м-р Фатмир Скендер
Судија
Кратка биографија
Фатмир Скендер е роден 1966 година во Дебар. По националност е Tурчин, со место на живеење во с. Мал Папрадник.
Образование
- Основно училиште завршил во „Моша Пијаде“ во Центар Жупа, средно училиште во гимназијата „Здравко Чочковски” во Дебар.
- 1992 година се стекнува со звање дипломиран правник на Правен факултет „Јустинијан I” при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
- 2001 година положил правосуден испит.
- 2017 година магистрира од областа на деловното право на тема: “Минимална старосна граница за вработување на младите„ на Универзитетот „Американ Колеџ- УАКС” во Скопје.
Работно искуство
- На 01 септември 1992 година се вработува во Републичкатa геодетска управа
- Скопје во одделението за премер и катастар во Дебар, како советник за запишување на правата на недвижностите.
- Од 1 јануари 2001 до 15 мај 2005 година ја врши функцијата Секретар на општина Центар Жупа.
- Од 2006 до 31 август 2007 година работи како раководител на Одделението за премер и катастар во Дебар.
- Од 01 септември 2007 до 23 април 2008 година работи како адвокат.
- Од 24 април 2008 година до 31 декември 2013 година работи како раководител на одделението за правни работи во општина Центар Жупа.
- Од 2005 до 2007 година е избран за заменик-претседател на ОИК во Центар Жупа.
- Од 2011 година до февруари 2013 година е претседател на ОИК Центар Жупа.
- Од 01 јануари 2014 година до октомври 2022 година работи како граѓански судија во Апелационен суд Скопје.
Други активности
Учество во теми и расправи:
- Закон за Катастар на недвижности;
- Закон за премер и катастар на недвижностите;
- Закон за територијална поделба;
- Закон за јазиците;
- Закон за локалната самоуправа;
- Закон за јавни набавки;
- Закон за градежно земјиште;
- Закон за легализација на бесправно изгрдени објекти;
- Закон за домување;
- Закон за даноци на имот;
- Закон за третирање на цврстиот отпад;
- Закон за родова еднаквост;
- Законот за Општа управна постапка и други закони поврзани со работењето на локалната самоуправа;
- Закон за судовите;
- Закон за парничната постапка;
- Закон за меѓународно-приватно право;
- Закон за недискриминација;
- Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда;
- Закон за надомест на штети;
- Бракоразводна парница;
- Постапки пред Европскиот суд за човекови права.
Обуки
- Во јуни 2007 година, учествувал на 5 дневна школа за обучувачи на правници кои ќе учествуваат во постапката на излагање на податоците на недвижности со запишување на правата на недвижностите, организирана од Државниот Завод за Геодетски работи Скопје, во соработка со Шведски експерти.
- Учествува во семинари организирани од ЗЕЛС и меѓународни експерти поврзани со носењето и примената на Законот за територијална организација.