227/1996-0-1

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и членот 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/92), на седницата одржана на 10 февруари 1999 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Правилникот за инспекциски надзор во областа на одбраната, дов.бр.19-2052/1 од 15.12.1994 година, донесен од министерот за одбрана на Република Македонија.
2. Оваа одлука произведува правно дејст во со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија, по поднесена иницијатива на Димитар Секуловски од Скопје поведе постапка за оценување уставноста на актот означен во точката 1 од оваа Одлука. Во иницијативата се наведува дека оспорениот правилник не бил објавен во “Службен весник на Република Македонија”, ниту во “Посебниот службен весник на Република Македонија”, што било спротивно на член 52 став 1 и 2 од Уставот, при што било наведено дека влегува во сила со денот на донесувањето, без да се наведе каде и како ќе се изврши објавувањето. Понатаму, се наведува дека Законот за одбрана не предвидувал донесување на ваков правилник и дека министерот за одбрана не бил овластен да го донесе. Исто така, подносителот смета дека оспорениот Правилник не бил таков да требало да се озна чува со одбрана-службена тајна – доверливо, според Уредбата за критериумите за заштита на тајноста на податоците од значење за одбраната, бидејќи тој Правилник не содржел ништо повеќе од она што веќе било содржано во одредбите од Законот за одбрана. Во член 19 од Правилникот за инспекциски надзор во областа на одбраната стоело дека на записникот може да се поднесе приговор до министерот за одбрана, односно истиот орган кој вршел инспекција треба да одлучува и по приговорот, што било спротивно на член 15 од Уставот.
4. Судот на седницата утврди дека Правилникот за инспекциски надзор во областа на одбраната, дов.бр.19-2052/1 од 15.12.1994 година, е донесен од министерот за одбрана, врз основа на член 160 и 161 став 1 од Законот за органите на управата (“Службен весник на СРМ” бр.40/90) и член 17 став 1 точка 32 од Законот за одбрана (“Службен весник на Република Македонија” бр.8/92).
Од содржината на овој Правилник Судот утврди дека истиот е донесен од надлежен орган – министерот за одбрана, врз основа на законско овластување дадено во член 161 од Законот за органите на управата, во функција на извршување на одредбата од член 17 став 1 точка 32 од Законот за одбрана, според која одредба во остварувањето на одбраната Министерството за одбрана врши надзор врз спроведувањето на Законот за одбрана и другите прописи од областа на одбраната.
Во општите одредби од овој Правилник, во членот 2, е определено дека испекцискиот надзор се врши од страна на Секторот за испекциски работи на Министерството за одбрана и тоа, во органите на државната власт, Армијата на Република Македонија, претпријатијата и јавните установи и служби кои се од посебно значење за одбраната, како и во оние кои имаат обврска за продолжување со работа во воена состојба и во органите на единиците на локалната самоуправа. Понатаму во Правилникот е пропишана надлежноста на Инспекцијата, планирањето на инспекцискиот надзор, нејзиното организирање и метод на работа и соработката на Инспекцијата со орг анизационите единици на Министерството за одбрана, определени се видовите на инспекцискиот надзор, начинот на оценувањето на работата и најдената состојба во инспектираниот субјект и внатрешната оргнаизација на Инспекцијата. Согласно член 3 од Правилникот, Инспекцијата во вршење на инспекцискиот надзор е должна да ги чува тајните податоци од значење за одбраната и другите тајни податоци.
5. Согласно член 52 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, и тоа во “Службен весник на Република Македонија”, најдоцна во рок од 7 дена од денот на нивното донесување.
Од анализата на Правилникот за инспекции во областа на одбраната, Судот утврди дека истиот е донесен од надлежен орган – министерот за одбрана, врз основа на законско овластување дадено во член 161 од Законот за органите на управата, во функција на извршување на Законот за одбрана. Со овој Правилник, видно од неговата содржина, се предвидува обврска на вршење на инспекциски надзор кој го врши Секторот за инспекциски работи на Министерството за одбрана, како за Армијата на Република Македонија, така и за други субјекти надвор од Армијата и Министерството за одбрана, како што се: органите на државната власт, претпријатијата, јавните установи и служби кои се од посебно значење за одбраната, како и оние кои имаат обврска за продолжување со работа во воена состојба, и органите на единиците на локалната самоуправа, при што овие субјекти имаат обврска при вршењето на инспекцискиот надзор да дозволат увид во работењето и документацијата и да ги отстранат недостатоците на кои што ќе им укаже Инспекцијата.
Имај?и го предвид карактерот на оспорениот правилник, а особено неговата содржина, Судот оцени дека тој не содржи тајни податоци кои што се од значење за одбрана и поради кои тој не би требало да не се објавува. Поради тоа Судот оцени дека тој не е во согласност со член 52 став 1 и 2 од Уставот на Република Македонија.
6. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Милан Недков и судиите Бахри Исљами, д-р Нико ла Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д-р Јован Проевски, Бесим Селими, д-р Јосиф Талевски и д-р Тодор Џунов. (У.бр.227/96)