Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 32-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 03.12.2020 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Закон за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр.159/2015)
Реферат У.бр.62/2018

2. Делот „2001“ од членот 4 став 2 од Законот за Агенција на Република Македонија за управување со средства („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/2001)
Реферат У.бр.38/2020

3. Член 247 став 2 и член 254 став 2 од Законот за семејството („Службен весник на Република Македонија“ број 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/2010, 156/2010, 39/2012, 44/2012, 38/2014,115/2014, 104/2015 и 150/2015)
Реферат У.бр.29/2020

4. Член 19 став 2 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014, 196/2015, 142/2016 и 140/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019)
Реферат У.бр.268/2020

5. Член 143 ставови 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017, 168/2018, 247/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2019 и 42/2020)
Реферат У.бр.13/2020

6. Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на град Скопје 2012-2022 за четврт Ј 03, донесена од Советот на Град Скопје бр.27-6443/1 од 18 јули 2018 година
Реферат У.бр.153/2019

7. Член 9 и член 10 од Правилникот за начинот на предавање на списи, книги, електронска евиденција и состојба на сметки од извршител чија должност престанала на именуваниот извршител, постапувањето по преземените предмети и правото на надомест на извршителот кој продолжува да постапува по предметите на извршителот, чија должност престанала, донесен на ден 30 октомври 2016 година под број 02-946/6
Реферат У.бр.58/2019