Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 23-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 11.09.2013

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 23-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 11.09.2013

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. – член 176 во делот: “како и програмата за начинот и обемот на вршење
на работите и задачите кои е неопходно да се извршуваат за времето на
штрајкот“, член 191 и член 193 од Колективниот договор на Министерството за
внатрешни работи склучен меѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот
полициски синдикат („Службен весник на Република Македонија“ бр.126/2010).
Реферат У.бр.34/2012

2. Член 60 став 3 точка 1; член 96 став 8; член 218 став 3; член 223
став 4; член 231 став 8; член 241 став 5 точка 6; член 295 став 4 точка 2, и
член 298 став 1 точка 4 од Законот за здравствената заштита („Службен весник на
Република Македонија“ бр.43/2012, 145/2012 и 87/2013)
Реферат У.бр.69/2012

3. – член 42 од Законот за извршување на санкциите (“Службен весник на
Република Македонија” број 2/2006 и 57/2010);
– Правилник за распоредување, класификација и разместување на осудените
лица во казнено-поправните установи, број 01-4692/1 од 6
декември 2011 година, донесен од министерот за правда (“Службен весник
на Република Македонија” број 173/2011), посебно членот 3 алинеја
9 во делот: “дали против осуденото лице се води друга постапка” и
– Правилник за начинот на користење на погодности на осудени лица, број
01-4691/1 од 6 декември 2011 година, донесен од Министерот за
правда. (“Службен весник на Република Македонија” број 173/2011).
Реферат У.бр.61/2013

4. – член 228 став 3 од Законот за пензиското и инвалидското
осигурување (“Службен весник на Република Македонија” број 98/2012, 166/2012 и
15/2013)
Реферат У.бр.68/2013

5. Листа за определување на имиња на улици,плоштади,мостови и други
инфраструктурни објекти на територијата на општина Гостивар, бр
07-1430/1 донесена од Советот на општина Гостивар на 17.08.2012 година
(„Службен гласник на општина Гостивар“ бр.9/2012).
Реферат У.бр.145/2012

6. – член 53 ставовите 1 и 2, член 54 и член 66 од Правилата за снабдување со
топлинска енергија (”Службен весник на Република Македонија”
број 97/2012)
Реферат У.бр.197/2012

7. Одлука за донесување на измена и дополнување на дел од Детален
урбанистички план Населба „Хром“ – УБ 24 Ѓорче Петров, донесена од
Советот на општина Ѓорче Петров на 11 март 2011 година бр.07-477/5
(„Службен гласник на општина Ѓорче Петров“ бр.3/2011)
Реферат У.бр.17/2013

8. Одлука за давање на право на трајно користење на градежно земјиште
сопственост на Република Македонија на Општина Битола, донесена од
Владата на Република Македонија, број 41-6398/1 од 26 август 2012
година (“Службен весник на Република Македонија” број 107/2012)
Реферат У.бр.84/2013

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права
Реферат У.бр.83/2013