Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 5-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 06.02.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 5-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 06.02.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. – член 6 став 1 точка 1 од Законот за денационализација („Службен
Весник на Република Македонија“ бр.20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007,
20/2007, 14/2009, 20/2009 и 72/2010 и 171/2010), и
– Актот бр.1492, донесен на 3 октомври 1946 од страна на Комисијата за
аграрна реформа и колонизација на Владата на Федеративна Народна Република
Југославија.
Реферат У.бр.28/2012

2. Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република
Македонија“ бр.43/2012 и 145/2012) и тоа: член 1 во делот: „загарантираните
права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на
здравствената заштита“; член 12 став 2 во делот: „што се врши како јавна
служба“; член 13 став 2; член 167 став 2 во делот: „и со друг пропис“; член 204
алинеја 4; член 219 став 2 во делот: „или акт“ и став 6; член 229 став 21;
член 230 став 25 и став 26 алинеја 3; член 279 став 4; член 285 став 2;
насловот: „должности на директорот за време на штрајк“, член 287 и член 308
став 1 точка 15.
Реферат У.бр.59/2012

3. Решение за наплата на трошоци при укажување помош (асистенција) од
страна на Министерството за внатрешни работи, број 121-60052/1 од 1 август
2011 година, донесено од министерот за внатрешни работи (“Службен весник на
Република Македонија” број 108/2011).
Реферат У.бр.168/2011

4. Член 2 став 1 од Одлуката за изменување на Одлуката за одржување на
јавна чистота и утврдување надоместок за одржувањето на јавната чистота, бр.
07-3360/42, донесена од Советот на општина Охрид на 29 декември 2010 година
(„Службен гласник на општина Охрид“ бр. 15/2010).
Реферат У.бр.155/2012