Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 40-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 17.12. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 40-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 17.12. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 3 став 1 точка 3 од Законот за експропријација („Службен весник на
Република Македонија“ бр.33/1995, 20/1998, 40/ 1999 и 31/2003) и член 1 и 2 од
Законот за дополнување на Законот за експропријација („Службен весник на
Република Македо­нија“ бр.46/2005).
(Предлог за одлучување по одржана подготвителна седница по предметот У.бр.
200/2007)

2. Член 52 став 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање во деловите:
„утврдува дали барателот е единствен носител на правото на градба на
конкретната градежна парцела“ и „доколку органот што го донесува решението за
локациски услови утврди дека барателот не е единствен носител на правото на
градба на конкретната градежна парцела…., барателот се упатува да ги разреши
имотно правните односи“ од Законот за просторно и урбанистичко планирање
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2005 и 137/2007).
(Реферат У.бр.22/2008)

3. Член 173 став 1 во делот „односно управна“; член 174 во делот „односно
управна“; член 175 во делот „односно управна“; член 176 став 1 во делот
„односно управна“; член 176 став 2 во делот „односно управна“; член 176 став 3
во делот „односно управната“; член 176 став 4 во делот „односно управна“; член
176 став 5 во делот „односно управна“ и член 176 став 6 во делот „односно
управна“ од Законот за вонпарнична постапка („Службен весник на Република
Македонија“ бр.9/2008)
(Реферат У.бр.76/2008)

4. Член 65 од Законот за утврдување и наплата на јавните приходи („Службен
весник на Република Македонија“ бр.13/2001, 61/2002, 24/2003, 77/2003 и
19/2004).
(Реферат У.бр.94/2008)

5. Член 42 став 8 од Законот за прекршоците („Службен весник на Република
Македонија“ бр.62/2006).
(Реферат У.бр.110/2008)

6. Член 146 ставови 2 и 3, член 410-а, член 417-а и член 429-а од Законот за
парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005 и
110/2008).
(Реферат У.бр.188/2008)

7. Член 24-а во делот: „која е со место на живеење во општините во кои порастот
на природниот прираст е под 2,1 живородено дете по жена, а според податоците на
Државниот завод за статистика на Република Македонија, објавени за претходната
година од Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република
Македонија“ бр.25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005,
37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008 и 44/2008).
(Реферат У.бр.199/2008)

8. Член 62 став 1 точка 2 од Законот за шумите („Службен весник на Република
Македонија“ бр.47/1997, 7/2000, 89/2004, 54/ 2007 и 103/2008)
(Реферат У.бр.225/2008)

9. а) делот: „Башкими“ содржан во Уводот, насловот, членот 1, членот 7 став 1,
членот 10 и членот 140 од Статутот на Основното училиште „Башкими“-Гостивар
број 0101-33/1 од 6 февруари 2008 година,
б) Решението за давање согласност на Статутот на Основното училиште „Башкими“ –
Гостивар бр.10-7/6-1 од 29 февруари 2008 година, донесено од министерот за
образование и наука и
в) Заклучок за давање согласност бр.07-47/1 од 8 мај 2008 година на Советот на
општина Гостивар.
(Реферат У.бр.125/2008)

10. Постапката за трансформација на Јавната здравствена организација
Здравствена станица на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
– Програмата за спроведување на Законот за изменување и дополнување на Законот
за здравствена заштита бр. 07 од 19 јануари 2007 година;
– Решението за давање согласност бр.22-7538/5 од 23 јануари 2007 година,
донесено од министерот за здравство и
– Одлуката за донесување на Правилникот за измена и дополнување на Правилникот
за систематизација на работите односно работните задачи (работни места) на
Здравствената станица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
(Реферат У.бр.137/2008)

11. – Член 52 став 3 од Условите за снабдување со топлинска енергија на
подрачјето на град Скопје („Службен гласник на град Скопје“ бр.15/1998 и
9/2002) донесени од Советот на град Скопје.
– Член 33 став 1 во делот „при што за исклучениот простор се плаќа 50% од
надоместокот за просторот кога нормално се затоплува“ од Услови и тарифни
елементи на Топлификација АД – Скопје за испорака на топлинска енергија
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.56/2002) донесени од Управниот
одбор на Топлификација АД – Скопје.
(Реферат У.бр.148/2008)