I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:
1. Член 3 став 1 во делот „управните и стручни“ од Законот за лековите и медицинските средства“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 1132018, 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.28/2021 и 122/2021).
Реферат У.бр.33/2020
Подносител: Игорчо Точев од Кочани.
2. Член 51 став 4 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.104/2019, 146/2019, 279/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021).
Реферат У.бр.276/2020
Подносител: Игорчо Точев од Кочани.
3. Член 130 став 3 од Законот за кривична постапка („Службен весник на Република Македонија” бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018).
Реферат У.бр.6/2021
Подносител: Бобан Богдановски, адвокат од Скопје.
4. Член 8 став 2 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 56/1999 и 43/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 21/2021).
Реферат У.бр.40/2021
Подносител: Гордана Богоевска од Скопје.
5. Член 163 став 1 од Законот за изменување и дололнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија” бр.302/2020).
Реферат У.бр.59/2021
Подносители: ПЗУ Поликлиника Кардиолаб Маџаров– Охрид, ПЗУ Поликлиника Натура Медика – Тетово, ПЗУ Ординација по општа медицина др. Драган – Куманово и ПЗУ Југо-фер медика – с. Черкези Куманово, застапувани од адвокат Александар Новакоски од Скопје.
6. Колективен договор на Министерството за одбрана склучен помеѓу Независниот синдикат на одбраната и Министерството за одбрана на 11 ноември 2019 година и објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 238 од 18 ноември 2019 година).
Реферат У.бр.166/2019
Подносител: Сашко Панчев, адвокат од Скопје
7. Членот 20 од Правилникот за начинот на спроведување на возачки испит и поблиските критериуми во однос на просторните услови и матреијално-тетничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар („Службен .весник на Република Македонија“бр.139/16).
Реферат У.бр.279/2020
Подносител: Сашо Хилјадников од Штип.
II. БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:
1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.52/2020
Подносител: Иса Нафи застапуван од Кети Јадријеска Јованова, адвокат од Скопје