Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 25-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 06.10.2021 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Aмандмани XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI од Уставот на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.6/2019).
Реферат У.бр.16/2021

Подносител: Васко Лазески од Кичево.

2. Член 2 од Законот за изменување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.185/2011).
Реферат У.бр.67/2021

Подносител: Игорчо Точев од Кочани.

3. Член 1 од Законот за изменување на Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.185/2011).
Реферат У.бр.68/2021

Подносител: Игорчо Точев од Кочани.

4. Член 19 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр.27/2016).
Реферат У.бр.83/2021

Подносител: Мите Богдановски од Куманово.

5. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Центар, за урбан модул „Старо Пазариште“ Крива Паланка, донесена од Советот на Општина Крива Паланка, заведена под број.07-596/9 од 28 јуни 2005 година („Службен гласник на Општина Куманово“ – План 2004-2009 година).
Реферат У.бр.244/2020

Подносител: Раде Давитковски од Крива Паланка.

II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.43/2021

Подносител: Жарко Ајдуковиќ од Скопје.