Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 03.04.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 03.04.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 77 став 3, во делот: „државните службеници кои во текот на
годината биле отсутни од работа подолго од шест месеци (боледување, неплатено
отсуство и слично), како и”, од Законот за државните службеници („Службен
весник на РМ“ бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002,
17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/ 2004, 69/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007,
161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012 и 24/2012).
Реферат У.бр.192/2012

2. – Одлуката број 07-1210/7 од 27.09.2012 год., донесена од Советот на
општина Дојран;
– Одлуката број 07-1210/8 од 27.09.2012 год., донесена од Советот на
општина Дојран и
– Одлуката број 07-1210/9 од 27.09.2012 год., донесена од Советот на
општина Дојран
Реферат У.бр.184/2012

3. Одлука за донесување на Деталниот урбанистички план за дел од УЕ 3
Блок 2, локалитет АСНОМ, универзитетски центар КО Кочани, општина Кочани, бр.
07-1053/1 од 06.04.2012 година, донесена од Советот на општина Кочани („Службен
гласник на општина Кочани“ бр.4 од06.04.2012 година).
Реферат У.бр.12/2013

4. Правно мислење во врска со постапките за извршување на извршни
наслови за присилно изречени казни или надоместоци на штета за сторени
кривични дела од Главата 18 Кривични дела против честа и угледот од Кривичниот
Законик, донесено од Комората на извршители на Република Македонија,бр.18-1
од 4 јануари 2013 година.
Реферат У.бр.28/2013