Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 36-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 12.11. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 36-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 12.11. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Членови 49 и 50 од Законот за образование на возрасните („Службен весник на
Република Македонија“ бр.7/2008).
(Дополнителен реферат У.бр.46/2008)

2. а) Делот: „се колнам” од член 50 став 1 од Законот за судовите
(„Службен весник на Република Македонија” бр.58/2006) и целината на наведената
одредба.
б) Законот за изменување на Законот за празниците на Република Македонија
(„Службен весник на Република Македонија” бр.18/2007).
(Реферат У.бр.52/2008)

3. Закон за кривичната постапка (Пречистен текст), („Службен весник на
Република Македонија“ бр.15/2005).
(Реферат У.бр.62/2008)

4. 1. Делот: „а ќе се применува од 1 Јануари 2007 година“ од членот 16 од
Законот за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за
водење на трговскиот регистар на други правни лица „Службен весник на Република
Македонија“ бр.13/2007),
2. Делот: „а ќе се применува од 1 јануари 2006 година“ од членот 6 од Законот
за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.33/2006) и
3. Делот: „а ќе се применува од 1 јануари 2003 година“ од членот 4 од Законот
за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка („Службен весник
на Република Македо­нија“ бр.51/2003)
(Реферат У.бр.145/2008)

5. Член 2 став 1 точка 4 aлинеја 11 во делот: „ГА-МА АД – Скопје за пренос на
природен гас“ од Одлуката за утврдување на индикативен список на договорни
страни („Службен весник на Република Македонија“ бр.159/2007) донесена од
Владата на Република Македонија.
(Реферат У.бр.133/2008)

6. Наредба, инт.бр.6037-1 од 4 ноември 1997 година, донесена од командантот на
Воената болница – Скопје.
(Реферат У.бр.189/2008)