215/2000-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, на седницата одржана на 9 мај 2001 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА Одлуката за преземање на вршењетона комуналните дејности во Општините Битола, Бач, Бистрица,Добрушево, Кукуречани, Могила, Новаци, Старавина и Цапари,донесена од Владата на Република Македонија (“Службен весник
на РМ” 6р.93/2000).
2.Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија “.
3.Уставниот суд на Република Македонија, по повод
иницијативи на градоначалникот на Општина Битола и група
граѓани од Битола, со решение У.бр.215/2000 од 28.02.2001 година,
поведе постапка за оценување уставноста и законитоста на
Одлуката означена во точката 1 од оваа одлука, затоа што се
постави прашањето за нејзината согласност со Уставот и со
закон.
4.На седницата Судот утврди дека со одлуката Владата на Република Македонија ја презема грижата за вршење на следните комунални дејности: производство и дистрибуција на вода; прочистување и одведување на отпадните води и
изнесувањето, депонирањето и преработката на отпадоци (член
1). Во член 2 се предвидува дека Владата презема активности за именување и разрешување на органите на управувањето и раководењето на ЈКП “Водовод” и ЈП “Комуналец” во Битола. Вршењето на комуналните дејности Владата ќе ги врши на товар на означените општини (член 3).На седницата Судот исто така утврди дека ЈКП “Водовод” и ЈП “Комунална хигиена и јавно зеленило” во Битола, се организирани со одлука на Собранието на Општина Битола во 1989 година (“Службен гласник на Општина Битола” бр.23/89).По донесувањето на Законот за уредување на односите меѓу новите единици на локалната самоуправа и единиците на локалната самоуправа од кои произлегуваат (“Службен весник на РМ” бр.59/96), сите наведени општини на 1.07.1998 година склучиле Спогодба во која се спогодиле за следново:- прво, општините кои произлегле од општина Битола
не се заинтересирани за користење на услугите што ги вршат ЈП
“Комуналец”, “Нискоградба” и “Пазар”, затоа што и досега тие не
ги користеле нивните услуги (инаку, изнесувањето, депонирањето
и преработката на отпадоци е дејност на ЈП “Комуналец “),- второ, само Општините Бистрица, Кукуречани,
Мопила и Новаци се согласни ЈП ” Водовод” од Битола да врши
снабдување со вода за пиење и обработка и испорака на
технолошка вода и за овие општини, – трето, цените се исти за сите општини,- четврто. четирите општини назначуваат по еден член
во управниот одбор на ЈП “Водовод”.Спогодбата е потпишана од сите градоначалници, освен од Бистрица и Новаци, но советите на овие општини неспорно донеле одлуки на 24.06.1998 година за склучување на ваква спогодба.Конечно, во оспорената одлука не може да се види, а и Владата во својот одговор не објаснува зошто смета дека не постои меѓусебна општинска спогодба како законски основ за нејзината одлука, ниту објаснува зошто сметала дека во овие општини не се вршат комуналните дејности што таа со одлуката ги презема.5. Според член 115 став 1 од Уставот во единиците на локалната самоуправа граѓаните непосредно и преку претставници учествуваат во одлучувањето за прашања од локално значење особено во определени области, меѓу кои и во комуналните дејности. Согласно став 2 на овој член од Уставот, општината е самостојна во вршењето на надлежности утврдени со Уставот и закон, а надзорот врз законитоста на нејзината работа го врши Републиката.Според член 8 став 1 од Законот за уредување на односите помеѓу новите единици на локалната самоуправа и единиците на локалната самоуправа од кои произлегуваат3 (” Службен весник на РМ” бр.59/96) е лредвидено дека “јавните комунални претпријатија кои до денот на влегувањето во сила на овој закон имаат статус на олштински комунални претпријптија прераснуваат во јавни комунални претпријатија за територијата на сите новоосновани општини и општината од која произлегле”.Потоа, во член 9 од Законот се утврдува рокот од 3 месеци за склучување на спогодби помеѓу општините за статусот, работата и односите во јавните комунални, но и во други јавни претпритијатија. Според член 10 од овој закон, доколку такви спогодби не се склучат, Владата ќе ја преземе грижата за вршењето на дејностите на јавните претпријатија (комунални и други), а осоОено именувањето и разрешувањето на нивните органи на управување и раководење.Во член 16 од Законот за комуналните дејности (“Службен весник на РМ” бр.45/97) е предвидено дека заради организирање и квалитетно вршење на комуналните дејности и стопанисување со објекти на комуналната инфраструктура кои се протегаат или служат за давање на комунални услуги на корисници на подрачјето на две или повеќе општини, општините. односно градот Скопје, со меѓусебни спогодби на начин утврден со закон може да основаат меѓуопштинско јавно претпријатие, доколку на нивното подрачје не постои друго јавно претпријатие за вршење на истата комунална дејност.Според член 40 од овој закон , кој инаку е основот на оспорената одлука, доколку општините, односно градот Скопје во рок определен со закон не ја склучат меѓусебната спогодба од член 16 на овој закон или не обезбедат вршење на комунални дејности, Владата на Република Македонија ќе ја преземе грижата за вршење на комуналните дејности од член 3 точка 1, 2, 3, 4, 6 и 7 (овде се вклучени дејностите од одлуката) на товар на буџетот на единицата на локалната самоуправа, на начин утврден со овој и друг закон.
6. Врз основа на изнесената фактичка и правна состојба, Судот оцени дека е неспорно дека општината Битола и општините кои произлегле од неа склучиле меѓусебна спогодба врз основа на член 9 од Законот за уредување на односите помеѓу новите единици на локалната самоуправа и единиците на локалната самоуправа од кои произлегуваат и ги уредиле меѓусебните односи во поглед на користењето на услугите на постојните к омунални претпријатија. При тоа, иако дел од новите општини со таа спогодба изречно одбиваат постојните јавни претпријатија да вршат комунални услуги и на нивната територија,не може да се смета дека не е склучена спогодба во смисла на законот. Неприфаќањето на некои општини постојните јавни претпријатија да ја вршат дејноста и на нивната територија. пак. потпаѓа под самостојноста на општините и во сферата на задоволувањето на комуналните потреби. Оттука, според мислењето на Судот не е исполнет првиот законски услов за донесување на оспорената одлука, имено непостоење на спогодба помеѓу општините.Исто така, во одлуката, ниту во одговорот на Владата, не се докажува постоењето ниту на другиот основ -невршење на комуналните дејности во овие општини. Напротив, во иницијативите се укажува на тоа дека комуналните дејности што со оспорената одлука се преземаат, непречоно и континуирано се вршат во сите општини и во тој поглед интересите на граѓаните воопшто не се доведени во прашање. што е резултат и на спогодбата на општините. Според тоа, за Судот не постојат причини да смета дека е исполнет и вториот законски услов за донесување на оспорената одлука.Притоа, Судот оцени дека со ваквиот начин на преземање на вршењето на комуналните дејности во означените општини од страна на Владата на РМ. непосредно се завлегува во прашања од надлежност на општината и се доведува во прашање нејзината самостојност гарантирана со член 115 од Уставот на Република Македонија. поради што Судот смета дека оспорената одлука не е во согласност и со Уставот на Република Македонија.
7.Врз основа на изнесеното Судот одлучи како во
точката 1 од оваа одлука.
8.Оваа одлука Судот ја донесе со мнозинство гласови во состав од претседателот на Судот д-р Тодор Џунов и судиите Бахри Исљами, д-р Никола Крлески, Олга Лазова, д-р Стојмен Михајловски, д -р Милан Недков, д-р Јован Проевски, Бесим
Селими и д-р Јосиф Талевски.
У.бр.215/2000
9 мај 2001 година
С к о п ј е