Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 26-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 13.10.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 16 во целина, а посебно ставовите 3 и 4 од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/2007, 18/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013,39/2014, 130/2014, 1666/2014, 72/2015, 98/2015, 154/2015, 215/2015, 7/2016 и 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/2019)
Реферат У.бр.188/2020
Подносител: Јана Наумовска од Битола

2.-Член 4 став 5 во делот:„корисник” и
-член 8 став 1 точка 1 во делот: „користи” од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија” број 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 151/2021).
Реферат У.бр.245/2020
Подносител: Игорчо Точев од Кочани

3. Член 218-а) ставовите 2, 3 и 4 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 29/2014, 33/2015, 193/2015 и 71/216 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/2019 и 14/2020) и
– Решение за престанок на работниот однос со право на пензија за Димитриевски Владимир Живко, бр.04-5608/9 од 21.12.2020 година, – Решение на Државната комисија во втор степен, акт РО бр.0901-15 од 11.02.2021 година.
Реферат: У.бр. 44/2021
Подносител: Живко Димитриевски од Скопје

4. Упатството за начинот на користење на социјалните мрежи од страна на работниците во Министерството за внатрешни работи, бр.12.1-72212/1 од 6.12.2012 година потпишано од страна на министерката за внатрешни работи.
Реферат У.бр.21/2021, У.бр.23/2021 и У.бр.28/2021
Подносители: Тодор Грков, Мими Гркова и Орце Коцевски сите од Велес.

5. Одлука за донесување Детален урбанистички план Градска четврт J 07локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара број 07-4414/4 од 18.07.2014 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје, објавена во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје број 9/2014, во делот за КП 490/2, КП490, КП493, КП 496/3, КП 498, КП 502, сите на КО Центар 2, кои се наоѓаат на ул.Козара-Капиштец.
Реферат У.бр.80/2021
Подносител: Томе Симоновски од Скопје

6. Член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” број 58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010, 51/2011 и Службен весник на Република Северна Македонија” број 96/2019, 110/2019 и 154/2019).
Реферат У.бр.269/2020
Подносител: Светски Македонски Конгрес

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.66/2021
Подносители: Авдула Меметеј од Скопје, застапуван од Стојан Михајловски, адвокат од Скопје