие казнени одредби, Судот оцени дека не се во согласност со Уставот, тогаш ло гично следува истата оценка на Судот и во однос на овие одредби од Законот.

Одредбите на членот 38 став (1) точките 3) и 4) иако не беа оспорени со овие иницијативи, но со оглед дека со нив се санкционираат дејствијата спротивни на вршењето на јавните овластувања утврдени во членот 4 од Законот, Судот оцени дека и овие одредби на членот 38 не се во согласност со Уставот.

Од одредбите на членовите 2 и 6 од Законот, според кои адвокатурата единствено обезбедува и дава правна помош и адвок атската дејност исклучиво ја вршат адвокатите јасно произлегува дека целта и определбата на законодавецот со донесувањето на овој закон била на адвокатурата да и обезбеди ексклузивно право да дава и да им обезбедува правна помош на граѓаните и правните лица во постапките за остварување на нивните права и правни интереси. Според образложението на Предлогот на Законот ова право на адвокатурата било во согласност со членот 53 од Уставот.

Следствено на тоа, во членовите 42 и 43 од Законот е предвидено со неговото влегување во сила да престанат да важат одредените одредби од законите утрдени во овие членови.

За тоа пак, дали адвокатурата според членот 53 од Уставот е единствено надлежна за обезбедување правна помош, од какво што толкување тргнал законодаевот при донесувње на овој закон, се дадени доволно елемен ти и аргументи врз кои се заснова и одлуката на Судот во врска со уставноста на оспорените делови на членовите 2 и 6 од Законот. Со оглед дека тие аргументи истовремено се основа за неуставноста и на оспорените одредби на членовите 42 и 43 од Законот, на ова место, ќе се укаже само на некои правни и фактички состојби и последици што според мислењето на Судот се предизвикани со престанување на важење на одредбите од законите наведени во овие членови од Законот.

Имено, и по престанување на важењето на членовите од законите наведени во членовите 42 и 43 од Законот, во правниот систем на Република Македонија останаа да важат одредби од редица други закони кои исто така предвидуваат дека полномошник, освен адвокат може да биде и друго лице. Вакви одредби и понатаму се содржани и во самиот Закон за парничната постапка (?лен 84) и во Законот за индустриска сопственост (член 10).

Ваквата состојба, од една страна укажува дека законодавецот докрај и доследно не ја извел концепцијата на Законот согласно неговата цел и определба, а од друга страна, значи дека по донесувањето на Законот за адвокатурата во Републиката постои неконзистентна и неусогласена законска регулатива за обезбедување на правната помош, што за своја последица има правна несигурност, а истовремено и нарушување на принципот на владеењето на правото во оваа област.

Ако кон сето ова се додаде и тоа дека членот 83 став 1 и 4 од Законот за парничната постапка престанал да важи според закон што се носи со обично мнозинство, а не со двотретинско мнозинство какво што е предвидено во член 98 од Уставот за Законот за парничната постапка, а со такво мнозинство по аналогија би требало да се врши и секоја негова измена било и со престанување или укинување на одделни негови членови, тогаш тоа е причина повеќе поради кои Судот оцени дека член 42 алинеите 2 и 3 и член 43 од Законот не се во согласност со член 8 алинеја 3 и член 98 од Уставот.

Подеднакво слични последици во правниот поредок има и престанувањето на ва жењето на соодветните членови од Законот за вршење на нотарските работи. Ова од причини што нотарот има право да составува исправи во вид на нотарски акт за дејствија за чие вршење е надлежен и по други закони како на пример: Законот за меница, Законот за сопственост и други стварни права, Законот за залог на подвижни предмети, Законот за договорна хипотека, Законот за трговските друштва и др.

Со укинувањето на член 43 и 50 од Законот за вршење на нотарските работи во кои е утврдена постапката за соста вување на нотарски акт се доведува во прашање начелото на законито вршење на работите на нотарот, бидејќи секој нотар е доведен во ситуација да постапува арбитретно при составувањето на овие акти, со што се нарушува начелото на владеење на правото.

Исто така, и во Законот за извршната постапка е предвидено дека нотарската исправа е извршна ако станала извршна според посебен пропис. Таков посебен пропис е Законот за вршење на нотарските работи во чиј член 42, кој што повеќе не важи, беа уредени постапката и условите под кои еден нотарски акт може да се смета како извршна исправа подобна за присилно извршување.

Сето ова значи дека иако според одделни материјални закони нотарот има право да составува нотарски акт кој под одредени услови според Законот за извршната постапка е и извршен, тој фактички тоа не може да го прави поради укинување на наведените одредби.

Одредбата, пак, од членот 42 алинејата 1 во делот „како и сите одредби што се однесуваат на право на нотарот да составува исправи, нотарски акт”, поради тоа што не е јасно и прецизно определено кои се тие одредби од Законот според мислењето на Судот остава простор за нејзино слободно и различно толкување во примената било од нотарите било од адвокатите, а со последици по правната сигурност на граѓаните, како елемент на уставниот принцип на владеењето на правото.

Поради наведените причини Судот оцени дека и алинејата 1 на член 42 од Законот не е во согласност со Уставот.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Со оглед дека оваа одлука е конечна и извршна Судот во однос на изречената мерка одлучи како во точката 2 од оваа одлука.

8. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр.134/2002
22 јануари 2003 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Д-р Тодор Џунов