м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева


м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева

Судија

Лични податоци


м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева е родена на 27.07.1973 година во Скопје. По националност е Македонка.

Образование


  • Дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
  • Магистер на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје од областа на граѓанското право.
  • Положен правосуден испит во 2018 година.

Работно искуство


  • Од октомври 1998 до август 2001 работи во Министерството за финансии во областа на јавните набавки, меѓународните финансии и реформата на јавната администрација. Раководи со меѓуресорското тело задолжено за координација на реформите во оваа област (Единица за реформа на јавната администрација).
  • Од август 2001 година до јануари 2006 година работи во Министерството за правда како државен советник за реформа на јавната администрација и раководител на одделението за стратешко планирање.
  • Од јануари 2006 година до август 2007 година работи како национален експерт за имотно-правни односи и обучувач во Проектната единица задолжена за спроведување на проектот „Зајакнување на институционалните капацитети на Државниот завод за геодетски работи во Македонија 2005- 2008“ (“Strengthening institutional capacities of the State Bureau of Geodetic Operations in Macedonia 2005-2008“), финансиран од СИДА (Sida-Swedish International Development Cooperation Agency) и имплементиран од шведската државна агенција за катастар на недвижности (Swedesurvey AB, the Overseas Agency for Lantmateriet, the National Land Survey of Sweden), комплементарен проект на Проектот за реформа на катастарот на недвижности, финансиран со кредит на Светска банка.
  • Од август 2007 година до јули 2009 година работи во Агенцијата за катастар на недвижности како државен советник за правни работи и советник на директорот за стратешко планирање.
  • Од јули 2009 година до октомври 2013 година работи во Државниот завод за ревизија каде што е избрана за прв генерален секретар на оваа институција (април 2011 до јуни 2013 година).
  • Од октомври 2013 година до јули 2019 година работи во Министерството за здравство како државен советник.
  • Од јули 2019 година до септември 2020 година повторно работи во Министерството за правда како државен советник за ЕУ интеграции. Како претседател на Работната група за Поглавје 23, правосудство и фундаментални права учествува во работата на Поткомитетот за правда и внатрешни работи помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација. Како претставник на Министерството за правда е член и проектен координатор на Управувачкиот комитет на ИПА Проектот „Поддршка на реформите во правосудниот сектор“ („Support to the justice sector reform“). Исто така, како претседател на работна група го следи на оперативно ниво спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022).
  • Од септември 2020 година до јануари 2022 година работи во Министерството за здравство како посебен советник за правни прашања.
  • Од 17 јануари 2022 до октомври 2022 година работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство.

На 28.10.2022 година е избрана за судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Други активности


Учество во работни групи:

  • Закон за државни службеници;
  • Законот за организација и работа на органите на државната управа;
  • Законот за Владата на Република Македонија; измени и дополнувања на Законот за премер, катастар и запишување на правата на недвижностите во 2006 година и последователни подзаконските акти;
  • Закон за катастар на недвижностите донесен во 2008 година и подзаконските прописи донесени врз основа на овој Закон;
  • Закон за еднаквост меѓу половите, закони и подзаконски прописи од областа на здравството(прв закон од оваа област);
  • Закон за здравствената заштита;
  • Закон за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина;
  • Закон за комплементарна и алтернативна медицина, измени и дополнувања на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување (прв закон од оваа област);
  • Закон за лековите и медицинските помагала;
  • Закон за опојни дроги и психотропни супстанции;
  • Закон за слободни здравствени зони;
  • Закон за вештачење;
  • Закон за заштита на личните податоци.
  • Посетувала повеќе меѓународни обуки и остварила студиски посети на Centre of Registers, институција за запишување на права на недвижностите и катастар на Литванија; Геодетската управа на Словенија, KADASTER, катастарот на Кралството Холандија и на Lantmateriet, the National Land Survey of Sweden, катастарот на Шведска и врховната ревизорска институција на Холандија (Netherlands Court of Audit).
  • Во текот на 2006 до 2007 година како обучувач спровела обуки и семинари на постојните и нововработените членови на комисиите за излагање на јавен увид на податоците во процесот на воспоставување на катастарот на недвижности и на приватните геодети за правни прашања поврзани со востановување на катастарот на недвижности, регистрација и пренос на правата на недвижности, како и за запознавање со законските и подзаконските измени и дополнувања од 2005 година и работните процедури во процесот на воспоставување на катастар на недвижности (вкупно 1200 катастарски службеници).
  • Во текот на 2008 за новиот Закон за катастар на недвижности и подзаконските акти учествувала во спроведување на вкупно 15 еднодневни семинари за подрачните одделенија за катастар на недвижности (вкупно 369 катастарски службеници) и два еднодневни семинари за Центарот за катастар на недвижности-Скопје (вкупно 150 катастарски службеници).
  • Во 2013 година Анкара, Турција, како обучувач учествувала во спроведување на првата меѓународна обука за модератори за IntoSAINT инструментот за Врховните ревизорски институции во регионот ЕУРОСАИ, на која имало 16 учесници (8 учесници од Турција, по 2 од Албанија, Естонија и Полска и по 1 од Унгарија и Швајцарија).
  • Како национален експерт ангажиран од ОДИХР (Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права) спроведува сеопфатна евалуација на процесот на донесување и имплементација на законите и подзаконските акти во нашата држава и учествува во изготвувањето на извештајот презентиран во 2008 година пред министерот за правда и други високи владини претставници.
  • Учествува во развивање на Центарот за обука како внатрешна организациона единица на Државниот завод за геодетски работи (сегашна Агенција за катастар на недвижностите) и
    интензивно спроведува обуки на нивните вработени.
  • Спроведува прва самопроценка на ранливостите и зрелоста на контролите за интегритет на Државниот завод за ревизија како модератор за IntoSAINT инструментот обучен од страна на Холандскиот суд за ревизија за проценка и зајакнување на интегритетот на Врховните ревизорски институции, насочено кон спречување на корупцијата во Врховните ревизорски институции со крајна цел анализа на ризиците за нивниот интегритет, проценка на нивото на зрелост на нивните системи за управување со интегритет и дизајнирање на политика за интегритет прилагодена во исто време да ја зголеми свеста за интегритетот на вработените.
  • Учествува во осмислување и имплементација на правната рамка за БПО со гестациски носител (т.н. „сурогат мајчинство“).
  • Членува во Кризниот штаб при Министерството за правда кој изготвува уредби со законска сила за време на вонредна и кризна состојба.
  • Членува во Националната техничка работната група за Ковид-19 вакцинација и е одговорно лице за изготвување на правната рамка која имаше за цел правно да ги регулира превентивните мерки против Ковид-19.

Вештини


Поседува високо ниво на вештини и искуство во водење на преговори и професионална комуникација со странски и домашни институции и експерти и активно го користи англискиот јазик.