У.бр.98/2022


Уставен суд
на Република Северна Македонија
У.бр.98/2022
Скопје, 31.01.2024 година

Уставниот суд на Република Северна Македонија, во состав Добрила Кацарска, претседател на Судот и судиите Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, д-р Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер, врз основа на член 110 од Уставот на Република Северна Македонија, член 28 алинеја 1 и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 31 јануари 2024 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на:

– уставноста на Законот за социјална сигурност за старите лица („Службен весник на Република Македонија“ бр.104/2019), во целина и
– уставноста и законитоста на член 2, член 3 и член 4 од Правилникот за начинот на утврдување на состојбата и видот на приходите, имотот и имотните права на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница, образецот на барањето и потребната документација за остварување на правото на социјална сигурност за старите лица („Службен весник на Република Македонија“ бр.109/2019 188/2019 и 192/2020).

2. СЕ ОТФРЛА иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението УП.бр.1702-2488/21 на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје-Кисела Вода.

Образложение

I

До Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добра Петковска од Скопје поднесе иницијатива за оценување на уставноста, односно уставноста и законитоста на актите означени во диспозитивот на ова решение.

Во иницијативата се бара поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Законот за социјална сигурност за стари лица од причина што истиот е контрадикторен и е во спротивност со член 9 став 2, член 35 став 2, член 36 став 1 и член 51 став 1 од Уставот. Подносителката на иницијативата смета дека е дискриминирана по однос на член 36 став 1 од Уставот. Понатаму, истата се повикува на начелото на праведност и еднаквост врз основа на кое смета дека се исполнети услови за покренување на постапка за оцена на уставноста и законитоста на одредбите од оспорениот закон, а исто така, се повикува и на член 261 став 5 од Законот за социјална заштита.

Според наводите во иницијативата, по однос на оспорените одредби од Правилникот се наведува дека се косат со член 36 став 1 од Уставот, укажувајќи дека истата живее во брачна заедница, а не во вонбрачна како што е наведено во оспореното решение. Исто така, се укажува дека во Решението стои дека нејзиниот сопруг користи инвалидска пензија во износ од 5.946,00 денари, а впрочем се работи за инвалиднина поради што оспорениот закон и правилник ја дискриминираат.

II

На седницата Судот утврди дека Законот за социјална сигурност за старите лица содржи вкупно 18 члена. Со овој закон во системот на социјалната заштита се овозможува зголемување на ефективноста на паричните давања и намалување на процентот на сиромаштијата кај старите лица над 65-годишна возраст кои не можат да обезбедат средства за егзистенција по други основи.

Во член 1 од истиот закон е определено дека со овој закон се уредува социјалната сигурност за старите лица, условите и постапката за остварување и финансирањето на правото на социјална сигурност за старите лица.

Оспорениот правилник во член 2 предвидува дека како вкупни приходи по сите основи на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница при остварување и користење на правото на социјална сигурност за старите лица се сметаат приходите остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користење на правото, од: 1. доход од работа; 2. доход од самостојна дејност; 3. доход од продажба на сопствени земјоделски производи; 4. пензија остварена во Република Северна Македонија; 5. доход од авторски и сродни права; 6. доход од права од индустриска сопственост; 7. доход од закуп и подзакуп; 8. доход од капитал; 8 .капитални добивки; 9. добивки од игри на среќа; 10. доход од осигурување; 11. право на гарантирана минимална помош; 12. родителски додаток; 13. паричен надоместок по основ на невработеност; 14. воена инвалиднина; 15. цивилна инвалиднина; 16. финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj; 17. траен надоместок; 18. надоместок на плата за скратено работно време и 19. друг доход.

Со член 3 од Правилникот се уредува дека при остварување и користење на правото на социјална сигурност за старите лица, како приход не се смета: 1. надоместок за помош и нега од друго лице; 2. надоместок заради попреченост; 3. додаток за домување; 4. еднократна парична помош; 5. паричен надоместок за трошоците за сместување на лицето во згрижувачко семејство и надоместок за згрижување; 6. донации, согласно Законот за донации; 7. финансиска помош која се користи за лекување во земјата или во странство за корисникот, неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница врз основа на одлука на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија; 8. пријавени или остварени нето приходи од член 2 точките 3 и 19 од овој правилник, на сите членови на домаќинството, во вкупна висина до 30 000 денари во последните 12 месеци.

Во член 4 од Правилникот се уредува дека како имот и имотни права од кои подносителот, неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница може да се издржуваат, се смета: 1. семејна куќа или стан во кој не живее или не го користат за живеење; 2. стан или куќа во градба; 3. деловен простор; 4. регистрирано моторно возило (патничко моторно возило, мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и трактор); 5. градежно земјиште, освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее; 6. обработливо земјоделско земјиште во сопственост или под закуп, во сопственост на Република Северна Македонија со договор за користење на земјоделско земјиште на плодоуживање, со површина поголема од 7.000 м2, во IV и V катастарска класа се засметува со 40% од фактичката површина, а земјиштето, распоредено во VI, VII или VIII катастарска класа се засметува со 20% од фактичката површина; 7. заштеди/штеден влог во вредност над 70.000,00 денари и 8. хартии од вредност. По исклучок од став 1 точка 4 на овој член, регистрирано патничко возило не се смета за имот, доколку истото се користи за превоз на лице од ставот 1 на овој член, како лице со попреченост.

III

Во иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за социјална сигурност за старите лица, подносителката го оспорува и бара истиот да се укине во целост, но содржи наводи кои се однесуваат на одредбите од член 3 и член 4 во кои се утврдени условите за остварување на правото на социјална сигурност за старите лица што произлегува од наводите дека во оспореното решение стои дека нејзиниот сопруг користи инвалидска пензија во износ од 5.946,00 денари.

Според член 8 став 1 алинеја 8 од Уставот, темелна вредност на уставниот поредок на Републиката се хуманизмот, социјалната правда и солидарноста.

Согласно член 9 од Уставот, граѓаните на Република Северна Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба. Според став 2 од овој член граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Во член 34 од Уставот е утврдено дека граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор. Според ставот 1 на член 35 од Уставот, Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност, додека според став 3 од истиот член, Републиката е должна да обезбеди посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивното вклучување во општествениот живот.

Правна основа за регулирање на системот на социјалната заштита претставуваат одредбите од Уставот на Република Северна Македонија, и тоа член 34, со кој е утврдено дека граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со закон и со колективен договор и член 35, со кој е уредено дека Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно со начелото на социјална праведност, им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани, им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.

Од наведените уставни одредби произлегува дека Уставот го прокламира и утврдува општиот принцип на правото на граѓаните на социјална сигурност кое е препуштено на уредување со закон. Исто така, Уставот ја прокламира грижата на Републиката за социјална заштита и социјална сигурност на граѓаните која се остварува врз основа на начелото на социјална правичност како посебна заштита на старите лица. Прокламирањето на тие уставни принципи произлегува од социјалниот карактер на државата, а видовите на правата што се стекнуваат, нивната висина, начинот на стекнување и користење се резервирани за законодавната власт, која има широк простор во уредувањето на сите релевантни услови кои се од значење за остварување на социјалната сигурност на граѓаните во конкретниот случај, старите лица.

Во член 1 од Законот за социјална сигурност за старите лица е определено дека со овој закон се уредува социјалната сигурност за старите лица, условите и постапката за остварување и финансирањето на правото на социјална сигурност за старите лица.

Според член 2 од истиот закон, социјалната сигурност за старите лица се обезбедува согласно со начелата на социјална праведност, хуманост и солидарност.

Согласно член 3 од овој закон право на социјална сигурност за старите лица има лице со навршени 65 години возраст под услови утврдени со овој закон. Ако подносителот на барањето за остварување на правото од ставот 1 на овој член има брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница со навршени 65 години возраст, правото го остварува само едно од лицата.

Според член 4 од истиот закон, право на социјална сигурност за старите лица, лицето од член 3 став 1 од овој закон го остварува ако: 1. има државјанство на Република Северна Македонија; 2. има постојано место на живеење во Република Северна Македонија во последните 15 години пред поднесување на барањето; 3. нема во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува; 4. не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава и не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на барањето. Условите од ставот 1 точки 3, 4 и 5 на овој член се однесуваат и за неговиот брачен другар или лицето со кое живее во вонбрачна заедница.

Во член 5 од овој закон е уредено дека право на социјална сигурност за старите лица не може да оствари лице кое со решение на центарот за социјална работа е сместено подолго од 30 дена во установа за вонсемејна социјална заштита, здравствена или друга установа.

Од цитираните законски одредби, произлегува уредувањето заради социјална сигурност на старите лица, односно посебна помош и заштита по основ на нивната материјална необезбеденост, доколку старите лица не ги исполнуваат условите за остварување на право на пензија. Ваквото уредување се заснова на начелата на социјална сигурност, хуманизам и солидарност и се однесува на сите со навршени 65 години под условите определени во овој закон.

Утврдените мерила и критериуми за стекнување на правата од социјална сигурност за старите лица се однесуваат на сите подеднакво кога се наоѓаат во иста положба и на тој начин не се повредува уставниот принцип на еднаквост на граѓаните. Тоа што остварувањето на правата на старите лица зависи од критериумите дадени во Законот не значи повреда на тој уставен принцип, ниту содржи дискриминаторски однос кон подносителката, поради што не може да се постави прашањето за согласност на одредбите од Законот со цитираните одредби од Уставот. Ваквата законска регулатива е во рамките на уставното овластување на законодавецот да го определува нивото на социјалната сигурност на старите лица и да ги определува правата од социјално осигурување и нивниот обем во согласност со општествено-економските услови во Република Северна Македонија, водејќи сметка за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните согласно начелото на социјална праведност и водејќи сметка за еднаквост на граѓаните пред Уставот и законот.

Социјалната праведност во системот на социјалната заштита се остварува преку преземање мерки за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, при што се утврдени условите за остварување и користење на правата од социјалната заштита. На овој начин се овозможува граѓаните да имаат право на социјална заштита согласно со закон и начелото на социјална праведност, при што се овозможува владеење на правото и не се ограничуваат слободите и правата на човекот и граѓанинот.

Со Законот за социјална сигурност за старите лица во системот на социјалната заштита се овозможи зголемување на ефективноста на паричните давања и намалување на процентот на сиромаштијата кај старите лица над 65-годишна возраст, кои не можат да обезбедат средства за егзистенција по други основи. Наведеното произлегува од останатите одредби од оспорениот закон и тоа од член 6 од оспорениот закон каде е утврдено дека висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица изнесува 6.000 денари. Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица, се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во тековната година. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година не се врши усогласување на висината на правото на социјална сигурност за старите лица. Во член 7 од истиот закон, корисникот на правото на социјална сигурност за старите лица, има право на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од октомври до март. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година не се врши усогласување на висината на паричниот додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството. Паричниот додаток од ставовите 1 и 2 на овој член, во случај кога корисникот е член на домаќинство се остварува само кога домаќинството не го користи овој додаток согласно со Законот за социјалната заштита.

Согласно член 8 од овој закон на корисникот на правото на социјална сигурност за старите лица му се обезбедува право на здравствена заштита, согласно со овој закон и прописите од областа на здравственото осигурување. Здравствена заштита од ставот 1 на овој член се обезбедува само доколку не може да се стекне со осигурување по друга основа.

Согласно член 9 од овој закон корисникот е должен да ја пријави материјалната и имотната состојба за себе, за брачниот другар или лицето со кое живее во вонбрачна заедница, при поднесување на барањето и за време на користење на правото, да извести за промените во текот на користењето на правото, а кои влијаат на остварување и користење на правото, во рок од 15 дена сметано од настанувањето на промената, до надлежниот центар за социјална работа.

Во останатите членови од Законот за социјална сигурност за старите лица е определено по кои услови престанува правото на социјална сигурност на старите лица, како и постапката за престанување на ова право.

Наведените услови за стекнување и за престанување на правото на социјална сигурност за старите лица се еднакви за сите лица кои наполниле 65 години возраст од што произлегува дека овој пропис се заснова на уставната определба дека социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните се обезбедува согласно начелото на социјална праведност и гарантираното право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани и во согласност со член 8 став 1 алинеја 1, член 9, член 34, член 35 и член 51 од Уставот на Република Северна Македонија.

Врз основа на член 14 од Законот за социјална сигурност за старите лица министерот за труд и социјална политика, донесе Правилник за начинот на утврдување на состојбата и видот на приходите, имотот и имотните права на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница, образецот на барањето и потребната документација за остварување на правото на социјална сигурност за старите лица („Службен весник на Република Македонија“ бр.109/2019, 188/2019 и 192/2020) .

Согласно член 1 од овој правилник се уредува дека со истиот се пропишува начинот на утврдување на состојбата и видот на приходите, имотот и имотните права на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница, образецот на барањето и потребната документација за остварување на правото на социјална сигурност за старите лица.

Во член 2 од истиот правилник е утврдено дека како вкупни приходи по сите основи на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница при остварување и користење на правото на социјална сигурност за старите лица се сметаат приходите остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користење на правото, од: 1. доход од работа; 2. доход од самостојна дејност; 3. доход од продажба на сопствени земјоделски производи; 4. пензија остварена во Република Северна Македонија; 5. доход од авторски и сродни права; 6. доход од права од индустриска сопственост; 7. доход од закуп и подзакуп; 8. доход од капитал; 8. капитални добивки; 9. добивки од игри на среќа; 10. доход од осигурување; 11. право на гарантирана минимална помош; 12. родителски додаток; 13. паричен надоместок по основ на невработеност; 14. воена инвалиднина; 15. цивилна инвалиднина; 16. финансиска поддршка од областа на земјоделството и руралниот развоj; 17. траен надоместок; 18. надоместок на плата за скратено работно време и 19. друг доход.

Со член 3 од Правилникот се уредува дека при остварување и користење на правото на социјална сигурност за старите лица, како приход не се смета: 1. надоместок за помош и нега од друго лице; 2. надоместок заради попреченост; 3. додаток за домување; 4. еднократна парична помош; 5. паричен надоместок за трошоците за сместување на лицето во згрижувачко семејство и надоместок за згрижување; 6. донации, согласно Законот за донации; 7. финансиска помош која се користи за лекување во земјата или во странство за корисникот, неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница врз основа на одлука на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија; 8. пријавени или остварени нето приходи од член 2 точките 3 и 19 од овој правилник, на сите членови на домаќинството, во вкупна висина до 30 000 денари во последните 12 месеци.

Во член 4 од Правилникот се уредува дека како имот и имотни права од кои подносителот, неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница може да се издржуваат, се смета: 1. семејна куќа или стан во кој не живеат или не го користат за живеење; 2. стан или куќа во градба; 3. деловен простор; 4. регистрирано моторно возило (патничко моторно возило, мотор над 50 cм3, комбе, автобус, камион, комбајн и трактор); 5. градежно земјиште, освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее; 6. обработливо земјоделско земјиште во сопственост или под закуп, во сопственост на Република Северна Македонија со договор за користење на земјоделско земјиште на плодоуживање, со површина поголема од 7.000 м2, во IV и V катастарска класа се засметува со 40% од фактичката површина, а земјиштето, распоредено во VI, VII или VIII катастарска класа се засметува со 20% од фактичката површина; 7. заштеди/штеден влог во вредност над 70.000,00 денари и 8. хартии од вредност. По исклучок од став 1 точка 4 на овој член, регистрирано патничко возило не се смета за имот, доколку истото се користи за превоз на лице од ставот 1 на овој член, како лице со попреченост.

Од анализата на оспорените членови од Правилникот произлегува дека истите се во функција на операционализација на членовите од Законот, со кои се определува начинот на утврдување на состојбата и видот на приходите, имотот и имотните права на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница, образецот на барањето и потребната документација за остварување на правото на социјална сигурност за старите лица. Во член 2 од истиот правилник е утврдено дека како вкупни приходи по сите основи на подносителот и неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница при остварување и користење на правото на социјална сигурност за старите лица се сметаат приходите остварени во последните три месеци пред поднесување на барањето и во текот на користење на правото. Со член 3 од Правилникот се уредува што не се смета за приход при остварување и користење на правото на социјална сигурност за старите лица. Во член 4 од Правилникот се уредува кој имот и имотни права од кои подносителот, неговиот брачен другар или лице со кое живее во вонбрачна заедница може да се издржуваат.

Тргнувајќи од фактот дека оспорениот правилник е подзаконски акт донесен врз основа на член 14 од Законот за социјална сигурност за старите лица и претставува операционализација на Законот и дека истиот не е во спротивност со Уставот и Законот, ниту пак во иницијативата се дадени конкретни наводи, произлегува дека нема основ за поставување прашање за согласноста на оспорените одредби од Правилникот, конкретно со член 36 став 1 од Уставот кој се однесува на уставната гаранција за посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни во Македонија, на воените инвалиди, на прогонетите и затворените за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немале можност за материјална и социјална егзистенција.

Имајќи го предвид горенаведеното, Судот оцени дека оспорените одредби од Правилникот не се во спротивност со Уставот и Законот, односно наводите во иницијативата се неосновани.

По однос на наводите за несогласноста на Законот за социјалната сигурност на старите лица со член 261 став 5 од Законот за социјална заштита, Судот оцени дека тоа претставува барање за оцена на меѓусебната согласност на законите, за што Уставниот суд не е надлежен да одлучува, бидејќи согласно член 110 алинеи 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, Уставниот суд одлучува за согласноста на законите со Уставот и за согласноста на другите прописи и на колективните договори со Уставот и со законите.

Според член 28 алинеја 1 од Деловникот на Судот, Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува за барањето.

Со оглед на фактот што оспореното решение нема карактер на пропис во смисла на член 110 алинеја 2 од Уставот на Република Северна Македонија, исполнети се условите од член 28 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, според кој Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата ако не е надлежен да одлучува по истата.

IV

Врз основа на наведеното, Судот одлучи како во диспозитивот на ова решение.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Добрила Кацарска

* * *


Gjykata Kushtetuese e
Republikës së Maqedonisë së Veriut
U.nr.98/2022
Shkup, 31.01.2024

Gjykata Kushtetue e Republikës së Maqedonisë së Veriut, në përbërje të Dobrilla Kacarska, kryetare e Gjykatës dhe gjykatësve Naser Ajdari, м-р mr. Tatjana Vasiq-Bozaxhieva, dr. Jadranka Daboviq – Anastasovska, Elizabeta Dukovska, dr. Osman Kadriu, dr. Darko Kostadinovski dhe mr. Fatmir Skender, në bazë të nenit 110 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, nenit 28 alineja 1 dhe nenit 71 të Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” numër 70/1992 dhe “Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut” numër 202/2019, 256/2020 dhe 65/2021), në seancën e mbajtur më 31 janar 2024, miratoi

A K T V E N D I M

1. NUK INICOHET procedura për vlerësimin e:

– kushtetutshmërisë së Ligjit për siguri sociale për personat e moshuar (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 104/2019), në tërësi dhe

– kushtetutshmërinë dhe ligjshmërinë e nenit 2, nenit 3 dhe nenit 4 të Rregullores për mënyrën e përcaktimit të gjendjes dhe llojit të të ardhurave, pronës dhe të drejtave pronësore të parashtrueses dhe bashkëshortit të sajë ose personit me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore, formulari i kërkesës dhe dokumentacioni i nevojshëm për realizimin e së drejtës së sigurisë sociale për personat e moshuar (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.109/2019 188/2019 и 192/2020).

2. REFUZOHET iniciativa për inicimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Aktvendimit UP nr.1702-2488/21 të Qendrës Ndërkomunale për Punë Sociale Shkup-Kisella Vodë.

Arsyetim

I

Në Gjykatën Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut, Dobra Petkovska nga Shkupi ka dërguar iniciativë për vlerësimin e kushtetutshmërisë, përkatësisht kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së akteve të përcaktuara në dispozitivin e këtij aktvendimi.

Në iniciativë kërkohet inicimi i procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së Ligjit për siguri sociale për të moshuarit sepse është kontradiktore dhe bie ndesh me nenin 9 paragrafi 2, nenin 35 paragrafi 2, nenin 36 paragrafi 1 dhe nenin 51 paragrafi 1 të Kushtetutës. Parashtruesja e iniciativës konsideron se është e diskriminuar në lidhje me nenin 36 paragrafi 1 të Kushtetutës. Më tej, i referohet parimit të drejtësisë dhe barazisë, në bazë të të cilit vlerëson se janë plotësuar kushtet për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë dhe ligjshmërisë së dispozitave të ligjit të kontestuar, si dhe i referohet nenit 261 paragrafi 5 të Ligjit për mbrojtje sociale.

Sipas pretendimeve në iniciativë, në lidhje me dispozitat e kontestuara të Rregullores thuhet se ato bien ndesh me nenin 36 paragrafi 1 të Kushtetutës, duke treguar se ajo jeton në bashkësi martesore, e jo në bashkësi jashtëmartesore si që është theksuar në Aktvendimin e kontestuar. Gjithashtu theksohet se në Aktvendim theksohet se bashkëshorti i saj shfrytëzon pension invalidor në shumë prej 5.946,00 denarë, e në fakt bëhet fjalë për invaliditet, për këtë arsye ligji dhe rregullorja e kontestuar e diskriminojnë atë.

II

Gjykata në seancë konstatoi se Ligji për siguri sociale për të moshuarit përmban gjithsej 18 nene. Me këtë ligj, në sistemin e mbrojtjes sociale, mundësohet rritja e efektivitetit të shpenzimeve në para dhe zvogëlimi i përqindjes së varfërisë tek të moshuarit mbi 65 vjeç, të cilët nuk mund të sigurojnë mjete jetese për arsye të tjera.

Në nenin 1 të po këtij ligji, përcaktohet se ky ligj rregullon sigurinë shoqërore për të moshuarit, kushtet dhe procedurën e realizimit dhe financimit të së drejtës për siguri sociale për të moshuarit.

Rregullorja e kontestuar në nenin 2 parashikon se si të ardhura totale në të gjitha bazat e parashtrueses dhe bashkëshortit apo personit me të cilin ajo jeton në bashkësi jashtëmartesore, gjatë realizimit dhe shfrytëzimit të së drejtës së sigurisë sociale për të moshuarit, llogariten të ardhurat e realizuara në periudhën e fundit tre muajore para parashtrimit të kërkesës dhe gjatë shfrytëzimit të së drejtës nga: 1. të ardhurat nga puna; 2. të ardhura nga veprimtaria e pavarur; 3. të ardhurat nga shitja e prodhimeve të veta bujqësore; 4. pensioni i realizuar në Republikën e Maqedonisë së Veriut; 5. të ardhurat nga e drejta e autorit dhe të drejtat e përafërta; 6. të ardhurat nga të drejtat e pronësisë industriale; 7. të ardhurat nga qiraja; 8. të ardhurat nga kapitali; 8. përfitimet kapitale; 9. fitimet nga lojërat e fatit; 10. të ardhura nga sigurimi; 11. e drejta për ndihmë minimale të garantuar; 12. shtesa prindërore; 13. kompensim monetar në bazë të papunësisë; 14. invaliditeti ushtarak; 15. invalidideti civil; 16. mbështetje financiare nga fusha e bujqësisë dhe zhvillimit rural; 17. kompensimi i përhershëm; 18. kompensim i pagës me orar të shkurtuar të punës dhe 19. të ardhura të tjera.

Me nenin 3 të Rregullores rregullohet se me rastin e realizimit dhe shfrytëzimit të së drejtës së sigurisë sociale për të moshuarit, si të ardhura nuk konsiderohen: 1. kompensimi për ndihmë dhe përkujdesje nga personi tjetër; 2. kompensimi për shkak të aftësisë së kufizuar; 3. Shtesa për strehim; 4. ndihmë financiare e njëherëshme; 5. kompensim monetar për shpenzimet e vendosjes së personit në familje kujdestare dhe kompensim për kujdestari; 6. donacionet, në pajtim me Ligjin për donacione; 7. ndihmë financiare që përdoret për trajtim në vend ose jashtë vendit për shfrytëzuesin, bashkëshortin e sajë ose personin me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore në bazë të vendimit të Fondit për Sigurim Shëndetësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut; 8. të hyrat neto të raportuara ose të realizuara nga neni 2 pikat 3 dhe 19 e kësaj rregulloreje për të gjithë anëtarët e amvisërive, në vlerë të përgjithshme deri në 30.000 denarë në 12 muajt e fundit.

Në nenin 4 të Rregullores përcaktohet se si pronë dhe të drejta pronësore nga të cilat mund të jetojë parashtruesja, bashkëshorti ose personi me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore konsiderohen: 1. shtëpia familjare ose banesa në të cilën nuk jeton ose nuk e përdor për të jetuar; 2. banesa ose shtëpia në ndërtim; 3. hapësira afariste; 4. mjeti motorik i regjistruar (automjet motorik për udhëtim, motori mbi 50 cm3, furgoni, autobusi, kamioni, autokombale dhe traktor); 5. tokë ndërtimore, përveç tokës në të cilën ndodhet objekti ku banon përdoruesi; 6. toka bujqësore në pronësi ose me qira, në pronësi të Republikës së Maqedonisë së Veriut me marrëveshje për shfrytëzimin e tokës bujqësore për uzufrukt, me sipërfaqe më të madhe se 7.000 m2, në klasën IV dhe V kadastrale mbulohet me 40% të sipërfaqes faktike, nërsa toka e shpërndarë në klasën VI, VII ose VIII kadastrale mbulohet me 20% të sipërfaqes faktike; 7. kursim/depozitë me vlerë mbi 70.000,00 denarë dhe 8. letra me vlerë. Me përjashtim të paragrafit 1 pika 4 të këtij neni, automjeti për udhëtim i regjistruar nuk konsiderohet pronë, nëse përdoret për transportin e personit nga paragrafi 1 i këtij neni, si person me aftësi të kufizuara.

III

Në iniciativën për fillimin e procedurës për vlerësimin e kushtetutshmërisë së Ligjit për siguri sociale të të moshuarve, parashtruesja e konteston atë dhe kërkon shfuqizimin e të njëjtit në tërësi, por përmban pretendime që i referohen dispozitave të nenit 3 dhe nenit 4 ku përcaktohen kushtet për realizimin e të drejtës së sigurisë sociale për të moshuarit që rrjedhin nga pretendimet se në vendimin e kontestuar thuhet se bashkëshorti i saj shfrytëzon pension invalidor në shumë prej 5.946,00 denarë.

Sipas nenit 8 paragrafi 1 alineja 8 të Kushtetutës, vlera themelore e rendit kushtetues të Republikës është humanizmi, drejtësia sociale dhe solidariteti.

Sipas nenit 9 të Kushtetutës, qytetarët e Republikës së Maqedonisë së Veriut janë të barabartë në liritë dhe të drejtat pavarësisht nga gjinia, raca, ngjyra e lëkurës, origjina kombëtare dhe shoqërore, besimi politik dhe fetar, pozita pronësore dhe shoqërore. Sipas paragrafit 2 të këtij neni, qytetarët janë të barabartë para Kushtetutës dhe ligjeve.

Neni 34 i Kushtetutës përcakton se qytetarët kanë të drejtën e sigurisë socoale dhe të sigurimit social të përcaktuara me ligj dhe me marrëveshje kolektive. Sipas paragrafit 1 të nenit 35 të Kushtetutës, Republika kujdeset për mbrojtjen sociale dhe sigurinë sociale të qytetarëve në përputhje me parimin e drejtësisë sociale, ndërsa sipas paragrafit 3 të të njëjtit nen, Republika është e detyruar të sigurojë mbrojtjen e posaçme të personave me invaliditet dhe kushtet për kyçjen e tyre në jetën shoqërore.

Bazë juridike për rregullimin e sistemit të mbrojtjes sociale paraqesin dispozitat e Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, përkatësisht neni 34, i cili përcakton se qytetarët kanë të drejtë në siguri sociale dhe sigurim social të përcaktuar me ligj dhe marrëveshje kolektive, dhe neni 35, i cili është rregulluar që Republika të kujdeset për mbrojtjen sociale dhe sigurinë sociale të qytetarëve në përputhje me parimin e të drejtës sociale, u garanton të drejtën e ndihmës për të pafuqishmit dhe të paaftët për punë, siguron mbrojtje të veçantë për personat me invaliditet dhe kushtet për përfshirjen e tyre në jetën shoqërore.

Nga dispozitat e përmendura kushtetuese rezulton se Kushtetuta shpall dhe përcakton parimin e përgjithshëm të së drejtës së qytetarëve për siguri sociale, që është lënë në rregullimin me ligj. Gjithashtu, Kushtetuta e proklamon kujdesin e Republikës për mbrojtjen sociale dhe sigurinë sociale të qytetarëve, e cila realizohet në bazë të parimit të drejtësisë sociale si mbrojtje e veçantë e të moshuarve. Proklamimi i atyre parimeve kushtetuese buron nga karakteri social i shtetit, dhe llojet e të drejtave që fitohen, sasia e tyre, mënyra e fitimit dhe përdorimit i rezervohen pushtetit ligjvënës, i cili ka një hapësirë të gjerë në rregullimin e të gjitha kushteve përkatëse që janë të rëndësishme për realizimin e sigurisë sociale të qytetarëve në rastin konkret, të moshuarve.

Në nenin 1 të Ligjit për siguri sociale për të moshuarit, përcaktohet se ky ligj rregullon sigurinë sociale për të moshuarit, kushtet dhe procedurën për realizimin dhe financimin e të drejtës për siguri sociale për të moshuarit.

Sipas nenit 2 të të njëjtit ligj, siguria sociale për të moshuarit sigurohet në përputhje me parimet e drejtësisë sociale, humanizmit dhe solidaritetit.

Sipas nenit 3 të këtij ligji, të drejtën e sigurisë sociale për të moshuarit e ka personi që ka mbushur moshën 65 vjeç në kushtet e përcaktuara me këtë ligj. Nëse parashtruesja e kërkesës për realizimin e së drejtës nga paragrafi 1 i këtij neni ka bashkëshortin ose personin me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore i cili ka mbushur moshën 65 vjeç, të drejtën e realizon vetëm njëri prej personave.

Sipas nenit 4 të të njëjtit ligj, të drejtën e sigurisë sociale për të moshuarit, personi nga neni 3 paragrafi 1 i këtij ligji e ushtron nëse: 1. ka shtetësinë e Republikës së Maqedonisë së Veriut; 2. ka vendbanim të përhershëm në Republikën e Maqedonisë së Veriut në 15 vitet e fundit para paraqitjes së kërkesës; 3. nuk posedon pronë dhe të drejta pronësore nga të cilat mund të ushqehet; 4. nuk është shfrytëzues i pensionit nga Republika e Maqedonisë së Veriut ose i llojit të pagesës në bazë të pleqërisë, invaliditetit ose përvojës nga një shtet tjetër dhe nuk ka realizuar të ardhura në asnjë bazë në tre muajt e fundit para paraqitjes së kërkesës. Kushtet nga paragrafi 1 pikat 3, 4 dhe 5 të këtij neni kanë të bëjnë edhe për bashkëshortin/en ose personin me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore.

Neni 5 i këtij ligji përcakton se të drejtën e sigurisë sociale për të moshuarit nuk mund ta ushtrojë personi i cili me aktvendim në qendrën për punë sociale është vendosur më shumë se 30 ditë në një institucion për mbrojtje sociale jofamiljare, institucion shëndetësor ose institucion tjetër.

Nga dispozitat ligjore të cituara, del edhe rregullimi për shkak të sigurisë sociale të të moshuarve, pra ndihmë dhe mbrojtje e veçantë në bazë të pasigurisë së tyre financiare, nëse të moshuarit nuk plotësojnë kushtet për ushtrimin e të drejtës për pension. Rregullimi këtillë bazohet në parimet e sigurisë sociale, humanizmit dhe solidaritetit dhe zbatohet për të gjithë mbi moshën 65 vjeç, sipas kushteve të përcaktuara në këtë ligj.

Standardet dhe kriteret e vendosura për përfitimin e të drejtave të sigurisë sociale për të moshuarit vlejnë për të gjithë në mënyrë të barabartë kur janë në të njëjtin pozicion dhe në këtë mënyrë nuk cenohet parimi kushtetues i barazisë së qytetarëve. Fakti që realizimi i të drejtave të të moshuarve varet nga kriteret e dhëna në Ligj nuk do të thotë shkelje e atij parimi kushtetues dhe as nuk përmban një qëndrim diskriminues ndaj parashtrueses, prandaj nuk mund të shtrohet edhe çështja e respektimit të dispozitave të Ligjit me dispozitat e cituara të Kushtetutës. Një rrgullativë e këtillë ligjore është në kompetencën kushtetuese të ligjvënësit për të përcaktuar nivelin e sigurisë sociale të të moshuarve dhe për të përcaktuar të drejtat nga sigurimet sociale dhe vëllimin e tyre në përputhje me kushtet sociale dhe ekonomike në Republikën e Maqedonisë së Veriut, duke marrë parasysh mbrojtjen dhe sigurinë sociale të qytetarëve në përputhje me parimin e drejtësisë sociale dhe duke pasur parasysh barazinë e qytetarëve para Kushtetutës dhe ligjit.

Drejtësia sociale në sistemin e mbrojtjes sociale arrihet me marrjen e masave për uljen e varfërisë dhe përjashtimit social, me çka janë përcaktuar kushtet për realizimin dhe shfrytëzimin e të drejtave të mbrojtjes sociale. Në këtë mënyrë u mundësohet qytetarëve që të kenë të drejtën e mbrojtjes sociale në përputhje me ligjin dhe parimin e drejtësisë sociale, duke mundësuar sundimin e së drejtës dhe duke mos kufizuar liritë dhe të drejtat e njeriut dhe qytetarit.

Me Ligjin për siguri sociale të të moshuarve në sistemin e mbrojtjes sociale u mundësua rritja e efektivitetit të përfitimeve në para dhe ulja e përqindjes së varfërisë tek të moshuarit mbi moshën 65 vjeçare, të cilët nuk mund të sigurojnë mjete jetese për arsye të tjera. E lartpërmendura rezulton nga dispozitat e tjera të ligjit të kontestuar, përkatësisht nga neni 6 i ligjit të kontestuar, ku konstatohet se shuma mujore e së drejtës për siguri sociale për të moshuarit është 6.000 denarë. Masa e shumës mujore të së drejtës së sigurisë sociale për të moshuarit është në përputhje me rritjen e kostos së jetesës për vitin e kaluar, të publikuar nga Enti Shtetëror i Statistikës në janar të këtij viti. Në rast se nuk ka rritje të kostos së jetesës për vitin paraprak, nuk bëhet harmonizim i lartësisë së të drejtës së sigurisë sociale për të moshuarit. Në nenin 7 të të njëjtit ligj, shfrytëzuesi i të drejtës së sigurisë sociale për të moshuarit ka të drejtën e një kompensimi në para për të përballuar një pjesë të kostove të konsumit të energjisë në amvisëri, për muajt tetor deri në mars. Në rast se nuk ka rritje të kostos së jetesës për vitin paraprak, nuk bëhet rregullim i masës së kompensimit në para për të mbuluar një pjesë të kostove të konsumit të energjisë në amvisëri. Kompensimi në para nga paragrafët 1 dhe 2 të këtij neni, në rast se shfrytëzuesi është anëtar i një familjeje, realizohet vetëm kur amvisëria nuk e shfrytëzon këtë shtesë në pajtim me Ligjin për mbrojtje sociale.

Në pajtim me nenin 8 të këtij ligji, shfrytëzuesit të së drejtës së sigurimeve shoqërore për të moshuarit i sigurohet e drejta për mbrojtje shëndetësor, në përputhje me këtë ligj dhe me rregullat nga fusha e sigurimeve shëndetësore. Mbrojtja shëndetësore nga paragrafi 1 i këtij neni sigurohet vetëm nëse nuk mund të fitohet me sigurim në bazë tjetër.

Në bazë të nenit 9 të këtij ligji, shfrytëzuesi është i detyruar të deklarojë gjendjen materiale dhe pasurore për veten, bashkëshortin ose personin me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore, gjatë paraqitjes së kërkesës dhe gjatë ushtrimit të së drejtës, të njoftojë për ndryshimet gjatë shfrytëzimit të së drejtës, dhe që ndikojnë në ushtrimin dhe shfrytëzimin e së drejtës, në afat prej 15 ditësh nga ndodhja e ndryshimit, në qendrën kompetente për punë sociale.

Në nenet e tjera të Ligjit për siguri sociale për të moshuarit, përcaktohet se në çfarë kushtesh pushon e drejta e sigurisë sociale e të moshuarve, si dhe procedura për përfundimin e kësaj të drejte.

Kushtet e theksuara për fitimin dhe përfundimin e së drejtës për sigurisë sociale për të moshuarit janë të njëjta për të gjithë personat që kanë mbushur moshën 65 vjeç, nga ku rezulton se kjo rregullore bazohet në përcaktimin kushtetues që mbrojtja sociale dhe siguria shoqërore e qytetarëve sigurohet në përputhje me parimin e drejtësisë sociale dhe të drejtën e garantuar për ndihmë të qytetarëve të pafuqishëm dhe të paaftë për punë dhe në përputhje me nenin 8 paragrafi 1 alineja 1, nenin 9, nenin 34, nenin 35 dhe nenin 51 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut.

Bazuar në nenin 14 të Ligjit për siguri sociale për të moshuarit, ministri i Punës dhe Politikës Sociale ka miratuar Rregulloren për mënyrën e përcaktimit të gjendjes dhe llojit së të ardhurave, pronës dhe të drejtave pronësore të parashtrueses dhe bashkëshortit të saj, ose personit me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore, formulari i kërkesës dhe dokumentacionet e nevojshme për realizimin e të drejtës në sigurim social për personat e moshuar (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.109/2019, 188/2019 dhe 192/2020) .

Në bazë të nenit 1 të kësaj rregulloreje, rregullohet se me të njejtën përcaktohet mënyra e përcaktimit të gjendjes dhe llojit të të ardhurave, pronës dhe të drejtave pronësore të parashtrueses dhe bashkëshortit ose personit me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore, formulari i kërkesës dhe dokumentacioni i nevojshëm për realizimin e të drejtës së sigurisë sociale për të moshuarit.

Në nenin 2 të të njëjtës rregulloreje, përcaktohet se si të ardhurat totale në të gjitha bazat e parashtruesit dhe bashkëshortit apo personit me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore gjatë ushtrimit dhe shfrytëzimit të së drejtës për siguri sociale për të moshuarit, llogariten të ardhurat e realizuara në tre muajt e fundit para paraqitjes së kërkesës dhe gjatë shfrytëzimit të së drejtës, nga: 1. të ardhurat e punës; 2. të ardhura nga veprimtaria e pavarur; 3. të ardhurat nga shitja e prodhimeve të veta bujqësore; 4. pensioni i realizuar në Republikën e Maqedonisë së Veriut; 5. të ardhurat nga e drejta e autorit dhe të drejtat e përafërta; 6. të ardhurat nga të drejtat e pronësisë industriale; 7. të ardhurat nga qiraja; 8. të ardhurat nga kapitali; 8. fitimet kapitale; 9. fitimet nga lojërat e fatit; 10. të ardhura nga sigurimet; 11. e drejta për ndihmë minimale të garantuar; 12. shtesa prindërore; 13. kompensim monetar në bazë të papunësisë; 14. invaliditet ushtarak; 15. invaliditet civil; 16. mbështetje financiare nga fusha e bujqësisë dhe zhvillimit rural; 17. kompensimi i përhershëm; 18. kompensim i pagës për orar të shkurtuar të punës dhe 19. të ardhura të tjera.

Neni 3 i Rregullores rregullon se me rastin e ushtrimit dhe shfrytëzimit të së drejtës për siguri sociale për të moshuarit, si të ardhura nuk konsiderohen: 1. kompensimi për ndihmë dhe përkujdesje nga personi tjetër; 2. kompensimi për shkak të aftësisë së kufizuar; 3. shtesa për strehim; 4. ndihmë financiare njëherëshe; 5. kompensim monetar për shpenzimet e vendosjes së personit në familje kujdestare dhe kompensim për kujdestari; 6. donacionet, sipas Ligjit për donacione; 7. ndihmë financiare që përdoret për trajtim në vend ose jashtë vendit për shfrytëzuesin, bashkëshortin ose personin me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore në bazë të vendimit të Fondit për sigurim shëndetësor të Republikës së Maqedonisë së Veriut; 8. të ardhurat neto të raportuara ose të realizuara nga neni 2 pikat 3 dhe 19 të kësaj rregulloreje për të gjithë anëtarët e amvisërive, në vlerë të përgjithshme deri në 30.000 denarë në 12 muajt e fundit.

Në nenin 4 të Rregullores rregullohet se si pronë dhe të drejtat pronësore nga të cilat parashtruesi, bashkëshorti i tij ose personi me të cilin ai jeton në bashkësi jashtëmartesore mund të ushqehet: 1. shtëpi familjare ose banesë në të cilën nuk jetojnë ose nuk e përdorin për të jetuar; 2. banesë ose shtëpi në ndërtim; 3. hapësirë afariste; 4. mjeti motorik me regjistrim (motori i udhëtarëve, motori mbi 50 cm3, furgon, autobus, kamion, autokombale dhe traktor); 5. tokë ndërtimore, përveç tokës në të cilën ndodhet objekti ku banon shfrytëzuesi; 6. Toka bujqësore në pronësi ose me qira, në pronësi të Republikës së Maqedonisë së Veriut me marrëveshje për shfrytëzimin e tokës bujqësore për uzufrukt, me sipërfaqe më të madhe se 7.000 m2, në klasën IV dhe V kadastrale, mbulohet me 40% të sipërfaqes aktuale, ndërsa toka e shpërndarë në klasat VI, VII ose VIII kadastrale mbulohet me 20% të sipërfaqes faktike; 7. kursim/depozitë me vlerë mbi 70.000,00 denarë dhe 8. letra me vlerë. Me përjashtim të paragrafit 1 pika 4 të këtij neni, mjeti i udhëtarëve me regjistrim nuk konsiderohet pronë, nëse përdoret për transportin e personit nga paragrafi 1 i këtij neni, si person me pengesa në zhvillim.

Nga analiza e neneve të kontestuara të Rregullores, rezulton se ato janë në funksion të funksionalizimit të neneve të Ligjit, të cilat përcaktojnë mënyrën e përcaktimit të gjendjes dhe llojit të të ardhurave, pronës dhe të drejtave pronësore të parashtrueses dhe të bashkëshortit të sajë ose personit me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore, formulari i këkesës dhe dokumentacioni i nevojshëm për realizimin e të drejtës së sigurisë sociale për të moshuarit. Në nenin 2 të të njëjtës rregullore, përcaktohet se si të ardhura totale në të gjitha bazat e parashtrueses dhe bashkëshortit ose personit me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore gjatë ushtrimit dhe përdorimit të së drejtës për siguri sociale për të moshuarit, llogariten të ardhurat e realizuara në tre muajt e fundit para paraqitjes së kërkesës dhe gjatë shfrytëzimit të së drejtës. Me nenin 3 të Rregullores rregullohet se çfarë nuk konsiderohet e ardhur me rastin e ushtrimit dhe shfrytëzimit të së drejtës për sigurim social për të moshuarit. Në nenin 4 të Rregullores rregullohet se cila pronë dhe të drejta pronësore nga të cilat parashtruesja, bashkëshorti i sajë ose personi me të cilin jeton në bashkësi jashtëmartesore munt të jetojnë.

Nisur nga fakti se rregullorja e kontestuar është akt nënligjor i miratuar në bazë të nenit 14 të Ligjit për siguri sociale të të moshuarve dhe paraqet funksionalizimin e ligjit dhe se nuk bie ndesh me Kushtetutën dhe Ligjin, as me pretendime konkrete në iniciativë, rezulton se nuk ka bazë për të vënë në dyshim pajtueshmërinë e dispozitave kontestuese të Rregullores, konkretisht me nenin 36 paragrafi 1 të Kushtetutës, i cili i referohet garancisë kushtetuese për të drejtat e veçanta sociale të luftëtarëve nga lufta antifashiste dhe nga të gjitha luftërat nacionalçlirimtare në Maqedoni, të invalidëve të luftës, të të përndjekurve dhe të burgosurve për idetë e pavarësisë së popullit maqedonas dhe të shtetësisë së tij, si dhe të anëtarëve të familjeve të tyre të cilët nuk kanë patur mundësi për ekzistencë materiale dhe shoqërore.

Duke marrë parasysh sa më sipër, Gjykata vlerësoi se dispozitat e kontestuara të Rregullores nuk janë në kundërshtim me Kushtetutën dhe Ligjin, përkatësisht pretendimet në iniciativë janë të pabazuara.

Lidhur me pretendimet për mospërputhje të Ligjit për Siguri sociale të të moshuarve me nenin 261 paragrafi 5 të Ligjit për mbrojtje sociale, Gjykata vlerësoi se bëhet fjalë për një kërkesë për vlerësimin e marrëveshjes së ndërsjellë të ligjeve, për çka Gjykata Kushtetuta nuk është kompetente për të vendosur, sepse në pajtim me nenin 110 alinetë 1 dhe 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, Gjykata Kushtetuese vendos për pajtueshmërinë e ligjeve me Kushtetutën dhe për pajtueshmërinë e rregullave të tjera dhe të marrëveshjeve kolektive me Kushtetutën dhe ligjet.

Sipas nenit 28 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës, Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse nuk është kompetente për të vendosur për kërkesën.

Duke pasur parasysh se aktvendimi i kontestuar nuk ka karakter të rregullores në kuptim të nenit 110 paragrafi 2 të Kushtetutës së Republikës së Maqedonisë së Veriut, kushtet nga neni 28 paragrafi 1 i Rregullores së Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut janë përmbushur, sipas të cilave Gjykata Kushtetuese do ta refuzojë iniciativën nëse nuk është kompetene që të vendosë për të.

IV

Në bazë të lartëpërmendurës, Gjykata vendosi si në dispozitivin e këtij aktvendimi.

KRYETARE
e Gjykatës Kushtetuese të Republikës së Maqedonisë së Veriut,
Dobrilla Kacarska