32/1995-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 алинеја 2 и член 112 од Уставот и член 71 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 20 септември 1995 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Одлуката за усвојување на измените и дополнувањата на Урбанистичкиот план за населбата Пештани, донесена од Собранието на Општината Охрид, под бр.08-5104 од 13 јули 1989 година.
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, по поднесена иницијатива од Климе Блажевски од с.Пештани – Охрид пов еде постапка за оценување законитоста на одлуката означена во точката 1 од ов аа одлука, затоа што се постави прашањето за нејзината согласност со Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање.
4. Судот на седницата утврди дека со оспорената одлука се усвојуваат измени и дополнувања на Урбанистичкиот план за населбата Пештани, донесен во 1980 година. Измените и дополнувањата се извршени во три просторни целини на Урбанистичкиот план и тоа: на КП.бр.970/2, 969/1 и 962/2 е предвидена локација за изградба на пошта, на КП.бр.981, 981/1, 982 и 983 е предвидена изградба на паркиралиште и на КП.бр.753/2, 753/1 и др. се предвидува лоцирање на туристичко угостителски објекти со спратност од П+1 кат . На просторот, што бил непосреден повод за поднесување на инивцијативата, се предвидува изградба на објект за општестена намена (првобитно за АД “Слобода”-Охрид, а потоа на Претпријатитеот ЦИП-Охрид), со катност од П+1+поткровје.
Притоа, Судот утврди дека за донесување на оспорената одлука нема документација дека в о фаза на нацрт била ставена на јавен увид, ниту пак, дека е одржана јавна расправа.
5. Според член 31 од Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање (“Службен весник на СРМ” бр.38/85), кој важел в о в ремето на донесувањето на оспорената одлука, просторниот и урбанистичкиот план се изработуваат во две фази: нацрт на план и предлог на план. Според став 4 од ов ој член на Законот, просторниот и урбанистичкиот план, задолжително се ставаат во фазата нацрт на план на јавен увид и јавна расправа. Измените и дополнувањата на просторните и урбанистичките планов и, според член 37 став 2 од Законот, се вршат на начин и постапка пропишани со овој закон за нивното донесување.
Од нав едените законски одредби јасно произлегува дека ставањето на јавен увид и одржувањето на јавна расправа биле задолжителни е лементи во постапката за донесување на урбанистичките планови и на измените и дополнувањата што на нив се вршат.
Со оглед на тоа што, во конкретниот случај, нема докази дека оспорената одлука во фаза на нацрт била ставена на јавен увид, ниту, пак, дека е одржана јавна расправа, Судот оцени дека таа не е во согласност со одредбите на Законот за системот на просторното и урбанистичкото планирање.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Јован Проевски и судиите д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Милан Недков, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. У.бр.32/95