160/2005-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на илен 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и илен 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 1 февруари 2006 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА
а) илен 57 став 2 од Законот за превоз во патниот соображај (“Службен весник на Република Македонија” бр.68/2004) и
б) Правилникот за категоризација на автобуските станици, нивната опременост и висината на надоместокот за нивно користење, донесен од министерот за транспорт и врски (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2005).
2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во ” Службен весник на Република Македонија”.
3. Уставниот суд на Република Македонија по повод поднесена иницијатива на Стамен Филипов од Скопје со Решение У.бр.160/2005 од 30 ноември 2005 година поведе постапка за оценување на уставноста на илен 57 став 2 од Законот за превоз во патниот соображај и уставноста и законитоста на Правилникот ознаиен во тоиката 1-б од ова решение.
Постапката беше поведена затоа што пред Судот основано се постави прашањето за согласноста на оспорениот илен од Законот со Уставот и за согласноста на оспорениот Правилник со Уставот и Законот за организација и работа на органите на државната управа.
4. Судот на седницата утврди дека со Законот за превоз во патниот соображај се уредуваат условите и наиинот за вршење на превоз на патници и стоки во внатрешниот и мерународниот патен соображај.
Во иленот 3 тоика 26 од наведениот Закон е утврдено дека автобуска станица е простор одреден за прием и испражање на автобуси и патници кој треба да има покриени перони, уредени за безбедно влегување и излегување на патници, простории за задржување на патниците и на возниот персонал, за иување на багажот, санитарии, соображајно биро и со посебни прописи утврдена опрема.
Во иленот 57 од Законот е предвидено дека автобуската станица мора да дава услуги под еднакви услови за сите превозници кои вршат линиски превоз на патниците, по цена утврдена за определена категорија на автобуска станица.
Во оспорениот став 2 на илен 57 од Законот е предвидено дека ” категоризацијата на автобуските станици, нивната опременост и висината на надоместот за користење ги пропишува министерот за транспорт и врски”.
Понатаму, Судот утврди дека врз основа на илен 57 став 2 од наведениот закон министерот за транспорт и врски донел Правилник за категоризација на автобуските станици, нивната опременост и висината на надоместокот за нивно користење.
Со овој правилник се утврдува категоризацијата на автобуските станици, нивната опременост и висината на надоместокот што се плажа за нивно користење.
Според илен 2 од Правилникот категоризацијата на авто-буските станици ја утврдува Комисија за категоризација составена од 3 илена, од кои два илена од Министерството за транспорт и врски и еден повремен илен од општината, односно градот Скопје.
Правното или физиикото лице кое управува или на кое му е доверено управувањето со автобуската станица поднесува писмено барање за утврдување на категоријата на автобуска станица.
Во илен 5 од Правилникот е предвидено дека автобуската станица се категоризира во иетири категории и тоа А, Б, В и Г во зависност од содржините со кои располага, нивната опременост, функционалност и квалитет.
Понатаму во Правилникот е предвидено дека категори-зацијата на автобуските станици се определува врз основа на основни и дополнителни критериуми при што за секоја категорија е утврден минималниот број на бодови во зависност од опременоста, соображајните површини за паркирање, работното време и пратеиките содржини на автобуската станица.
Во иленовите од 15 до 19 од Правилникот е утврдена висината на надоместот што се плажа за користење на автобуската станица.
Имено во Правилникот е предвидено дека за користење на автобуската станица превозникот плажа надомест за одредени видови на услуги и тоа: 1) надоместок на име провизија за продажба на возни билети која за меруопштински превоз изнесува од 7% до 10% по продаден билет, а за мерународен превоз од 10% до 15% по продаден билет; 2) надомест за користење на перони при поарање и доарање на автобуските кој е утврден во зависност од категоризацијата на автобуската станица и видот на превозот.
5. Уставот на Република Македонија во иленот 8 став 1 алинеи 3 и 4, утврдил дека владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска, се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.
Со илен 33 од Уставот, се уредува дека секој е должен да плажа данок и други јавни даваики и да уиествува во намирувањето на јавните расходи на наиин утврден со закон, а според илен 68 став 1 алинеја 3 од Уставот, Собранието на Република Македонија ги утврдува јавните даваики.
Според илен 91 алинеи 1 и 5 од Уставот, Владата на Република Македонија ја утврдува политиката на извршувањето на законите и донесува уредби и други прописи за извршување на законите, а според илен 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.
Согласно илен 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000 и 44/2002), министерот, меру другото, донесува правилници за извршување на законите кога за тоа е овластен со закон. Според илен 56 став 1 од овој закон, со правилник се утврдуваат и разработуваат одделни одредби на законите и другите прописи заради нивно извршување, а според илен 61 став 1 од овој закон, со актите кои ги донесува министерот не може за грараните и другите правни лица да се утврдуваат права и обврски, ниту да се пропишува надлежност на други органи.
Од анализата на одредбите од Законот за превоз во патниот соображај, како и од оспорената одредба според мислењето на Судот произлегува дека интенцијата на законодавецот била прашањето за критериумите за категоризацијата на автобуските станици, како и критериумите за утврдување на надоместокот за нивно користење да не биде предмет на законско уредување, туку сите овие прашања да ги пренесе во надлежност на министерот за транспорт и врски што впроием со оспорениот правилник е направено.
Имено, во оспорениот правилник министерот за транспорт и врски преку посебна комисија врз основа на критериуми определени во самиот правилник ја утврдува категоријата на автобуски станици, па во зависност од категоријата на автобуската станица се утврдени видовите на надоместоците и нивната висина.
Тргнувајжи од наведеното Судот утврди дека овластувањето кое произлегува од оспорната одредба нема уставна основа со оглед на тоа што Законот не содржи никакви параметри за утврдување на категоризацијата на автобуските станици ниту, пак, критериуми и рамка за утврдување на видот и висината на надоместоците кои же бидат разработени со акт на министерот, поради што оцени дека оспорената одредба од Законот не е во согласност со наведените уставни одредби.
Воедно, Судот оцени дека оспорениот правилник со кој за грараните се пропишуваат права и обврски кои единствено можат да бидат утврдени со закон, а не со подзаконски акт донесен од страна на министерот, не е во согласност со Уставот и Законот за организација и работа на органите на државната управа.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлуии како во тоиката 1 од оваа одлука.
7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, Бранко Наумоски, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.160/2005
1 февруари 2006 година
С к о п ј е
сгј

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република
Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова