125/2007-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и членот 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 9 јануари 2008 година, донесе

О Д Л У К А

Текст

1. СЕ УКИНУВА членот 14 став 1 точка г) во делот

2. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.

3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод иницијатива на Стамен Филипов од Скопје со Решение У.бр. 125/2007 од 21 ноември 2007 година, поведе постапка за оценување на уставноста на дел од членот 14 став 1 точка г) од Законот означен во точката 1 од оваа одлука, бидејќи основано се постави прашањето за неговата согласност со членот 8 став 1 алинеја 3 и членот 14 став 1 од Уставот на Република Македонија.

4. Судот на седницата утврди дека, с поред член 14 став 1 од Законот за нотаријатот, слу ж бата на нотарот престанува:
а) со смрт;
б) со исполнување на условите за старосна пензија, согласно со закон;
в) по негово барање;
г) ако е осуден со правосилна судска одлука за кривично дело од користољубие, за кое се гони по службена должност, или ако е осуден на безусловна казна затвор над шест месеца или ако му е изречена забрана за вршење на с лужбата;
д) ако без оправдани причини не започне со работа во рок од три месеца од денот на објавувањето на неговото именување во “Службен весник на Република Македонија” и
ѓ) со разрешување.

Одредбата се оспорува во делот: „ако е осуден со правосилна судска одлука за кривично дело од користољубие, за кое се гони по службена должност, или„ од членот 14 став 1 точка г) од Законот.

5. Според член от 8 став 1 алинеи 3 и 4 од Уставот, владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска се едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Македонија.

Согласно членот 9 став 2 од Уставот, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.

Според членот 13 став 1 од Уставот, лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука, а според член 14 став 1 од Уставот, никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.

Согласно членот 51 од Уставот, во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Според членот 54 став 1 од Уставот, слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот, а според став 3 на истиот член, ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.

Со Амандманот XXV на Уставот се заменува членот 98 од Уставот на Република Македонија. Според наведениот Амандман, судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Забранети се вонредни судови. Видовите, надлежноста, основањето, укинувањето, организацијата и составот на судовите, како и постапката пред нив се уредуваат со закон, што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Со одредбите од Законот за нотаријатот се уредува, меѓу другото, постапката за именување и разрешување на нотарите, нивниот делокруг на работа и овластувања, составување на нотарски исправи и постапувањето со нив и друго. Притоа, нотаријатот е самостојна, независна јавна служба во која се вршат работи од видот на јавни овластувања врз основа на закон по барање на граѓаните, државните органи, правните лица и други заинтересирани институции.

Законот во главата III. „Именување и разрешување на нотарите“ во членот 14 посебно ги уредил причините за престанување на службата на нотарот, помеѓу кои спаѓа и престанокот на службата поради осуда со правосилна судска одлука за кривично дело од користољубие, за кое се гони по службена должност.

Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/96, 80/99, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 60/2006 и 73/2006) во Главата триесетта со наслов: „Кривични дела против службената должност“ ги содржи поголемиот дел на така наречните кривични дела сторени од користољубие, за кои е предвидено гонење по службена должност.

Според Судот, со споменатиот дел од одредбата од Законот се пропишува правна последица од осуда за кривично дело што се состои во губење на веќе стекнато право на вршење на службата нотар, поради осуда за кривично дело од користољубие, но независно од неговата природа или тежина и без оглед на видот и висината на изречената казна.

Во таа смисла, ваквата законска формулација која преставува основ за престанок на нотарската служба, не е во согласност со Уставот од причина што престанокот на нотарската служба може да биде предвидена како правна последица само за осуденост за конкретно дефинирани кривични дела за кои на сторителот со правосилна судска пресуда му е изречена казна затвор.

Меѓутоа, во оспорената одредба од Законот не е наведен видот на кривичната санкција која во конкретен случај би претставува ла основ за престанување на нотарската служба. Напротив, ако се има предвид предви-деноста на казната за секое од кривичните дела содржани во Главата триесета со наслов Кривични дела против службената должност од Кривичниот законик, произлегува дека на сторителот можат да му бидат изречени парична казна, условна осуда или казна затвор од што про и злегува дека осудата со која било кривична казна е основ за престанок на службата на нотарот. Ваквата непрецизност на оспорената одредба може да доведе до ситуација ос удата за кривично дело кое нема никаква врска со натамошното вршење на нотарската служба да биде основ за престанок на службата.

Тргнувајќи од наведените причини, според Судот формулацијата на наведената законска одредба е недоволно прецизна и јасна и како таква не обезбедува правна сигурност на граѓаните, како еден од елементите на принципот на владеењето на правото гарантиран со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

Покрај тоа, недефинирањето на видот и висината на казната што би имал о како последица престанок на нотарската служба, го повредува и принципот на легалитет од член 14 став 1 од Уставот, со тоа што овозможува лицето да трпи последица од стореното дело за недефинирана казна и тоа автоматски по сила на закон, а не врз основа на правосилна судска одлука, поради што оспорената одредба не е во согласнот и во однос на оваа уставна одредба.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.

7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот д-р Трендафил Ивановски и судиите: Лилјана Ингилизова-Ристова, Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.125/2007
9 јануари 2008 година
С к о п ј е
мл

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
д-р Трендафил Ивановски