-
У.бр.32/2022
СЕ УКИНУВА член 9 став 6 во делот „и лицата ангажирани врз основа на договор за дело и/или авторски договор” од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување
-
У.бр.109/2022
СЕ УКИНУВААТ член 152 став 1 точка 2) во делот „став (4)”, член 154 став 1 точка 2) во делот „став (4)”, член 156 став 1 точка 8) во делот „став (4)” и член 158 став 1 точка 4) во делот „став (4)” од Законот за градење
-
У.бр.117/2019
СЕ УВАЖУВА барањето на лицето Фатмир Мемедов од Скопје, застапуван од Кети Јандријеска Јованова, адвокат од Скопје, за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓанинот по основ на национална припадност и СЕ УТВРДУВА…
-
У.бр.137/2021
СЕ ОДБИВА барањето на Живко Јаќимовски од Скопје за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на слободата на уверувањето и совеста, како и заштита на правото на забрана на дискриминација повредени со Решение на Основниот суд Куманово и…
-
У.бр.9/2023
СЕ ОДБИВА барањето на Валентина Тошиќ Мишевска, адвокат од Куманово, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на заштита на слободата на мислата и јавното изразување на мислата
-
У.бр.319/2020
СЕ ОДБИВА барањето на Дејан Владев, поднесено преку адвокатот Гоце Тасков, двајцата од Свети Николе, за заштита на слободата на мислата и јавното изразување на мислата, во смисла на член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија
-
У.бр.84/2022
СЕ ОДБИВА барањето од Марјана Крстева од Скопје за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност, за која смета дека е повредена со Пресудата на Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата на…
-
У.бр.114/2022-1
СЕ УКИНУВА член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија
-
У.бр.23/2022
СЕ УКИНУВА Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за градска четврт 3 04 блок 04.05. – Општина Карпош, донесена од Советот на Општина Карпош и СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката
-
У.бр.20/2022
СЕ УКИНУВААТ: член 31 став 3 во делот „член 30“; член 59 во делот „Министерство за стопанство“ и член 72 ставови 1 и 2 од Законот за заштита од експлозивни материи
-
У.бр.113/2022-1
СЕ УКИНУВААТ член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.97/2010) и член 1 од Законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија
-
У.бр.82/2022
СЕ ПОНИШТУВААТ: Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување и планирање на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граница на градежен реон на град Куманово, донесена од Советот на Општина Куманово и Заклучокот за објавување на означената одлука донесен од градоначалникот на Општина Куманово