85/2002-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членот 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 25 септември 2002 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Одлуката за поништување на Одлуката бр.0201-3773/1 од 15 октомври 1970 година и Спогодбата бр.02-3773/2 од 28 октомври 1970 год., донесена од Советот на општина Гостивар на 28 мај 2002 година.

2. Се СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање од извршување на поединечните акти и дејствија што се донесени односно преземени врз основа на Одлуката означена во точката 1 од оваа одлука.

3. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

4. Уставниот суд на Република Македонија со Решение У.бр. 85/2002 од 3 јули 2002 година а по повод поднесена иницијатива на Друштвото за изградба на објекти од ниска градба, хидро граде`ни објекти и пазари “Прогрес – Пазари” Ексо и други ДОО од Гостивар, поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на Одлуката означена во точката 1 од оваа одлука.

Според наводите од иницијативата со оспорената одлука било повредено едно од темелните вредности на уставниот поредок утврдено во член 8 став 3 од Уставот – владеење на правото, а се нарушувало и правото на сопственост утврдено во член 30 од Уставот.

Со оспорената одлука била сторена и повреда на член 52 став 1 од Уставот за влегување во сила на прописите.
Истовремено оспорената одлука не било во согласност со Законот за локалната самоуправа, Законот за јавните претпријатија и Законот за комуналните дејности.

5. Судот на седницата утврди дека со Решение бр.01-9810 од 24.12.1965 год. Собранието на општина Гостивар основало претпријатие за станбено комунално стопанисување “Прогрес” – Гостивар кое со решение од Окружниот стопански суд – Скопје, Фи.бр.32/66 од 19 февруари 1966 година е запишано во Регистарот на стопански претпријатија и дуќани со наведени дејностите што ќе ги обавува ова претпријатие.

На 7 јули 1952 година Собранието на општина Гостивар донело Решение за организирање на Пазаришна управа при градската општина Гостивар како установа со самостојно финансирање, која установа со Решение од 15.10.1966 година УС.бр.303/66 е запишано во Регистарот на установите со единствена комунална дејност – пазаришна управа.

На 15.10.1970 година Собранието на општина Гостивар донело Одлука за престанок со работа на Пазаришната управа Гостивар.

Во член 1 од оваа одлука е предвидено дека пазаришната управа престанува со работа поради неисполнување во определенио рок на условите пропишани за вршење на дејноста заради која е основано што е утврдено со решение на пазаришната инспекција.

Во член 2 од Одлуката е предвидено дека обавувањето на дејноста од установата која престанува со работа се отстапува на претпријатието за станбено комунално стопанисување “Прогрес”-Гостивар со сите средства, обврски и сите запослени работници во установата.

На 15.10.1970 година Собранието на општина Готивар донело решение за давање согласност за припојување на пазарната управа Гостивар кон “Прогрес” претпријатие за станбено комунално стопанисување.

На 19.10.1970 година, врз основа на Основниот закон за претпријатија, Статутот на претпријатието и Одлуката на Собранието на општина Гостивар, Работната заедница на претпријатието “Прогрес” донело Одлука за проширување на предметот на работа на ова претпријатие и тоа “управување и одр`ување на пазари и Бања”, Одлука за прифаќање на дејноста на пазаришната управа и Одлука за прифаќање на припојувањето на пазаришната управа кон “Прогрес”-Гостивар.

На 23.10.1970 год. Работната заедница на Пазаришната управа Гостивар, донела Одлука за припојување на пазаришната управа Гостивар кон “Прогрес” претпријатие за станбено комунално стопанисување.

На 28.10.1970 година склучена е Спогодба помеѓу Собранието на општина Гостивар и “Прогрес” – претпријатие за станбено комунално стопанисување со која се регулираат меѓусеб-ните права и обврски, а врз основа на член 271 од Основниот закон за претпријатија и Одлуката на Собранието на општината за престанок со работа на пазаришната управа.

Во член 2 од Спогодбата е предвидено дека двете договорни страни се спогодија да не се отвара постапка за ликвидација туку другата договорна страна “Прогрес” на основа донесената одлука за прифаќање на дејноста ги преземе правата, обврските, средствата и сите запослени.

Врз основа на вака преземените дејствија Окру`ниот стопански суд во Скопје со Решение Фи.бр. 866/70 од 18.11.1970 година извршил упис во регистарот на стопанските претпријатија за припојување на пазаришната управа кон “Прогрес”, претпријатие за станбено комунално стопанисување.

Од увидот извршен во прилозите број 2 од регистарските влошки за претпријатието “Прогрес” – Гостивар произлегува дека ова претпријатие вршело упис во судскиот регистар на следните датуми: 8.01.1974 година, 26.03.1976 година и 6.08.1979 година, меѓутоа не се прило`ени решенија од надле`ниот суд за извршениот упис на посочените датуми.

Окружниот стопански суд Скопје, со решение Срег.бр. 660/88 од 21.06.1988 година за претпријатието “Прогрес” и решение Срег.бр. 659 од 21.06.1988 година за претпријатието “Водовод”, констатира престанок на двете претпријатија, при што истите се здружуваат и формираат нова комунална работна организација “Комуналец” Гостивар.

Во 1990 год. Јавното претпријатие “Комуналец”-Гостивар основало претпријатие во општествена сопственост за изградба на сообраќајни и хидрограде`ни објекти “Нискоградба” кое, покрај другото, врши дејност на јавни складишта и пазари и е регистрирано во Окру`ниот стопански суд Скопје со решение Срег.бр.475/90 од 5.02.1990 година.

Во 1996 год. претпријатието во општествена сопственост за изградба на сообраќајни и хидрограде`ни објекти “Нискоградба” согласно Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал го менува називот, шифрата на дејноста и формата на сопственоста (мешовита) во Претпријатие за изградба на сообраќајни и хидрограде`ни објекти и пазари “Прогрес-Пазари” ДОО за што е извршен упис во судскиот регистар Срег.бр.1070/96 од 4.10.1996 година.

Во 1998 година ова претпријатие извршило усогласување со Законот за трговските друштва и е упишано во трговскиот регистар со Решение Трег.бр.12248/98 од 13.08.1999.

По спроведување на сите наведени дејствија Советот на општина Гостивар на 28 мај 2002 година ја донел оспорената одлука.

Имено врз основа на член 17 став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа (“Слу`бен весник на Република Македонија” бр.52/95) и член 17 став 1 точка 17 од Статутот на општина Гостивар (“Слу`бен гласник на општина Гостивар” бр.3/97) Советот на општина Гостивар, на седницата одр`ана на 28 мај 2002 година донесе Одлука за поништување на Одлуката бр.0201-3773/1 од 15.10.1970 година и Спогодбата бр.02-3773/2 од 28.10.1970 година.

Во член 1 од наведената одлука е предвидено дека со оваа одлука се поништува Одлуката за престанок со работа на Пазаришната управа бр.0201-377/1 од 15.10.1970 година Спогодбата склучена помеѓу Собранието на општина Гостивар и ПСКС “Прогрес”-Гостивар бр.02-3773/2 од 28.10.1970 година.

Во член 2 од Одлуката е предвидено дека со влегува-њето во сила на оваа одлука ништовни се преземените дејствија од страна на “Прогрес-Пазари” Гостивар.

Во член 3 од Одлуката е предвидено дека се обврзува општинската администрација да врши извршување на оваа одлука.

Во член 3, пак, од одлуката е предвидено дека оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Слу`бен гласник на општина Гостивар”

Имајќи го предвид изнесеното, мо`е да се заклучи дека со оспорената одлука всушност Советот на општината врши одземање на дејноста, управување и одр`ување на пазари и бања на претпријатието “Прогрес-пазари” кое оваа дејност ја вршело повеќе од 30 години.

6. Според член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, меѓу темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија е и владеење на правото.

Според член 30 од Уставот на Република Македонија се гарантира правото на сопственост и правото на наследување.

Според член 2 став 1 од Законот за претпријатијата (“Службен лист на СФРЈ” бр.77/88) во општествена сопственост се општественото претпријатие, јавното претпријатие, како и акционер-ското друштво и друштвото со ограничена одговорност кога работи со средства во општествена сопственост.

Според член 196 б од Законот за претпријатијата постојните организации на здружениот труд од посебен општествен интерес може да се организираат како јавно претпријатие со донесување на одлука на надлежната општествено политичка заедница.

Според член 196 ѓ постојните форми на здружување односно организирање се должни да се организираат во согласност со одредбите на овој закон до 30 јуни 1991 година.

Во член 187-а став 1 од Законот за претпријатијата е предвидено дека одлука за статусна промена на претпријатието “поделба, спојување или припојување” донесува органот на управувањето.

Според став 2 на овој член претпријатијата настанати со поделба, спојување со други претпријатија или со припојување кон друго претпријатие солидарно одговараат за обврските на претприја-тијата што престанале да постојат.

Меѓусебните односи на претпријатијата што настанале со статусните промени се уредуваат со договор.

Според член 113 став 2 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (“Службен весник на РМ” бр.7/97) е предвидено дека до спроведување на трансформацијата членот 187-а од Законот за претпријатијата не се применува.

Според член 3 од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (“Сл. Весник на РМ” бр.38/93 и 48/93) трансформацијата според овој Закон покрај другото, не се врши и на претпријатијата и организациите кои со закон и со одлука заснована врз закон е утврдено дека вршат работи и дејности од посебен општествен интерес односно јавна служба или имаат статус на јавно претпријатие.

Според став 2 на член 3 од наведениот закон трансфор-мацијата на претпријатијата кои се изземени од постапката за трансформација ќе се уреди со друг закон.

Според член 719 став 2 од Законот за трговските друштва (“Службен весник на РМ” бр.28/96) одредбите од Законот за претпријатијата ќе продолжат да се применуваат на општествените претпријатија, јавните претпријатија и на задружните претпријатија се додека под услови и на начин и во рокови утврдени со друг закон не бидат претворени во некое од друштвата утврдени со овој закон.

Законот за комуналните дејности (“Службен весник на РМ” бр.45/97) ги уредува основните услови и начин на вршење на комуналните дејности, финансирањето на комуналните дејности и други прашања од значење за комуналните дејности при што овој закон не го решава прашањето за статусот на постојните јавни претпријатија и нивниот начин на трансформирање.

Според член 14 од Законот за комунални дејности, комунална дејност може да се врши со основање на јавно претпријатие за комунална дејност, со давање концесија за вршење на комунална дејност на начин утврден со закон и со дозвола за вршење на комунална дејност.

Според член 20 од наведениот закон јавното претпри-јатие од член 14 од овој закон може да се организира како друштво со ограничена одговорност, кога во него ќе се вложат средства на физички и правни лица на начин утврден со закон.

7. Од наведената фактичка и правна состојба на работите по предметот произлегува дека претпријатието “Прогрес” е основано од општината уште од 1965 година за вршење на станбено комунална дејност, а во 1970 година на ова претпријатие општината н доделила и вршење на комунална дејност управување и одржување на пазари и бања со средства во општествена сопственост.

Подоцна ова претпријатие, како општествено претприја-тие согласно динамиката на статусните промени и промените на законската регулатива се трансформирало односно се усогласувало со Законот за здружениот труд, Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал и Законот за трговските друштва и сите промени биле регистрирани во соодветниот судски односно трговски регистар.

Од моментот на усогласување на ова претпријатие со Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, претпријатието се стекнало со право на сопственост на имот и работи како друштво со ограничена одговорност кое обавува комунална дејност управување и одржување на пазари и бања.

Притоа, општината согласно член 196 б од Законот за претпријатијата во ниеден момент не го организирала ова претприја-тие како јавно претпријатие и истото останало да дејствува како друштво со ограничена одговорност.

Од тука, според мислењето на Судот произлегува дека општината нема основ да бара од претпријатието “Прогрес” да н го врати општествениот имот што му го доделила на управување на ова претпријатие.

Имајќи го предвид наведеното како и фактот дека со оспорената одлука всушност се врши одземање на вршење на комуналната дејност и одземање на имотот на ова претпријатие, Судот оцени дека оспорената одлука не е во согласност со уставното начело на владеење на правото и правото на сопственост.

8. Од друга страна, пак, со оглед на тоа што оспорената одлука влегла во сила со денот на донесувањето, а не по објавувањето, Судот оцени дека таа не е во согласност и со член 52 став 1 од Уставот.

9. Со оглед на конечноста и извршноста на оваа одлука Судот го стави вон сила и решението означено во точката 2 од оваа одлука.

Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точките 1 и 2 од оваа одлука.

10. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Јован Проевски, Бесим Селими и д-р Јосиф Талевски.

У.бр. 85/2002
25 септември 2002 год.
С к о п ј е
л.а

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
д-р Тодор Џунов