Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 39-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 22.12.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 39-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 22.12.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. – Член 22 од Законот за јавното обвинителство („Службен весник на
Република Македонија“ бр.150/2007 и 111/2008).
– Правилник за утврдување на начинот на оцена на работата на јавните обвинители
А.бр.50/2008, донесен од Советот на јавни обвинители на Република Македонија на
25 септември 2008 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2010).
(Реферат У.бр.84/2010)

2. Член 62 од Законот за извршување на санкциите („Службен весник на
Република Македонија“ бр.2/2006 и 57/2010).
(Реферат У.бр.125/2010)

3. Член 13 став 3 алинеја 3, член 17-д алинеја 3, член 27 став 2, член
49 во делот: „онолку слободни часови, односно денови, колку што бил ангажиран
за време на неделниот одмор или има право на“, член 51 став 2, член 81-г
алинеја 5 и член 81-д став 3 во делот: „или ако го одбие врачувањето“ од
Законот за државните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.
59/2000, 112/ 2000, 34/2001,
103/2001,43/2002,98/2002,17/2003, 40/2003, 85/2003,
17/2004,69/2004,81/2005,61/2006,36/2007,161/2008,6/2009,114/2009, 10/2010 и
35/2010).
(Реферат У.бр.168/2010)

4. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за IV Урбана
единица (месна заедница Воска), дел ЈУГ, Општина Охрид 2002-2007, бр.
07-1055/17, донесена од Советот на општина Охрид на 29 јули 2005 година
(„Службен гласник на општина Охрид“ бр.6/2005).
(Реферат У.бр.2/2010)

5. Членовите 3, 5, 6, 7, 8, 23, 26 и 28 од Одлуката за
јавните

паркиралишта од значење за градот Скопје, бр. 07-3395/1, донесена од Советот
на Град Скопје на 04.12. 2008 година и објавена во (“Службен гласник на
Град Скопје” бр.17/2008 од 10 декември 2008 година).
(Реферат У.бр.48/2010)

6. Насловот: „I Определување на висината на авансот во претходна
постапка“, поднасловот: „Основи за определување на висината на авансот за
покривање на трошоците во претходна постапка“ и член 2 од Правилникот за
награда и надоместок на реално потребните трошоци на стечајниот управник,
начинот на утврдување на нивна­та висина и определување на износот на авансот
за покривање на трошоците на претходна постапка, донесен од министерот за
економија на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.
119/2006).
(Реферат У.бр.176/2010)

7. Одлука со која не е усвоен престанок на мандатот на член на Советот
на општина Неготино, содржана во Записник бр.07-250/3 од 11 јуни 2010 година.
(Реферат У.бр.186/2010)